ЛезФем и Tiiiit! Inc. ве канат на уште една активност во рамки на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Оваа возбудлива среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ (која ќе биде дел од овогодинешниот ПичПрич), на работилница за политиките и задоволствата на полиаморијата.
Мима и Марта се веројатно најпознатиот хрватски лезбејски пар, не само затоа што нема други, туку и заради нивниот активизам и општествена ангажираност. Страсно верувајќи дека личното е политичко, а дека политичкото е секси, тие во последните шест години го истражуваат просторот на немоногамијата како политичко и лично игралиште. Во работилницата „Политиката и задоволствата на полиморијата“ ќе разговараат за големиот потенцијал на (квир) немоногамниот живот – од теорија до практика и назад. Тие ќе споделат совети за тоа како да се справите со љубомората, апликациите во дејтинг светот, животот со повеќе девојки и две геријатриски мачки.
Марта Шушак ја основаше првата студентска LGBTIQ+ иницијатива во Хрватска, преку којашто активно делуваше во феминистичките, квир групите и групите за правата на животните. Нејзината страст за феминистичко порно ја води да студира во Берлин, каде што ја истражува темата во теорија и пракса, а во моментот работи на тоа да стане терапевтка за сексуални односи и парови. Нејзини теми од личен и професионален интерес се врзуваат со теорија на поврзувањето, „кинк“ и BDSM, полиаморија, квир задоволство и сите нивни прекрасни пресеци.
Мима Симиќ е писателка, филмска критичарка, преведувачка, политичка активистка. Веќе две децении Мима се занимава со (најчесто популарни) медиуми и со цел да ја разбие хетеропатријархалната матрица се аутира на најнеочекуваните места. Дел од повозбудливите вакви потфати вклучуваат подигање на лезбејската видливост на квиз-шоуа, емисии за готвење, женски списанија, како и трчање/возење велосипед за Европскиот парламент. Благодарение на полиаморијата, таа живее помеѓу Берлин, Загреб и Топанга, Калифорнија, а на 13ти мај ќе имате можност да ја гледате во Скопје на ПичПрич Гала вечер на раскажување женски приказни на тема „Цепки“.
Набавете си билети со време!