Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.

Минатата среда, денот кога беше објавено дека наталитетот на САД четврта година по ред опаѓа, што се сигнализираше со најнизок број на раѓања за 32 години, гувернерот на Алабама, Кеј Ајви, го потпиша најдраконскиот закон против абортусот во земјата. Не можеше да биде појасно.

Владејачките елити се свесни дека постојаното опаѓање на наталитет во САД е резултат на де-факто “штрајкот” на жените кои не можат да си дозволат соодветно здравствено осигурување и превисоки суми за здравствени услуги, на кои не им е овозможен пристап до платено родителско отсуство, грижа за деца и заштита на работа, кои сфаќаат дека имањето деца е финансиско инвалидизирање.

Од 1971 година наталитетот во САД е во опаѓање односно од 2.100 раѓања на 1.000 жени во текот на нивните животи сега стстистиката е 1,728 на 1.000 жени, што претставува пад од 2% од 2017 година.

Без постојана инфузија на имигранти, популацијата на САД ќе се намали.

„Напорите да се оневозможи контролата на раѓањето и пристап до абортус не се резултат на влијание на религијата, ниту на политичарите од десницата, не станува збор за пуританство, ниту за казнување на жените за сексуални односи.“ – пишува Џени Браун во нејзината книга “Штрајкот на раѓањето”.

Се работи за трудот за одгледување деца: кој ќе го стори тоа и кој ќе плати за тоа.

Одгледувањето на децата не е прашање на одлука. Тоа е интензивна работа која бара од родителите, а особено жените, огромни физички, емоционални, финансиски и временски обврски. Поширокото општество ги користи придобивките од оваа работа. Има општествена и морална одговорност да им надомести и помага на оние кои раѓаат деца.

Падот на наталитетот е показател за очајот и безнадежноста што ги дефинираат животите на десетици милиони млади Американци кои се борат финансиски и гледаат малку надеж за иднината. Само со решавање на оваа финансиска несигурност и очај, со интегрирање назад во општеството на оние кои се отфрлени, може да се запре спиралата на морталитетот на државата.

Во Шведска родителите имаат право на 480 дена платен одмор по раѓањето или посвојувањето на дете; субвенцијата финансирана од владата е 80 проценти од платата на родителите за првите 390 дена и намалена сума за останатите 90 дена. Работодавците во Шведска плаќаат данок на плати за финансирање на родителско отсуство. Невработените добиваат родителски доход. Родителите можат да го поделат отсуството. Мажите земаат речиси четвртина од родителското отсуство во Шведска, која е меѓу земјите со највисока стапка на наталитет во Европа.

Корпоративните американски држави немаат намера да финансираат програми ниту да градат институции за да го олеснат товарот на одгледување и негување на децата. Да, корпоративната држава има потреба од млади тела како сточна храна за војски и бескрајни странски војни. Да, има потреба од работници, особено вишок на работници за слабо компензирана работа. Да, има потреба од конзументи за своите производи. Но, корпоративната држава, Браун тврди, има намера да ги постигне овие цели “со минимален трошок на работодавачот и максимум неплатена работа на жените”. Ако жените одбиваат да родат деца на ниво што го посакуваат економските планери, според Браун, тогаш абортусот и контрацепцијата стануваат тешко достапни или забранети.

Социјалното осигурување и пензиите ќе бидат укинати, така што единствената финансиска заштита од бедна сиромаштија за постар родител ќе станат децата кои ќе ги издржуваат своите мајка или татко.

Осум држави драматично го ограничија пристапот кон абортусот, а законодавните тела во голем број други држави ја разгледуваат легислативата за тоа. Кентаки, Мисисипи, Мисури, Северна Дакота, Јужна Дакота и Западна Вирџинија имаат само една клиника за абортус.

Намалувањето на наталитетот е вистинската причина зад одлуката да се принудат жените да станат репродуктивни робови. Додека платите се одржуваат ниски (речиси четири од 10 средовечни Американци немаат заштеди, а една третина имаат помалку од 25.000 долари за пензионирање), додека пензиите се намалуваат, децата стануваат, како и во земјите во развој, единствената форма на сигурност за родителите. Политичарите претпоставуваат дека овие напади, заедно со приватизацијата и уништувањето на социјалното осигурување, ќе ги принудат жените да го зголемат наталитетот.

Назначувањето на Брет Кавано во Врховниот суд веројатно ќе ја оспори одлуката Roe v. Wade од 1973 година за легализирање на абортусот. Навистина, законот во Алабама, кој не нуди исклучок ниту за жртвите на силување или инцест, е дизајниран да биде законски спорен и да биде изнесен пред Врховниот суд на САД.

Забраната на абортусот нема да влијае на елитите. Ова го видов во комунистичка Романија, каде што абортусот и контрацепцијата беа генерално нелегални од 1966 до 1990 година, поради неуспешниот обид за зголемување на населението од 23 милиони на 30 милиони до 2000 година.

Како што беше случај во Романија, сопругите, девојките, љубовниците, сестрите и ќерките на елитите во САД ќе имаат лесен пристап до безбедни абортуси, додека другите жени ќе умираат од процедури направени во несоодветни простории во рацете на приучени луѓе кои наплатуваат високи трошоци. Во светот, речиси 23.000 жени секоја година умираат како резултат на небезбедни абортуси, првенствено во земји каде што абортусот е нелегален или тешко достапен. Бројот на жртви од небезбедни абортуси меѓу романските жени за време на владеењето на диктаторот Николае Чаушеску од 1965-1989 година, кој презеде остри мерки за зголемување на наталитетот во земјата, беше проценет на околу 10.000.

Поминав две години со христијанската десница во САД, често со членовите на таканареченото про-лајф движење, во рамки на истражување за мојата книга “Американски фашисти: христијанско право и војната против Америка”. Овие христијански фашисти, чија еретична верзија на христијанството е примарната идеологија што се користи за да се оправда забраната на абортусот, немаат нималку почит кон светоста на животот. Тие ентузијастички ја благословуваат војската и бомбардирањето на муслиманските семејства и села на Блискиот Исток, ревносно ја поддржуваат смртната казна и ја оправдуваат милитантната полиција која пука на невооружени обоени луѓе во урбаните колонии во внатрешноста. Нивните бизарни апокалиптични фантазии завршуваат со сакатење и страдање на неверниците, вклучувајќи ги и Евреите кои не се преобратуваат во христијанството и оние што ги отфрлаат како “номинални христијани”. Откако ќе излезат од матката, сметаат дека кутрите деца не заслужуваат помош, а во оваа земја 12 милиони од нив секоја ноќ легнуваат гладни.

Крстоносната војна за неродените деца ги разгорува христијанските фанатици и фанатиците против абортусот што може да доведе до насилство. Тоа го поттикнува самопрогласениот и одвратен морален апсолутизам. Но, нивната крајна цел е да им се одземе на жените контролата врз нивните тела за да се запре падот на наталитетот, особено тој кај белците, како и да се врати патријархатот во својата најстрога тиранија.

Владејачките елити користат нејасни економски и статистички термини за да го изразат својот страв за намалување на стапките на фертилитет. За да ја индоктринираат јавноста, тие шират пропаганда, вклучително и онаа која го движи движењето “право на живот”. Овие лажни морални крстоносци кои секогаш се дел од масовната пропаганда која ги оправдува војните, се ангажирани да ги консолидираат и реализираат интересите на елитите.

Структурата на корпоративната држава е дизајнирана да ги демотивира жените. Повеќето плати не се доволни за еден работник да го издржува семејството. Ова значи дека таткото и мајката мора да имаат работа за да донесат приход. Ако родителот се посвети на растење дете, приходите од семејството се намалуваат, обично за половина, се губат здравствени придобивки, оставајќи го едниот родителот кој го подига детето зависен од брачниот другар. Оваа економска зависност ја отежнува положбата на жената која не може да излезе од насилна релација, засилувајќи ја немоќта на жените што се наоѓаат во срцето на системот. Присилувајќи ги сиромашните парови да останат заедно, ја ослободува државата од обезбедување дури и минимални придобивки.

„Постојат неколку програми во рамките на системот за социјална грижа, кои ги туркаат родителите да стапат во брак – рече Браун кога ја интервјуирав во април за телевизиската емисија “Контакт”.“
Имаат имиња како “Здрави семејства”. Она што се обидуваат да го направат е да ги отстранат луѓето од листите на социјалната помош со комбинирање на нивните приходи. Но, тоа не го решава проблемот на двојката, која сè уште нема пристап до детски додатоци. Сé уште нема пристап до пристојни плати. Сé уште нема да можат да земе денови боледување. Сите овие работи, [гарантирани] со закон во повеќето европски земји, тука ги немаме“ – вели таа.

Социјалното осигурување не е заштеда за пензија.Тоа е систем за поддршка на пензионирани работници. Доколку платите останат ниски и бројот на работници опаѓа, плаќањата во социјално осигурување ќе паднат и програмата ќе премине во криза.

„Мојата плата оваа недела го плаќа социјалното осигуривање на мајка ми за следната недела. Ако се промени возрасната структура на општеството, се менува колку луѓе ќе плаќаат во системот. Проблемот е структурата на платите. Ова е прашање за социјално осигурување. Интензивната загриженост во врска со демографските поместувања е на работодавците кои се грижат за тоа дека ќе мораат да одвојат повеќе за пензиски фондови ако продолжиме со овој систем. Тие не сакаат да го сторат тоа.“- рече Браун.

Обоените семејствата, во меѓувреме, се казнуваат поради тоа што имаат деца. Афроамериканците имаат 2,5 пати повисока стапка на морталитет на бебиња одколку кај белците (не и хиспано белците). Кај афроамериканските бебиња има повеќе од двапати повисока стапка на ненадејна смртност на доенчиња (отколку кај нехиспанско белците). Таквите деца имаат два пати поголема веројатност да имаат астма, 56% поголема веројатност да имаат покачена тежина и 61% поголема веројатност да извршат самоубиство за време на средношколски години. Обоените деца почесто се земаат од нивните семејства и се сместуваат во згрижувачки семејства, систем кој обезбедува пари за родители на згрижувачки семејства, но не и за биолошките родители, кои често живеат под границата на сиромаштија.

Овие сиромашни Американци се демонизирани во масовната култура како лоши родители кои не треба да имаат многу деца. Седумдесет проценти од долговите на “татковците” се на терет на луѓе кои заработуваат помалку од 10.000 долари годишно. Овие мажи се должни да платат во просек 83% од нивниот приход за детска поддршка. Тие ги губат своите возачки дозволи или се затвораат кога не можат да платат. Волтер Скот, афроамериканец, беше уапсен и затворен, првично поради клерикална грешка, трипати под обвинение за неплаќање на алиментација. Поради казните изгубил три работи. Кога беше запрен од полицаец за неисправн светла на автомобилот во 2015 година, избега од својот автомобил, стравувајќи дека уште едно апсење ќе го остави невработен. Завршил фатално упукан во грб од полициски службеник.

Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.

Извор: Truthdig

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • July 24, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
За неуспешните жени
8 Март беше и треба да остане симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам за 99%: Манифест
Превод на воведот на „Феминизам за 99%: Манифест“ на Чинција Аруца, Тити Батачарја и Ненси Фрејзер
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што следно ни носи Скопскиот викенд на гордоста?
Кон самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски и настапот dragON forever – третиот и последен дел од кореографската трилогија dragON на STEAM ROOM.
  • Од Тимот на Медуза
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Мислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Во фокус: Турција и Сирија
Бројот на жртви во Турциja и Сириjа е во постоjaн пораст.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сè уште верувам во моќта на сексуалната слобода
Што би значело да се оди чекор подалеку од согласноста и она што не ни се допаѓа за да откриеме што навистина ни се допаѓа?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram