Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери

Кога пошироката јавност на социјални мрежи почнува масовно да хистеризира, губи фокус и па и малкуте аргументирани критики се губат во поплавата бес и логореа, тогаш е право време за текст за исклучително книжевно дело. Колку и да е чини залудно, самата атмосфера укажува на нужноста некогаш потполно арогантно да се игнорира какафониската бесмисленост. Во случајов, за доброто на некоја идна, се надевам, поумна јавност.
Идејата за прва квир лектира во македонското образование за учениците во средни училишта како идеја се појави на промоцијата на „Лето во кое те нема“ на Петар Андоновски.

Како некој кој се занимава со тоа и како дел од докторските истражувања, ја оставив, како и секоја фина идеја, да отстoи, се додека во текот на истражувањето не наидам на дело кое е вредно за да биде вклучено во листата лектири.
Не доволно добро.
Не дај боже информативно, но без книжевна вредност.
Кога станува збор за лектира, според мене, мора да биде ништо помалку од одлично.
И се појави.
Но за тоа малку подолу.

За почеток, за односот кон квир-литературата во средно образовние се обратив до министерствата за образование (или агенциите и соодветно сличните институции кои се одговорни за тоа) во скандинавските земји, Германија и Холандија.

Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери, па уморна од релативизирањето и држењето во доменот на здодевен комфор на „па види како ќе биде тоа прифатено“, па ајде да видиме „како е тоа решено во земјите од регионот“ решив да го напуштам регионот и да се обратам до оние образовни системи во европскиот круг на демократски земји кои кои пледираме.

Oд шведското министерство за образование кратко одговорија дека наставниците имаат целосна слобода да проценат каква литература ќе им дадат на учениците, на основа на курикулумот.
Во Норвешка професорите, исто така имат слобода во изборот на литература, но од таму потенцираа дека, согласно националната програма, учениците учат за различните сексуални ориентации и варијации во родовиот идентитет и родовиот израз.

Важно е образованието на училиштето, поврзано со сексуалноста, да помогне да се изградат правилни ставови кои промовираат еднаквост, толеранција и почит. – кратко одговорија од таму.
Сличен генерален одговор ни дадоа и од германскиот совет на Министри за образование и култура каде истакнаа дека „LGBT+ темата е рефлектирана и вклучена во училишните закони, образовните планови и рамковните наставни програми во сојузните држави.

„Училиштето како место на толеранција и космополитизам треба да им овозможи на младите да најдат сопствен идентитет и да се артикулираат слободно и без страв од дискриминација. Соочувајќи се со други идентитети, ставајќи се на нивно место учениците ја изоструваат свесноста за сопствениот идентитет. Притоа, тие учат дека различноста е општествена реалност и дека идентитетот на другите не претставува закана за сопствениот идентитет. Училишните книги се применуваат особено ако се во согласност со основните права што се применуваат на слободниот и демократски основен поредок, како што се почитување на човечкото достоинство, слободен развој на личноста, еднакви права на мажите и жените, слобода на верување и совест, принципи на владеењето на правото, имено барањето за еднаквост или законските регулативи“.

Oд Холандија ни одговорија дека таму има ЛГБТ+ литература за сите возрасти, како и дека Министерството за образование, кое „има многу отворен став кон ЛГБТИ литературата“ поддржува организации како www.queerboeken.nl – формирана со финансиска поддршка од Министерството за образование која промовира ЛГБТ+литература.
Од 2012 година, холандските основни и средни училишта се обврзани да ги едуцираат учениците за сексуална разновидност, како една од основните цели на образованието. На часови по јазик, учениците по сопствен избор избираат книги за читање.
Постојат многу книги со ЛГБТИ теми од кои можат да изберат. – потенцираа од таму.

Финската национална агенција за образование одговори дека во Финска, слично како Шведска, листите за литература ги прават самите професори, па „не може да се процени до кој степен квир-литературата е застапена на листите на литература, но темата е битна во контекст на основните вредности на образованието“ .

 

Но, дополнително ни испратија и листа на следниве дела препорачани од библиотеката во Хелсинки (Helsinki city library) за деца помеѓу 14 и 15 години:

Beggy Albertalli, Simon vs. Homo sapiens agenda

Meredith Russo, If I Was Your Girl 

Sarah Prager, Queer, There and Everywhere: 23 People Who Changed the World

Ни испатија и листа на квир-дела во рамки на Lukuklaani проектот (Читачки клан) проектот која се препорачува за деца помеѓу 13-15 години се препорачуваат следниве наслови:

Riina Mattila, Järistyksiä (’Earthquakes’ Finnish)

Beggy Albertalli, Simon vs. Homo sapiens agenda

Maiju Ristkari etc. Sukupuolena ihminen (’Human being as gender, Finnish, 2018)

Inti Chavez Perez, Respect: Everything a Guy Needs to Know About Sex, Love and Consent

Во високо-средно образовение (16-19 години) застапени се следниве квир наслови:

Marja Björk, Poika (’Boy’, in Finnish, 2013)

Pajtim Statovci, Kissani Jugoslavia / Bolla (’My cat Yugoslavia’ ’Bolla’ translated in English) 

Jeffery Eugenides, Middlesex (in English)

Johanna Sinisalo, Ennen päivänlaskua ei voi (’Not Before Sundown’ translated in English) 

Jonas Gardell, Älä koskaan pyyhi kyyneleitä paljain käsin (’Do not wipe tears with bare hands’) 

Pirkko Saisio, Punainen erokirja (’Red book of separation’, The Autobiographical Trilogy 3), Finnish, 2003)

Marja-Leena Parkkinen, Ulos kaapista (’Out of the closet´, Finnish, 2003)

Jenni Holma etc. Näkymätön sukupuoli (’Unseen gender’, Finnish, 2017)

Maiju Ristkari etc. Sukupuolena ihminen (’Human being as gender, Finnish, 2018)

По овој краток вовед би преминала кон конкретното дело:

 

 

RELEASE

 

„Ослободување“ (Release) на Патрик Нес е исклучителен роман, чие дејство е сместено во еден ден од животот на Адам Торн после кој животот нужно ќе се смени. Или да го сведеме на колоквијално надуената фраза „после кој ништо веќе нема да биде исто“.

Романот е конципиран како приказна сместена во само еден дел, прeполна реминисценции и исклучителни дијалози за денот кога, како резултат на серија иритантни околности (тензија која ја предизвикува долгогодишното криење на својата сексуална ориентација, живот со конзервативни родители во семејство со татко свештеник, и сексуално вознемирување на работа) Адам се аутира.

Паралелно, и на ниво на приказна потполно неповрзано, по секое поглавје за Адам има ново – приказна дух на девојка, која талка во обид да ја состави приказната за тоа како загинала.

Едновремено како клучни ликови се појавуваат тинејџер, во релации со неговото конзервативно семејство и нивното ужасно ригидно толкување на Бог, наспрои дух кој излегува од езерото да го прогонува својот убиец и да воспостави правда.

Додека умен и сензитивен тинејџер размислува да даде отказ проади сексуално вонемирвање, тагува по својата пропадната релација, на раб е да влезе во нова и стравува од заминувањето на неговата најдобра пријателка во Европа еден избезумен Дух ја составува слагалката на својата прерана смрт.
Две потполно неповрзани приказни, во текот на дејството се поклопуваат во темите за проблематичните семејни односи, чувството на неприфатеност кое ги направило отворени и ранливи пред емотивните манипулации, гневот кој постојаното потиснување и криење неминовно го создава, тагата, но и конечно како што самиот роман е насловен конечното ОСЛОБОДУВАЊЕ.

Низ првата реченица „Адам ќе мора сам да ги купи цвеќињата“ но и сместеноста на дејството во еден ден кој завршува со забава, реферира на една од најпознатите први реченици во историјата на книжевноста „Госпоѓа Даловеј рече дека сама ќе си купи цвеќе“.

Реферирањето на Г-ѓа Даловеј на В. Вулф се случува и низ повремена употреба на техника на „тек на свеста“ низ која претставува длабоко психолошкото портретирање на неколку релации, но при тоа Нес е свесен за возраста на читателите и го прави тоа на начин што делото ве впива, а немате чувство дека станува прехерметично и „постои за да ве отече“.

Конечно тоа не би требало да му се случи на ниту еден средношколец и да му го одмили читањето, па колку и делото да е „значајно во историјата на книжевноста“.

Покрај сите аспекти од романот кои би можеле да се коментираат (но тука не ми е цел да го раскажувам) клучно е проблематизирањето на.оној аспект на личноста на адолесцентот, кој никогаш не се чувствувал прифатен целосно во целта своја автентичност и „различност“, во постојан грч да сокрива еден важен дел од својата личност за да биде прифатен и сакан. За да се чувствува вреден и дсотоен за љубов.Да се сомнева дали би бил сакан доколку би бил потполно отворен, што е можеби причината која понатаму од него прави личност склона кон претерана емотивна флексибилност, прифаќање на перфидна емотивна доминација, се со цел да биде „вреден за љубов“, да се смали за неговата автентичност и емотивни потреби да не го истераат или исплашат партнерот.
Истовремено, се фрла ново светло на табуто кое не смее да се допре, идејата за „безусловната“ родителска љубов.

Но со оглед на тоа што дејството е сместено во само еден ден, и завршува со позитивна порака за отвореност и поправање на некои релации, односно оптимизам кон она што носи наредниот ден, се остава отворен простор за ревоспостаување на односите со родителите.

Во еден дел романот е исклучително корисен „роман за родители“. Согласно начинот на пристап кон деликатни прашања и темите кои ги обработува, романот има случности со искличително гледаните „Sex education“ и „13 reasons why“на Нетфликс, би бил соодветен за ученици над 16 годишна возраст, што е случај и со овие две серии.

Интересен е и ликот на девојката-дух низ кој Нес успева да ги вклопи двете основни причини поради кои духовите во историјата на книжевноста се појавуваат во светот на живите – траумата и незавршената работа, но и показател на современи општествени проблеми и стравови – во случајот семејно насилство, насилство во врска и последици на болест на зависност.

И конечно, концептот да се одбие да се биде жртва, одговорноста за сопственаата среќа (или сопствениот спокој) да се префрла кај Друг како порака му е неопходна на ученикот од Македонија кој, не по своја вина, расте и се гради во менталитет на „ниска самодоверба во сопствените можности и капацитети, и чувство на беспомошност, како одбранбена позиција, со надежен поглед кон иднината што некој друг треба да ја обезбеди (Лина Ќостарова).
Ваквите дела му застануваат на патот на развојот на таков колективен дух.

 

Simon vs. the Homo Sapiens Agenda

 

Ми се чиниеше дека „Release“ е сам по себе исклучителен и прави разлика од останатите „coming out“ романи се додека во препораките од Холандија и Финска неколку пати не беше потенциран и „Simon vs. the Homo Sapiens Agenda на Беки Арбетали.
Приказна за една анонимна преписка, која резултира со куп вознемирувачки настани кои водат кон присилено аутирање.
Без банализирање на траумата на присиленото аутирање и он-лајн булингот, сепак атмосферата која Арбетали ја создава е понежна и повесела. Веројатно фактот дека станува збор за авторка – клинички психолог која работела со адолесценти додека минувале низ искуство пред и по аутирање ја прави вешта и искусна во правилно отворањето и артикулирање на таквите комплексни и значајни искуства пред адолесцентската читателска публика. Книгата е наградена со German Youth Literature Prize, номинирана за Nаtional Book Award, а Wall Street Journal ја оцени како еден од најдобрите романи за млади.

Додека „Release“ e далеку потензичен, помрачен и поболен, сепак двата романа завршуваат со нова љубовна релација. Односно со суптилна порака дека животот нема да остане така комплициран како што се чини во моментот кога сме „заглавeни“ во емотивен хаос. Во хаос кој имаме впечаток дека ќе трае вечно.
Од сите овие (и уште куп други причини) овие два наслова би биле одличнa новост на листата на изборни лектири за трета и четврта година во средно образование.

Би било непотребно дури и одбивно понатамошно теоретизирање и академски референци кои колку и да се релевантни остануваат секундарни, во релацијата помеѓу читателот, потонат и вдлабочен во приказна, исклучен од сопствената рутина во приказни за комплицирана љубов, трогателна храброст, убиство и, пред се, ослободување.

И за крај, она што е клучна слабост на листите со лектири е тоа што недостасува клучна вредносна основа на која се темели нивниот избор. Промените се прават козметички и без фокус, со потпирање на аргументот за „класика во книжевноста“ и како такви се уште, во голема линија (а со мали исклучоци), се во духот на традиционалистички патријархални (мачоистички и во целост хетеронормативно), колективистички вредности. Клучната промена која мора да се случи, која недостасува во образованието генерално (за што сведочат почесто примери од учебниците, како, на пример, тој по етика на Кирил Темков) е основа на индивидуално-либералните вредности, еднаквост (родова, но и инсклузивност и еднаквост на маргиналините и ранливи заедници), потоа солидарност (но не во традицијата, туку со страдањето на ранливите и маргинализираните (бегалци, лгбт+ групи, социјално маргинализираните…) Насловите како „Release“ и „Simon vs. the Homosapiens agenda“ се дел од линијата на воспоставување на такvа вредносна основа.

И конечно, заклучокот од истражување објавено во „Journal of adolescent and adult literacy“: Кога професорите на учениците им даваат дела кои се блиски до нивните искуства, кога им дозволуваат да изберат што ќе читаат, им помагаат да изберaт што ќе читаат, ги отфрлаат обработките на делата (поставување прашања или пишување рецензии)… многу повеќе ученици своеволно одбираат да читаат и да дискутираат за прочитаното.

А на бирото за Развој на образованието останува одговорноста да бидат отворени кон темите и потребите на учениците кои една пријателка ги сублимираше во: „Квир-роман во средно? Па ќе се церекаа ко морони веројатно. Ама јас ќе бев многу посреќна ако баш тогаш имав една таква книга“.

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • December 16, 2020
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сајбер насилство: Безбедност и самоцензура
На кој начин да бидеме побезбедни во сајбер просторот? Дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура? Дали и колку треба да сме внимателни што објавуваме и испраќаме? И финално, како да бараме соодтвена системска заштита, кога упорно гледаме како институциите потфрлаат во ова поле?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram