Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.

Перцепции претставува флуиден женски уметнички простор на пресекот на различните културни, политички и теоретски стратегии во рамките на политичката географија на Западниот Балкан – почнувајќи од Цетиње, преку Нови Сад и Приштина, Бања Лука, за конечно да се претстави и во Скопје. Изложбата ќе имате време да ја погледнете до 12 август, а во разговорот со кураторката во Музејот на современата уметност, Кумјана Новакова, можете да откриете повеќе за овој одличен проект на МСУ, за родот во современата уметност, како и за феноменалните уметници (и дела) кои ќе бидат претставени на изложбата.

 

Фотографија: Tamara De La Fuente
Вечерва во МСУ се отвора Родови перцепции како дел од колаборативниот кураторски проект  фокусиран на женската уметност. Накратко, кој е концептот зад овој колаборативен проект?

 

 

Идејата на проектот Перцепции е воспоставување на дијалог помеѓу делата на истакнати британски уметнички од колекцијата на Британскиот совет со дела на уметнички избрани од страна на куратори во пет партнерски музејски институции во нашиот регион – Националнот музеј на Црна Гора во Цетиње, Галеријата на Матица Српска во Нови Сад, Косовската национална галерија во Приштина, Музејот на современата уметност на Република Српска во Бања Лука, и МСУ – Скопје. Петте изложби претставуваат пет многу различни читања на родот и родовите улоги во и низ уметничките пракси и современата историја на уметност, секако формулирани како коментар (и) на комплексните социјални, политички и историски контексти на просторот на поранешна Југославија.

Ова, во најмала рака, отвора можност за реактуелизација на родот и родовите хиерархии како еден од обрасците на исклучување (и) во уметничките практики, но и општо во јавните и културните простори. Тоа е особено важно кај нас, бидејќи глумиме доба на постхуманизам и постфеминизам, а немаме расчистено со патријархалните структури во ниту еден сегмент на јавното и политичкото – особено во пишувањето, читањето и толкувањето на уметноста.

 

Ако не се лажам, ова е прва изложба од ваков тип во МСУ, односно колаборативна изложба која во фокус ја става не само уметницата, туку родот како важна категорија за (ре)обмислување во полето на уметноста. Што значи еден ваков проект за МСУ?

 

 

Музејот на современата уметност – Скопје е основан во 1964 година, а во ноември, 2020 ќе се навршат 50 години од свеченото отворање на зградата во која се наоѓа МСУ. Така што со повеќе од 50 години историја позади нас, или пред нас, малку е тешко да се тврди дека било каков тип или концепт на изложба, е прв од ваков тип. Она што прво ми паѓа на памет е на пример проектот Нарцизми (1999), позади кој стоеше МСУ, а се случуваше во рамките на Скопско лето. Но, можеби она што го прави проектот Родови перцепции значаен за МСУ, е начинот на кој ги читаме родот и родовите репрезентации – општо, а особено родот и родовите репрезентации во контекст на историјата на уметноста. Имено, појдовна точка за Родови перцепции е верувањето дека обидите жената напросто да се додаде, односно да се прилепи во историјата на уметноста нема, и не можат, да ја променат парадигмата која почива на маскулинитетот и на машкото гледање. Во контекст на патријархалните дискурси на историјата на уметноста кои ја слават херојската индивидуална креативност на “големите мајстори”, жената-уметник има предодредена релативна, секундарна, или ако сакате подредена позиција. Таа треба да научи да гледа, пишува и чита на и во нечиј друг јазик без тоа да биде нејзин избор. Во тој правец, ќе потсетам на Нохлин, која многу одамна и многу прецизно го детектира просторот каде се создаваат обрасците на исклучување – институционалните структури: “… прашањето за еднаквоста на жените – во уметноста како и во која било друга сфера – не се однесува на релативната благонаклоност или лошата волја на поединечните мажи, ниту на самодовербата или безнадежноста на индивидуалните жени, туку на самата природа на нашите институционални структури и поглед на реалноста што тие го наметнуваат на луѓето кои се дел од нив.”

 

Колку и на кој начин е родот релевантен во контекст на современата уметност, од твојата гледна точка на кураторка?

 

 

Родот во современата уметност е подеднакво важен како и во секоја друга (јавна) сфера. Но според мене, не е прашално колку и на кој начин е релевантен родот – тоа е одамна јасно – туку како различните хиерархии, вклучително и родовите, се ре-актуелизираат, реконструираат и повторно легитимизираат. Нормативното наметнување на обрасците од типот на машкост и женскост, и на традиционалните, хиерархиски перцепции на родовите улоги, се присутни и се повидливи на повеќето, да не кажам на сите рамништа, и секако обликуваат обрасци на исклучување. Со прекинот на официјалниот наратив на социјалистичкото се-рамноправно општество, се случи ретрадиционализација и во сферата на уметноста. Така, се нормализираа и родовите хиерархии, но и естетиките кои произлегуваат од нив. Тоа е случај и со уметноста, и со историјата на уметноста – за што веќе нешто спомнав. На пример, скандалозниот проект Скопје 2014, освен сé друго, ги легитимизира и родовите хиерархии во јавниот простор. Преку уништувањето на утопистичкиот, антитрадиционален социјалистички град изграден после 1963 година, Скопје 2014 буквално ги исклеса во камен родовите хиерархии: станавме град на воини, херои, цареви, војводи, попови – сите силни господари мажи, и на нивните сопруги и мајки. Улогата на жената во нашиот град е да раѓа, дои, испраќа и дочекува мажи.

Од сите овие причини, ќе се задржам на нешто многу поважно од вообичаените теоретски преламања: се-присутноста на патријархалните, да не кажам племенски, пред-политички структури во сите јавни сфера, вклучително и културата, овозможија овој и многу други слични проекти да го редефинираат дискурсот на нормалноста. Погледнете ги само реакциите на Парадата на гордоста и степенот на прифатливост. И затоа, одлучувачки е да креираме заедничка политичка позиција околу нужноста за преиспитување не на корените на одредени појави, туку на комплексните процеси со кои се соочуваме и до кои тие довеле денес и овде. Со други зборови, прашањето не е “дали” и “како”, туку “шта нам је за чинити?” Нужно е заеднички да ги преиспитуваме јавната реторика и јавните дискурси, а не идеологијата или свеста. Дискусиите зошто не постои јавна свест и зошто сé уште даваме простор на националистички, исклучувачки идеологии треба да се случуваат онаму каде постојат услови за информирани одговори за тоа: науката. А јавните дискусии, вклучително и во уметноста, се тие кои треба да се насочат кон преиспитување на реториката и на јавниот дискурс.

 

Еден од „методите“ на проектот е поставување на делата на 14 уметници од Британија кои се претставени на изложбата со нивни 24 дела наспроти, или во дијалог со локални уметници. Какво беше искуството на градење на овој заеднички простор помеѓу уметници кои твореле (творат) во тотално различна социо-култрна и политичка атмосфера? Дали има нешто обединувачко во „женскиот израз“ што гради поврзување и мостови помеѓу овие жени?

 

 

Родови перцепции е поделена во три концептуални сегменти – и тоа е поделба која се наметна природно, бидејќи за време на истражувањето на двете колекции стана јасно дека делата се разликуваат во однос на уметничкиот пристап, формата, личните наративи, естетските пристапи, итн., но позициите кои произлегуваат од женската положба како политичка положба, се преклопуваат, надополнуваат или разидуваат на не-национална основа. Односно – авторскиот пристап и политичката позиција на Абигел Лејн на пример е многу поблиска до Моника Мотеска отколку до било која друга уметничка од Британија која е претставена на Родови перцепции. И двете авторки работат со телесната меморија, физичките траги кои ги оставаме зад нас, отсутното присуство кое се впишува преку трагите на отсутното тело.

Но, она што е генерално обединувачко, и што е можеби важно да се претстави како такво, е заедничката женска форма која авторките ја запоседнуваат, и која го прекинува повторувањето и одржувањето на постоечката родова хиерархија преку нови методи на размислување и визуелизации за (родовата) репрезентација. Секако, тесно поврзано со женската форма е и инсистирањето на промената и процесноста како рамка во која се дискутираат родовите идентитети и нивните улоги и во уметноста. Имено, речиси сите авторки кои се застапени инсистираат на промената, и соодветно на женскоста како положба во пошироки рамки на многубројните и флуидни родови идентитети и положби. Инсистирањето на флуидноста на идентитетите е токму она што ја диференцира женската форма од машкиот поглед (male gaze), кој утврдува, потврдува, дефинира, категоризира, одобрува или отфрла.

Дополнително, без оглед на општествениот контекст, авторките овозможуваат опсервации коишто сѐ уште не сме успеале да ги согледаме и приказни коишто сѐ уште не сме научиле да ги читаме – и оваа изложба, како и нејзиниот пропратен програм е важен простор на учење и за Музејот и за публиката.

 

 

 

На изложбата во Скопје ќе бидат претставени 39 современи уметнички дела од 25 жени, концептуализирани во три тематски целини, односно погледи (views), репрезентации (representation) и репрезентации (ruining the representation). Која е идејата зад ваквото концептуализирање на изложбата и кои имиња и дела би ги спомнала како столбови на трите теми на изложбата?

 

 

Изложените дела и од британските и од македонските уметнички се записи „и, на и од женското“ , при што терминот „женскост“ е употребен на начинот на кој Полок тоа го прави – реферирајќи се на положбата во јазикот и психосоцијалното обликување која терминот Жена ја означува. Како положба, значи, а не како идентитет, поимот на женскоста се смета за нешто за коешто зборува, сонува и фантазира  машкоста, таа Другост според која женскоста се дефинира. Па така, уметничките во изложбава ја презапоседнуваат женската форма, прекинувајќи ја продукцијата и опстојувањето на родовите хиерархии за на крај да предложат нови методи на размислување за (родовите) репрезентации.

Определувајќи три области на женската положба – гледање и согледување (ПОГЛЕДИ), ликовно претставување (РЕПРЕЗЕНТАЦИИ) и „уништување на претставувањето“  (РЕПРЕЗЕНТАЦИИ) – замислата зад оваа поимска поделба нема за цел да создаде уште една рамка за толкување преку повеќегласовен приказ на женското искуство, туку да побара обмислено и детално преиспитување на машкиот принцип врз кој е изградена современоста и критичен приод кон проблематиката на претставувањето преку радикално поставување прашања.

 

Женската уметност е сé уште, како локално така и глобално, на маргините на музеите во однос на застапеност. На пример, 88% од сите уметници во поголемите музеи во САД се мажи. Колку сметаш дека музеите имаат одговорност да бидат „поегалитарни“ во однос на она што го нудат како содржина денес? Дали според тебе треба да постојат некој вид на позитивни мерки кои би допринеле кон повисока застапеност на жените и другите малциинства и маргинализирани групи во музеите, или пак времето ќе го направи своето? И финално, на кој начин оваа изложба го адресира овој проблем во Македонија?

 

 

Не постои Музеј во светот – или барем не според истражувањата и анализите кои се направени и достапни, кој има еднакво претставување и присуство на жени и мажи автори. Од друга страна, слична е ситуацијата и со родовата дистрибуција во однос на вработените во Музеите, нивото на платите, итн. На пример, според истражувањата на Асоцијацијата на арт директори на музеите во САД, за 2017, постојат јасни диспаритети во родовата застапеност дури и во зависност од големината на оперативниот буџет со кој располага музејот: поголемиот дел од музеите со буџети помали од 15 милиони долари се водени од жени директорки. Обратното е точно за музеите со буџети од над 15 милиони долари, каде што женската застапеност се намалува пропорционално со зголемувањето на буџетот. Со други зборови – сите правила на обрасците за исклучување по однос на род кои важат во јавните сфери, важат и во уметноста. Таму каде што има моќ, таму се мажи.

Заради ова, МСУ е партнер на проектот Родови перцепции, и заради ова е важно да ги промислиме коментарите на авторките претставени на изложбата.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • June 12, 2019
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марија Бошковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Предраг
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram