Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.

Gato sem Rabo (мак. Мачка без опашка), првата книжарница во Бразил специјализирана за дела исклучиво напишани од жени, деновиве ги отвори вратите за јавноста. Позади иницијативата стои Јоана Штајн (Johanna Stein), модел со завршени студии по визуелни уметности, која решава да се зафати со издавачкиот бизниз без никакво претходно искуство со книжевниот пазар.

Името на книжарницата е позајмено од познатиот есеј на Вирџинија Вулф, „Сопствена соба“ (A Room of One’s Own, 1929) во кој таа пишува за ограничувањата на жените авторки. Жените се оневозможени да пишуваат првенствено поради недостатокот на соодветни материјални услови (немање сопствен простор – сопствена соба), но и поради општествената неприфатеност. На почетокот на 20-тиот век, во британскиот, но и светскиот контекст, жените сè уште не биле сметани за доволно интелектуално способни да продуцираат дела вредни да се најдат во канонот, па да налеташ на жена интелектуалка е исто како да најдеш мачка без опашка (“a tailless cat”) во дворот – таа е нецелосна и местото не ѝ е таму.

Оттука идејата за книжарница која ќе го носи името Мачка без опашка или како што велат тие на својот Инстаграм профил: „Името им оддава признание на жените кои пишуваат, кои лишени од време, простор и легитимитет, имаа(т) смелост и храброст да пишуваат – или не нашле друг излез освен овој.“

Во интервју за Você S/A, Јоана раскажува како дошла до идејата за овој проект. „Идејата ја добив додека работев на истражување од областа на визуелните уметности. Имено, од неможноста да најдам трудови на жени собрани на едно единствено место, се роди желбата да го создадам тоа место. Две години се среќавав и разговарав со луѓе од областа на издаваштвото и го спремав каталогот на книги напишани од жени. Во поголемите градови во Бразил повторно се појавуваат малите издавачки куќи и книжарници, но тие главно ги реиздаваат веќе објавените дела и едиции. Во големите метрополи како Париз, Лондон и Њујорк, работите стојат поинаку. Таму малите книжарници претендираат да бидат специјализирани.“

Сепак, ако ги погледнеме статистиките, во 2018 год, 50.5% од приходите на издавачите доаѓале токму од физичките продавници. Во 2019, оваа бројка се симнала на 41,6%, а во 2020 изнесувала само 30%. Од Você S/A ја прашуваат:

VC: Издаваштвото е во криза и голем број издавачки куќи ги затворат своите врати. Од каде доаѓа одлуката да отворите физичка продавница?

Ј: Издаваштвото не е во криза, туку моделот кој се користеше. Во моментов се предлагаат алтернативни модели. Отворањето на физички продавници и подемот на независното издаваштво се дел од тоа движење. Одлучивме да отвориме продавница за да ја нагласиме важноста на физичкиот простор како простор за меѓучовечки контакт. Успеавме да го победиме алгоритамот кој не е способен за размена и дијалог.

Оваа книжарница е обид да се гледа на издавачката дејност од поинаква перспектива од онаа доминантната на привилегираниот западен бел маж. Да се погледне од перспективата на жените, дисидентските тела, родово флуидните и небинарните, перспективата на Југот, итн. Идејата е да се зголеми видливоста на сите они мачки без опашки кои биле протерани од универзалниот канон.

Во Gato sem Rabo ќе можат да се најдат секакви жанрови и теми. Поезија, фикција, раскази, теориски дела, книги за деца и млади, книги за уметност, итн. На површина од 65 м², во книжарницата ќе има околу 1,700 наслови од 650 авторки, издадени од околу 200 издавачи. Планирано е да има и кафич каде би се одржувале книжевни дискусии кога ќе стивне пандемијата.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • June 15, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • Од Мартина Стојковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram