Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.

Терапија претставува платформа чија цел е креирање на простор за развој на независна културна и клупска сцена, а помина една година од нивното прво хибридно издание и 19 месеци без настан со физичко присуство.

Изминатата година преку платформата Терапија гледавме десетици хибридни настани и следевме настапи и сетови на над 30 локални и регионални диџеи кои ни помогнаа да се поврзуваме едни со други, кога физичката блискост беше невозможна.

Како пионерски проект за поддршка на електронската музичка заедница, Терапија наметнува и важни правила на игра, како за виртуалениот, така и за физичкиот простор, јавно и јасно спротиставувајќи се на расизмот, хомофобијата, трансфобијата и сексизмот и славејќи ја почитта кон другиот како врвен императив. Токму таков подиум – слободен и безбеден за сите, очекуваме да начекаме на првиот настан на Терапија со физичко присуство.

По повод својот прв роденден, следејќи ги здравствените упатства и протоколи, Терапија ни подготвува специјално издание „Dance therapy“ кое има за цел да нè приближи до сите оние кои ни недостасуваа, на 1 декември, во Станица 26, од 22:00 часот. После една година промоција и поддршка на, пред сè локалните, диџејки, пресреќни сме што ќе го имаме врвното задоволство да танцуваме на Alinka и Ивана Драгшиќ.

 

Alinka својата кариера ја започнува во легендарниот град на house музиката Чикаго. Таму ја стартува и сопствена продукција и соработките со цела една нова генерација хаус продуценти и диџеи еволуирајќи го стилот преку, Chicago house, Detroit techno и европските жанрови карактеристични за градови како Бeрлин, Лондон и Париз. Во 2012 на една импромту средба со поранешниот член и вокалист на Hercules and Love Affair, Shaun J. Wright и се менува животот засекогаш. Alinka и Shaun се здружуваат во сопствената издавачка куќа Twirl чие прво издание ќе биде промовирано од легендарниот хаус бенд “Classic Music Co”.
Успехот на нивните изданија и извонредниот диџејски талент ќе ги донесе во најзначајните клубови во светот. Alinka денес живее во Берлин и редовно настапува во Berghain/Panorama Bar. Нејзините ди-џеј сетови претставуваат рафинирана селекција на нова и стара и ретка хаус музика, совршено зачинета за според пригодата.

Ivana Dragsiqi трпеливо и непретенциозно дојде до своето место на клупската сцена, градејќи го со својата селекција на музика која содржи современа продукција засилена со ретки електронски изданија од најразличен жанр.

 

За својот прв роденден, од Терапија велат:

Во 2020 година ви го претставивме првото хибридно издание на платформата Терапија одржано во Крушево. Понатаму продолживме со оригинална содржина создадена на различни локации во Македонија. Многумина од вас имавте можност да видите артисти кои изведуваат во живо, но и специјални аудиовизуелни проекти.
И покрај тоа што проектите на Терапија беа нешто кое направи да се чувствуваме горди и среќни, сепак 19 месеци без физички настан се премногу. Свесни сме дека Ковид-19 е сè уште тука, но ќе се обидеме оваа година да направиме чекор напред, извесен рестарт, ако можеме така да кажеме.

 

Учество на настанот ќе може да имаат само оние кои ќе обезбедат доказ за вакцинирање со две дози, сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, не постар од 72 часа.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • November 30, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram