Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.

Вклучувањето на родовата перспектива во меѓународните правни инструменти за заштита на женските правa, придонесе за препознавање на насилството врз жените како форма на родова дискриминација. Неговото искоренување е неизбежно за постигнување на de facto родова еднаквост во сите пори на приватниот и јавниот живот. Меѓудругото, овој родово-сензитивен пристап придонесе кон еволуција на сфаќањето за семејното насилство. Истото од „приватна работа“, се редефинираше во глобален социo-економски проблем, со комплексна феноменологија и етиологија, која промена првенствено се должеше на притисокот на фенимистичките движења во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

 

Парадоксално, иако сузбивањето на овој горлив феномен котира високо на листата на приоритети на демократско ориентираните држави во светот, статистичките податоци за бројот на случаи на семејно насилство и понатаму се поразителни. Незадоволителниот успех во справувањето, меѓудругото е резултат на правните бариери во пристапот до правда: родово-несензитивните закони и родовите стереотипи.

 

 

 

Пристап на жените до правда

 

 

 

Традиционалниот корпус на човековите права, како и системот за нивна заштита, најчесто беа моделирани според мажите, чиишто потреби и искуства се различни од потребите и искуствата на жените. Традиционалниот правосуден систем не секогаш е пристапен и безбеден за жените. Истите, како најчести жртви на семејното насилство, неретко се соочуваат со секундарна виктимизација, односно недоволна заштита при влезот, користењето и излезот од системот. Од овие причини, потребно е родово-сензитивен пристап на жените до правдата, кој вклучува: непречен пристап до системот и правните лекови; физички и финансиски достапни судови и/или квазисудски тела во урбани, рурални и оддалечни места; одговорност на чинителите на правосудниот систем; ефикасни правни лекови за надоместок на секоја предизвикана штета; и квалитет – индикатори за мерливост на пристапот до правда на жените.

 

Во реалноста, жените се среќаваат со бариери во пристапот до правда, кои можат да се категоризираат во две групи: социо-економски/културолошки бариери (на пр: непознавање на правата, немање финансиски средства, неадекватна распределба на домашните обврски, културолошки ставови и сл.) и правни бариери (на пр: несензитивни правни рамки, несензитивно толкување на закони и родови стереотипи). Во овој истражувачки есеј акцентот ќе биде ставен на родово-несензитивните закони и родовите стереотипи.

 

 

 

Родово-несензитивни закони

 

 

 

Во нашите закони сѐ уште постојат реликти од традиционалниот концепт, кои не се (доволно) сензитивни на специфичните искуства и потреби на жените во случаите на семејното насилство.

 

Пред сѐ, дефиницијата за семејното насилство содржана во нашите закони е релативно пооскудна споредбено со дефиницијата во т.н.Истанбулска Конвенција. Конвенциската дефиниција е сеопфатна, како по однос на родовата припадност на сторителите и жртвите (неисклучувајќи ги и мажите и децата како жртви на семејно насилство) и актите на семејното насилство (физичко, сексуално, психичко и економско насилство), така и по однос на кругот на лицата кои можат да се јават во улога на сторители или жртви (членови на семејството или домаќинството).[1] Состојбата во националното право е нешто поинаква. Новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство ги дефинира актите на семејното насилство во светлината на Конвенцијата, но во кругот на засегнати лица ги исклучува браќата и сестрите кои не живеат во заедничко домаќинство, лишувајќи ги овие категории на жртви од достапноста на мерките за превенција и заштита.[2] Малтене е слична дефиницијата на семејното насилство во Кривичниот законик, дополнително што истиот не го препознава поранешниот вонбрачен другар како сторител/жртва на семејно насилство, а не го препознава ниту економското насилство како посебна форма на семејно насилство, со што ја исклучува кривичната одговорност на сторителите во овие случаи[3].

Кривичниот законик го препознава семејното насилство како олеснителна околност при вршење на кривичните дела на: „Убиство на миг“ и „Тешка телесна повреда“; како отежнителна околност при вршење на кривичните дела на: „Убиство“, „Телесна повреда“, „Тешка телесна повреда“, „Присилба“, „Противправно лишување од слобода“; „Загрозување на сигурноста“, „Обљуба со злоупотреба на положбата“и „Посредување на вршење на проституција“; но не и како отежнителна околност при вршење на одделни кривични дела против половата слобода и половиот морал, и тоа: „Силување“, „Обљуба врз немоќно лице“, „Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, „Задоволување на полови страсти пред друг“, „Прикажување на порнографски материјал на дете“, и „Производство и дистрибуција на детска порнографија“. Ваквата поставеност говори дека во овие случаи отсуствува адекватна (построга) одговорност на сторителите кои како припадници на т.н. тесен круг на доверба на жртвите, истата ја злоупотребиле.

Воедно, Кривичниот законик сѐ уште не ги инкриминира кривичните дела како „Демнење“, „Сексуално вознемирување“, „Женско генитално осакатување“, а не предвидува ниту квалификаторен облик на кривичните дела сторени во името на „честа“, кои се предвидени со Истанбулската Конвенција.

При дефинирањето на кривичното дело „Силување“, Кривичниот законик го става акцентот на употребата на силата/заканата врз жртвата.[4] Ваквата застарена дефиниција се темели на т.н.теорија за „идеална жртва“ – жртва која се бори, односно треба да се бори со сите сили против насилниот акт, и која, by the way, не постои во реалноста. Зошто?

Истражувањата покажуваат дека силувањето најчесто се врши од лице кое припаѓа на поблискиот круг на жртвата (семејството, пријателите, познаниците, колегите и сл.). Во овие околности, изигрувањето на довербата на жртвата предизвикува исклучителен шок: неретко се случува жртвата буквално да „се замрзне“ од страв/неверување, или да доживее ментално одвојување од настанот (дисоцијација), како стратегија за справување со неизмерниот стрес. При ваквото дефинирање на силувањето, отсуството на отпор кај жртвата би значело ослободување на сторителот од кривична одговорност. Од овие причини, Истанбулската Конвенција при дефинирањето на сексуалното насилство го потенцира отсуството на доброволна согласност на жртвата, која треба да биде дадена како резултат на нејзината слободна волја.

Со стратешките документи на државата се предвидени измени на Кривичниот законик за дел од погоренаведените прашања, но истите сѐ уште не се донесени.

 

 

 

Жени-жртви или жени-сторители?

 

 

 

Жените-жртви на семејно насилство не го користат системот исклучиво како жртви. Истите понекогаш се јавуваат како сторители на кривични дела – убиство или тешка телесна повреда, извршени врз сторителите на семејно насилство. Во такви случаи, според нашето право, жените можат да се бранат дека делото го сториле во нужна одбрана (самоодбрана) или во состојба на афект/провокација (одмазда со „жешка крв“). Делувањето во нужна одбрана доведува до ослободување на сторителот од одговорност во случај кога истиот презел пропорционална реакција заради одбивање од себе или друг истовремен противправен напад. Делувањето во состојба на афект доведува до помал степен на одговорност на сторителот, во случај кога истиот реагирал веднаш во состојба на битно намалена пресметливост (раздразнетост или уплав), во која бил доведен како резултат на провокација на жртвата. Како и да е, и двата концепта се традиционални и ги адресираат единствено искуствата на мажите. Биолошки гледано, мажите се физички посилни, поради што се предиспонирани да одговорат истовремено и пропорционално, односно истовремено и афективно на нападот/провокацијата од друго лице. Од друга страна, жените се физички послаби. Конфронтирани со насилникот-маж, жените во принцип не реагираат веднаш во афект, односно не реагираат пропорционално (пр: жените честопати користат некакво оружје за успешна одбрана од невооружениот напад).

Во контекст на семејното насилство, убиствата сторени од мажите врз жените се случуваат во различни услови од убиствата сторени од жените врз мажите. Мажите ги вршат фемицидите (убиства на жени заради тоа што се жени) како кулминација на континуираното семејно насилство кое го вршеле врз жените во изминатиот период. Жените, од друга страна, ги вршат убиствата врз мажите-насилници како резултат на пролонгирана и интензивирана изложеност на злоставување од страна на насилните партнери. Односно, жените ги убиваат насилните партнери како би избегнале да бидат убиени. Ова нешто подразбира дека во моментот на извршување на убиството врз насилните партнери, жените во принцип не одбиваат од себе истовремен противправен напад, односно не реагираат веднаш во афект. При ваква состојба, жените не би можеле успешно да се одбранат во рамките на постојните концепти.

 

 

 

„Успешни“ концепти: Синдром на повредена жена и научена беспомошност

 

 

Во 70-тите години на XIX век во САД, во рамките на традиционалниот концепт на нужна одбрана (self-defence) беше развиена теоријата за „battered woman syndrome“ („синдром на повредена жена“), заедно со концептот за „learned helplessness“ („научена беспомошност“), во обид научно да се објасни зошто жените-жртви понекогаш избираат да ги убијат, а не да ги напуштат насилните партнери. Во практиката беше предизвикан обратен ефект. Овие концепти ги засилија негативните перцепции за жените како претерано емоционални и недоволно кредибилни. Или уште полошо, истите беа селективно применувани, односно доведоа до успешно ослободување на жените од одговорност за кривични дела сторени под присилба од насилните партнери, но не доведоа до ослободување на жените кои извршија убиство врз насилните партнери. Наместо за да ги заштитат, овие концепти беа искористени за да се „наградат“ жените кои се потчинуваат на насилните партнери, а да се „казнат“ оние жени кои се спротивставуваат на насилните партнери, односно ги убиваат. Од овие причини, и двата концепти беа критикувани.

На европско тло, нештата се поинакви. По дведецениски притисок на феминистичките движења, Велика Британија во 2009 г. го напушти традиционалниот концепт на одбрана со „провокација“, заменувајќи го со концептот на одбрана со „губење на контрола поради страв од сериозно насилство“, во чии рамки се препознава „slow-burn provocation“ („провокација со бавно согорување“). Овој нов модел соодветно ги адресира искуствата на жените-жртви на семејно насилство, кои најчесто ги убиваат мажите-насилници како резултат на континуирана изложеност на семејно насилство, а не како резултат на моментална провоцираност. Дополнително, беше предложена и измена на концептот на „нужна одбрана“ на жртвите на семејното насилство од насилниот партнер, со која би се дозволила разумна диспропорционалност во дејствието што се презема и дејствието што се одбива, како пандан на концептот на нужна одбрана на станарите (householders) од провалниците.

Нашиот систем не ја препознава ниту одбраната со „бавно согорување“, ниту разумната диспропорционалност кај нужната одбрана. Дотолку повеќе што, и самите правни практичари признаваат дека нужната одбрана многу ретко се докажува, дури и за мажите, според чии искуства е првенствено скроена.

 

Илустрација: Андреа Ирис

 

Родови стереотипи

 

 

За семејното насилство сѐ уште постојат лажни верувања, тесно поврзани со родовите стереотипи. Истите се рефлектираат врз работата на правните професионалци, кои понекогаш погрешно го поистоветуваат семејното насилство со семејното недоразбирање. Разликата меѓу семејното насилство и семејното недоразбирање е астрономска. Наспроти семејното недоразбирање, кое повремено настанува помеѓу еднакви (по моќ) партнери, чија цел е да го убедат спротивниот партнер во исправноста на нивното тврдење, без да го загрозат/повредат, семејното насилство се случува во комплетно различни услови и има друга динамика. Семејното насилство е намерно, повторувачко, застрашувачко однесување на сторителот, кој преку различни техники на манипулација, контрола, закана и изолација ја доведува и одржува жртвата во субординирана положба.

Семејното насилство има своја динамика, претежно одвивајќи се во три фази: фаза на градење на тензија, фаза на кулминација и фаза на т.н.меден месец. Непознавањето на динамиката на семејното насилство и условите во кои истото се случува, создаваат плодна почва за низа лажни верувања, меѓу кои најраспространети се следните:

Мит 1: Ако насилството навистина постоело, жртвата порано ќе го напуштела/пријавела насилникот.

Овој мит е тесно поврзан со родовиот стереотип дека жените честопати преувеличуваат како резултат на нивната „биолошка предодреденост“ за претерана емоционалност, или уште полошо – лажат.

Факт 1: Жртвите имаат легитимни причини зошто не го напуштаат/пријавуваат насилникот:

Пред сѐ, поради стравот за својот, или животот на нивните блиски. Ризикот од фемицидите се зголемува во периодот по напуштање на насилната средина. Понатаму, жртвите чувствуваат срам и страв од стигматизација, го минимизираат значењето на насилството, или пак истото го препишуваат на свој грб. Понекогаш жртвите не се идентификуваат себеси како такви, особено во почетните стадиуми на насилството, токму поради присуството на „медената“ фаза. Дел од жртвите, особено оние изложени на подолготрајно семејно насилство, честопати страдаат и од т.н.Стокхолски синдром, хуманизирајќи ги и оправдувајќи ги постапките на сторителот, како валидна стратегија за справување со траумата. Дел од жртвите немаат подршка од семејството, се економски зависни од партнерот, се плашат да го изгубат старателството над децата, а во крајна линија немаат ниту адекватна заштита од системот. Статистички гледано, бројот на пријавени случаи e драстично помал во споредба со бројот на процесуирани случаи. Оваа појава е резултат на две причини. Прво, кривичното дело „телесна повреда“ сторено при вршење на семејно насилство, се гони по предлог (согласност) на жртвата, чие повлекување доведува до запирање на постапката.[5] Ова законско решение е некомпатибилно со Конвенцијата, која повикува кривичните дела сторени при вршење на семејно насилство да се гонат по службена должност. Второ, малиот број на процесуирани случаи споредбено со бројот на пријавените, се должи и на пропустот на правните професионалци да го идентификуваат семејното насилство, или пак на нивната решеност да ги гонат само оние кривични дела за кои располагаат со цврст материјал (на пр:медицинска документација за констатирани физички повреди). Ова нешто е поткрепено и со податоците на Министерството за труд и социјална политика, кои покажуваат дека најголем број од пријавените случаи на семејно насилство за 2020 г. отпаѓаат на психолошко насилство, додека најголем број од процесуираните случаи за истата година отпаѓаат на физичкото насилство.

Мит 2: Насилниот маж е насилен цело време.

Овој мит е тесно поврзан со родовиот стереотип дека мажите се избувливи и не можат да ја контролираат својата „дива“ страна.

Факт 2: Семејното насилство најчесто се случува зад затворени врати, а насилникот избира да биде насилен.

Не ретки се случаите кога насилникот е лице чија насилна природа веќе „паднала“ во очите на правосудниот систем. Сепак, во најголем дел од случаите насилникот свесно ја избира жртвата. Истиот верува во неговата супериорност над жртвата, која треба и заслужува да биде под негова доминација.  Насилникот намерно го дозира насилството спрема избраната жртва, со цел да ја одржи под негова контрола, или во крајна мера да ја убие. Насилникот најчесто го врши актот на насилство далеку од очите на јавноста. Токму поради ова, јавноста го перцепира насилникот како „мирен човек“. Фактот дека семејното насилство се случува зад затворени врати, не значи дека истото не постои. Субјективниот реализам, преточен во „Она што не го гледам, не постои“, можеби е добар филозофски правец, но не е применлив за семејното насилство. 

Мит 3: Нарушеното ментално здравје, зависноста од алкохол, опојни дроги и сл., кои се почести во пониските слоеви на општеството, се причина за појава на семејното насилство.

Факт 3: Насилничкото однесување е научено и свесно. Секој може да биде жртва на семејно насилство.

Целта на ова погрешно верување е да се оправда/минимизира насилничкото однесување на сторителот или истото да се препише на vis major (виша сила). Иако овие „сили“, условно речено, можат да придонесат како катализатор за интензивирање на семејното насилство, причините за негова појава се сосема други. Семејното насилство има нагласен родов карактер. Истото е резултат на нееднаквата дистрибуција на моќ помеѓу мажите и жените, односно средство за нејзино одржување.[6] Истражувањата покажуваат дека семејното насилство се случува во сите општества (од тоталитарни до крајно демократски ориентирани) и во сите слоеви/раси/култури.

 

 

 

Успешното справување со семејното насилство зависи од неколку фактори

 

 

 

Прво и најважно, неопходно е точно идентификување на семејното насилство и негова демистификација од сите лажни верувања. За таа цел, неопходно е вршење на континуирани обуки на правните професионалци кои постапуваат во сите алки на системот: од социјалните работници, здравствените работници и полициските службеници (или условно речено, службениците од прв „борбен“ ред) до јавните обвинители, адвокатите и судиите.

Понатаму, неопходно е донесување и имплементирање на сензибилизирани политики, закони и мерки за превенција и сузбивање на семејното насилство, како и евалуација на исходот од истите.

Заклучоците од ова истражување покажуваат дека се неопходни законски измени заради усогласување со Истанбулската Конвенција, преку:

–                 проширување на дефиницијата за актите и кругот на сторителите, односно жртвите на семејното насилство;

–                 предвидување на семејното насилство како отежнителна околност при вршење на кривичните дела „Силување“, „Обљуба врз немоќно лице“, „Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, „Задоволување на полови страсти пред друг“, „Прикажување на порнографски материјал на дете“ и „Производство и дистрибуција на детска порнографија“;

–                 предвидување на нови кривични дела „Демнење“, „Сексуално вознемирување“ и „Женско генитално осакатување“, односно предвидување на квалификаторен облик на кривичните дела сторени во име на „честа“ и

–                 измена на битието на кривичното дело „Силување“.

–              предвидување на гонење по службена должност за делата сторени при вршење на семејно насилство, независно од волјата на жртвата;

Потребно е законодавецот да ги редефинира традиционалните концепти на одбрана, на начин што кај нужната одбрана ќе дозволи разумна диспропорционалност меѓу дејствието што се презема и дејствието што се одбива, а одбраната на „афект“ (одмазда со „врела крв)“ ќе ја замени со одбрана на „губење на контролата поради страв од сериозно повредување“, односно „провокација со бавно согорување“, како соодветно би се адресирале искуствата на жените-жртви на семејното насилство кои од оправдани и разумни причини понекогаш ги убиваат или потешко ги повредуваат насилните партнери.

Конечно, неизбежно е да се нотира дека измените во правната регулатива се само еден од низата чекори кои се потребни заради подобрување на пристапот до правда на оваа категорија жртви. По донесување на погоренаведените измени, потребно ќе биде подобрување на имплементацијата на правната регулатива во практиката, и тоа преку подобрување на финансиските, професионалните и човечките капацитети на сите чинители – полициските станици, центрите за социјална заштита, адвокатите, јавните обвинителства и судовите.

 

 

 

 

 

 

[1] Според член 3.б од Истанбулската Конвенција „домашното насилство“ ги означува сите акти на физичко, сексуално, психичко односно економско насилство што се случуваат во рамките на семејството или домаќинството односно помеѓу поранешни или сегашни сопружници или партнери, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не;

[2] Член 3 став (3) од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, конкретно ги именува следните лица: родители, деца, поранешен или сегашен брачен или вонбрачен другар, лица што имаат заедничко дете, лица што живеат во заедничко домаќинство и лица што се наоѓаат во блиски лични односи (поранешни или сегашни партнери, вклучително и партнери од истополови врски);

[3] Член 122 став (21) од Кривичниот законик го дефинира „семејното насилство“ како: малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.

[4] Според член 186 став (1) од Кривичниот законик силувањето е дефинирано како: „Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од три до десет години“;

[5] Многу често, жртвите, од различни причини, честопати и под притисок на насилниот партнер, или околината, се одлучуваат на ваквиот чекор, со што кривичното дело останува неказнето.

[6] Најчести сторители на семејното насилство се мажите, а најчести жртви на семејното насилство се жените. Поради ова, семејното насилство има нагласен родов карактер, следствено на што оправдано се сврстува во категоријата на родово-базирано насилство (насилство кое е насочено против определено лице поради родовата улога која му се наметнува на тоа лице во определен историски, социјален, културен и економски контекст, односно против определено лице чие однесување не корелира со така наметнатата родова улога);

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е напишан во рамки на грантот обезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото министерство за надворешни работи. 

Мислењата изразени во овој текст не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • January 31, 2022
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram