Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.

фотографија на Соња Ставрова

 

пишува Душица Лазова

 

Како дел од Изведувачката програма на јубилејното десетто издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО и програмата „Кореографирано тело“ на Локомотива, во рамки на 47-то издание на МОТ, се одржа премиерата на танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на кореографката и изведувачка Викторија Илиоска.

Проникливиот и интуитивно женски перформанс, во кој Викторија настапи заедно со нејзината соработничка, Настја Ѕубан, на публиката ѝ понуди свежо родово и телесно преиспитување на капиталистичките практики на експлоатација и екстракција и премислување на различните облици на „пумпање” и „шмукање/цицање” на телото и земјата и нивната поврзаност во процесите на (ре)продукција.

 

Меко или тврдо

Првото ниво на кое делото комуницира со публиката е преку футуристичкиот сценски амбиент составен од бел балетски под обиколен со високи бели платна (white box). Централно поставена, сцената на прв поглед потсетува на внатрешноста на вселенски брод или, пак, на стерилна и дехуманизирачка матка. На самиот почеток, изведувачките стојат на работ на сцената и по серија кратки вежби за вдишување-издишување и истегнување во кои публиката е поканета да им се придружи, тие директно им се обраќаат на гледачите: „Испружете ги рацете нанапред. Доколку сакате нештата во вашиот живот да бидат меки/нежни (soft), ставете го десниот палец врз левиот. Доколку сакате нештата да бидат тврди/цврсти (solid), ставете го левиот палец врз десниот.“

Изборот помеѓу меко и тврдо истовремено ѝ сугерира на публиката да го преиспитува танцовиот перформанс низ оваа дуалност, која се покажува како една од многуте бинарни сопоставености што ги исцртуваат и преминуваат двете амбивалентни тела на сцената. Па така, штом телата почнуваат да се движат со бавни, сензуални движења кон средината на сцената, таа одеднаш како да ги губи своите цврсти рабови, станува мека и длабока и ги вшмукува телата во својата дистописка матка. На оваа вештачки создадена, стерилна матка ѝ се спротивставува топлината на мајчинската утроба која треба да понуди заштита, грижа и прехрана, инсинуирана преку женските тела кои ја населуваат на сцената. Симболично, овие женски тела во рацете држат чаши со млеко во форма на дојка. „Матката“ е преплавена со остри и повторливи звуци што потсетуваат на градилиште, на дигалки и дупчалки. Симултано, повторливите танцови движења на телата како да упатуваат кон некакво (пре)создавање, сѐ до моментот кога тие се згрчуваат како да се исфрлени или плукнати од внатрешноста на матката – онаму кадешто има длабочина има и потенцијал за дупчење. Од гнилата внатрешност на потрошниот систем, на едната страна излегува вишокот, а на другата останува недостатокот.

 

Млеко и нафта

Двете изблуени тела кои при допирот со другиот го губат својот интегритет како целина се лизгаат по подот во вид на леплива, валкана материја која во контекст на делото потсетува на масловидна нерафинирана нафта или „уље“. Телата полека почнуваат да се исправаат нагоре со згрчени и ригидни движења, проследени со звук што наликува на кршење и триење на коски (или, пак, на раздробени и издупчени карпи?). Материјата почнува да добива облик, но ѝ недостасува сила, при што едната изведувачка го ишмукува млекото од својата чаша, а другата го истура врз сопственото тело. Изведувачките влегуваат од еден во друг телесен систем, па зајакнатите коски ги комплетираат со мускули преку серија движења во вид на пумпање и надувување.

Главната симболика на мајчиното млеко тука е и повеќе од очигледна. Млекото е основна храна за новороденчињата и поради својата целовитост, нутритивност и самодоволност се смета за животворно. Млекото кое ги придвижува телата на сцената може да се прочита и како афективен ресурс, „радикална, алтернативна форма на отелотворена субјективност наспроти идејата за автономноста на поединецот” (Hausman, 2004). Чашките во форма на дојки (инаку уреди за зголемување на гради; првичната замисла била да се користат пумпи за измолзување) кои не ги напуштаат рацете на изведувачките во првата половина на перформансот кај гледачот можат да отворат прашања за повеќезначноста на доењето како практика на грижа и како дел од една женска економија на дарување, но и како невидлив мајчински труд кој е истовремено комодифициран и табуизиран.

Цицањето на млекото како женски самообновувачки ресурс и резултат на природниот процес на репродукција нè води во насока на размислување за насилното и несразмерно исцрпување на нафтените резерви како најзначаен природно-енергетски ресурс на денешницата. Културата на екстрактивизам неизбежно наметнува и критика на месната, млечната и фармацевтската индустрија како едни од најголемите загадувачи и потрошувачи на ресурси врзани со производството, но и со репродукцијата преку прекумерната експлоатација на репродуктивните капацитети на женските животни. Најпосле, млекото на сцената е уште еден потсетник за стравот од телесноста и создавачката моќ на жената поради што патријархалниот свет ја поистоветува со природата. Женското (и квир) тело ја препознава својата потчинетост, маргинализираност и искористеност во човечкото скротување и управување со природата, со што овој танцов перформанс се отвара и кон екофеминистичко пречитување.

 

Пумпај и исцеди

По коските и мускулите, изведувачките низ своите движења продолжуваат да понираат во телесноста. Се дообликуваат со месо и кожа, бавно облекувајќи гротескни костими на бодибилдер(к)и на надувување додека водат неповрзан дијалог во кој продолжуваат да си поигруваат со концептите на шмукање и пумпање.

Изложувањето на претерано надуеното „тело” на ротациона платформа и извештачената кловновска насмевка на лицата на изведувачките може да се прочита како исмевање на ироничното и самобендисано пумпање на бодибилдерите во доцните 70-ти. По векови објектификација и сексуализација на женското тело, ова јавно прикажување, восхитувањето и оценување на машкото тело продолжува да фасцинира. Останува да се прашуваме дали овој “glitch” во системот е изблик на фрустрација, дали во него има нешто родово субверзивно или е продолжение на машкиот поглед и идеалот за совршеното тело и дали едно напумпано тело може да се смета за уметност? Ако да, тогаш што станува со јавното линчување на жените кои одбираат да ги напумпаат и инјектираат своите усни, лица и останати делови од телото? И што кажува за нас опседнатоста со зголемувањето, преувеличувањето, претерувањето?

Денес, желбата за преминување на границата на сопствените капацитети оди уште подалеку. Незаузданиот хибрис на богатите бели мажи кој се крие зад трансхуманизмот создава една нова, исклучително опасна категорија на „бодибилдери” на модерното време – „бесмртниот постхуманистички бог кој ги надминува ограничувањата на нашата биологија и се шири во Универзумот” (Davies, 2019). Биотехнологијата, поддржана и финансирана токму од овие мажи се милитаризира за нивните андроцентрични потреби. Како што забележува Davies, „нивната крајна цел наликува на доцно-капиталистичка верзија на Ветрувијанецот на Леонардо да Винчи: индивидуалистички надчовек (superman), вооружен со когнитивни и физички засилувања во изобилство, издигнат до состојба на неприкосновена сила и моќ и надарен со способност да се репродуцира без товарот на жените“ и да продолжи со својата експлоатација во име на прогресот.

Во завршниот дел од делото, елементи на „појачаност” („засиленост”) и пренагласеност гледаме во дијалогот чии гласови се позајмени со што изведувачките прават напор да ги изведат, во поп песната што отскокнува од дотогашната мрачна и морничава (eerie, uncanny) атмосфера и безгрижниот ритмичен танц на изведувачките кој асоцира на некакво ослободување или победа (на што? врз што?). Неприродноста и бизарноста во последните моменти кулминираат до точка на апсурдност, со што на изведбата не ѝ останува ништо друго освен да заврши или да почне од почеток. Исцедените и истрошени тела се враќаат во својата првобитна млитавост – заробени во фиктивен круг на побарувачка и потрошувачка.

 

Извор: Tiiiit! Inc.

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • November 29, 2022
  • КУЛТУРА
Песна на годината: Anna Wintour од Azealia Banks
Нашата омилена вештерка е веројатно првата која најумешно го подготвува и развива рецептот за вистинската форма и пропорција на најделикатесниот микс на хаус и хип-хоп.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Кристијан Стефановски
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Кика Авеиро
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Теодора Соколовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram