Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта

Превод од англиски јазик: Анастасија Василевска, Благоја Јовановски и Дарко Мицевски

под менторство на Румена Бужаровска и Благица Димитрова

 

Како општество, се срамиме од љубовта. Ја сметаме како нешто непристојно. Колебливо си ја признаваме. Дури и кога го изговараме самиот збор пелтечиме и поцрвенуваме… Љубовта ни е најважното нешто во животот, страст за којашто би се бореле или умреле, а сепак несигурно подзастануваме кога ја спомнуваме. Без прилагодлив речник, не можеме директно ни да говориме, ниту пак да мислиме за љубовта.

𑁋 Дијана Акерман

 

Мажите во мојот живот се тие што секогаш биле претпазливи да не го употребуваат зборот љубов туку така. Претпазливи се бидејќи сметаат дека жените ја преувеличуваат љубовта. Добро знаат дека нашето мислење за љубовта не е секогаш исто со нивното. Забуната околу значењето на зборот љубов е изворот на тешкотиите што ги имаме во љубовта. Доколку општеството имаше заедничко сфаќање за значењето на љубовта, тогаш чинот на љубење немаше да биде толку мистифициран. Дефинициите за љубовта во речниците обично ја нагласуваат романтичната љубов и тоа првенствено ја дефинираат како: „длабока емотивна наклонетост, страсно чувство кон некоја друга личност, особено кога се заснова врз сексуална привлечност‘‘. Секако, има и други дефиниции коишто укажуваат на тоа дека човек може да има такви чувства и без сексуален контекст. Меѓутоа, длабока наклонетост е несоодветен опис за значењето на љубовта.

Кога станува збор за љубовта, повеќето книги се обидуваат да избегнат јасни дефиниции. Во воведот на книгата Природонаучна историја на љубовта од Дијана Акерман, таа го наведува следново: „Љубовта е она најнеобјаснивото.‘‘ Неколку реченици подолу вели: „Сите признаваат дека љубовта е прекрасна и неопходна, а сепак никој не може да се согласи што значи‘‘. Срамежливо додава: „Го користиме зборот љубов на таков немарен начин што може да не значи речиси ништо или да значи апсолутно сѐ‘‘. Во нејзината книга нема дефиниција што би му била од помош на некој којшто се обидува да ја научи уметноста на љубовта. Но сепак, таа не е единствена што ја опишува љубовта на неразбирлив начин. Кога самото значење на зборот е загадочно, не треба да ни е чудно тоа што повеќето луѓе се мачат да дефинираат што мислат кога ќе кажат љубов.

Замислете колку ќе ни беше полесно да научиме да љубиме доколку поаѓавме од една заедничка дефиниција. Зборот љубов најчесто се дефинира како именка на англиски, а сепак попроникливите теоретичари на љубовта се согласуваат дека сите би љубеле подобро ако го употребувавме како глагол. Со години барав значајна дефиниција за зборот љубов и многу ми олесни кога ја најдов во книгата за самопомош на психијатарот М. Скот Пек Патот по кој помалку се оди, првпат издадена во 1978 година. Повикувајќи се на творештвото на Ерих Фром, ја дефинира љубовта како „волја да се вложиш себеси со цел да го негуваш сопствениот или нечиј друг духовен развој‘‘. Понатаму продолжува: „Љубов е тоа што го правиме. Љубов е чин на волја — имено, и намера и дејство. Волјата подразбира и избор. Не мора да љубиме, туку избираме да љубиме.“ Бидејќи мора да избереме да го негуваме развојот, оваа дефиниција е спротивна на широко прифатената претпоставка дека љубиме инстинктивно.

Секој што го видел процесот на растење на едно дете од моментот на раѓање па натаму, точно знае дека бебињата пред да го научат јазикот, пред да ги препознаат своите негуватели, реагираат на топлата грижа. Најчесто одговараат со звуци или задоволен изглед. Како што растат, возвраќаат на топлина со топлина, гугајќи кога ќе го видат саканиот негувател. Топлината е само една состојка на љубовта. За вистински да љубиме, треба да научиме да мешаме различни состојки — грижа, топлина, вреднување, почит, посветеност, доверба, како и искрена и отворена комуникација. Со тоа што учиме неисправни дефиниции за љубовта кога сме мали, тешко ни е да љубиме кога сме возрасни.  Започнуваме упатени кон вистинскиот пат, но потоа го грешиме правецот. Повеќето од нас многу рано учиме да ја гледаме љубовта како чувство. Кога чувствуваме силна привлечност кон некого, катексираме со него; односно, вложуваме чувства или емоции во него. Овој процес на вложување при којшто наш сакан ни станува важен се нарекува катекса. Во својата книга, Пек со право потенцира дека повеќето ја мешаме катексата со љубовта. Сите знаеме колку често поединци што чувствуваат блискост кон некого преку процесот на катекса тврдат дека ја сакаат таа личност и покрај тоа што ја повредуваат или занемаруваат. Бидејќи нивното чувство соодветствува со катексата, тврдат дека тоа што го чувствуваат е љубов.

Кога ја сфаќаме љубовта како волја да го негуваме сопствениот или нечиј друг духовен развој, станува јасно дека не може да тврдиме дека љубиме ако повредуваме и злоупотребуваме. Љубовта и злоупотребата не може да постојат истовремено. Злоупотребата и занемарувањето се по дефиниција спротивни на грижата и негата. Често слушаме како некој маж си ги тепа децата и жената, а потоа оди во најблискиот бар и страсно изјавува колку многу си ги сака. Ако разговарате со жената кога е расположена, можно е и таа да тврди дека тој ја сака, без разлика на насилството. Огромен број од нас потекнуваат од дисфункционални семејства каде што ни велеле дека нешто не во ред со нас, сме биле омаловажувани, вербално и/или физички злоупотребувани, и емоционално занемарени, и тоа додека нѐ учеле да веруваме дека сме сакани. За повеќето од нас, едноставно е страшно да прифатиме дефиниција за љубовта со која веќе нема да мислиме дека во нашето семејство има љубов. Голем дел од нас имаме потреба да се држиме за некој поим за љубов според кој злоупотребата е прифатлива или според кој, во најмала рака, она што се случило не изгледа баш толку лошо.

Бидејќи пораснав во семејство во коешто агресивното омаловажување и вербалното понижување постоеја истовремено со топлината и грижата, тешко ми беше да го прифатам терминот дисфункционално. Поради тоа што се чувствував и сѐ уште се чувствувам приврзана кон моите родители и браќа и сестри, и сум горда на сите позитивни аспекти од нашиот сeмеен живот, не сакав да нѐ опишам користејќи термин што индиректно упатува дека нашиот заеднички живот бил само негативен или лош. Не сакав моите родители да мислат дека ги обезвреднувам; бев благодарна за сето добро што го сториле за семејството. Со помош на терапија почнав да го гледам терминот „дисфункционално” како корисен опис, а не како апсолутно негативна осуда. Семејството од каде што потекнувам, низ целото мое детство, беше и сѐ уште е дисфункционално. Тоа не значи дека истовремено не е и средина каде што постојат топлина, радост и грижа.

Знаеше да се случи некој од родното семејство да ми посвети внимание и да го уважи и поддржи тоа што бев паметна девојка. Неколку часа подоцна, ќе ми кажеа дека токму поради тоа што сум паметна, сигурно ќе сум полудела и ќе сум завршела во лудница каде што никој немало да ме посетува. Не е чудно што оваа необична мешавина од грижа и нељубезност не влијаеше позитивно на мојот духовен развој. Ако ја применам дефиницијата на Пек за љубовта врз сопственото искуство од детството во родниот дом, не би можела искрено да го опишам како полно со љубов.

Кога на терапија ме притиснаа да го опишам моето родно семејство, морав болно да објаснам дека дома не се чувствував сакана, но чувствував дека се грижат за мене. А надвор од родното семејство се чувствував искрено сакана од страна на индивидуални членови на семејството, како дедо ми. Ова искуство на искрена љубов (комбинација од грижа, посветеност, верба, знаење, одговорност и почит) ми го негуваше повредениот дух и ми овозможи да ги преживеам безљубовните чинови. Благодарна сум што израснав во грижливо семејство и цврсто верувам дека доколку родителите на моите родители ги сакале како што треба, и тие би ја пренеле таа љубов на своите деца. Тие ни го дадоа тоа што и тие го добиле: грижа. Да напоменам, грижата е еден аспект на љубовта, но ако пружаме само грижа не значи дека сакаме.

Како и многу возрасни што биле вербално и/или физички злоупотребувани како деца, така и јас долг период од животот се обидував да ги порекнам лошите нешта што се случиле, обидувајќи се да се придржувам само кон добрите и слатки моменти во кои имав почувствувано како некој да се грижи за мене. Во мојот случај, колку поуспешна станував, толку повеќе сакав да престанам да зборувам за вистината за моето детство. Честопати, критичарите на литературата за самопомош и програмите за закрепнување прават да изгледа како сите да сме спремни да прифатиме дека родните семејства ни биле, се, или и продолжуваат да бидат дисфункционални и со недостаток на љубов. Но, сум забележала дека многумина, како и јас, без разлика дали сме израснале во дом со претерано насилство и злоупотреба или не, избегнуваме да прифатиме какви било негативни критики за нашите искуства. Обично, потребна е некаква терапевтска интервенција, дали преку литература која нѐ учи или просветлува или преку терапија, за голем дел од нас воопшто да почнеме критички да ги испитуваме искуствата од детството и да признаеме на кои начини тие влијаат на нашето однесување како возрасни.

Голем дел од нас тешко прифаќа дефиниција за љубовта која вели дека не сме сакани во контекст каде што има и злоупотреба. Повеќето психички и/или физички злоупотребувани деца се научени од родителите дека љубовта може да оди рака под рака со злоупотребата. А во екстремни случаи, дека злоупотребата е дури и израз на љубов. Ова неисправно размислување често ја обликува нашата перцепција за љубовта како возрасни. Па така, исто како што не се одлепуваме од идејата дека тие што нѐ повредувале како деца нѐ сакале, така се обидуваме да го рационализираме и тоа кога друг возрасен ќе нѐ повреди со тоа што се убедуваме дека нѐ сака. Во мојот случај, многу од начините на омаловажување на коишто бев изложена како дете, продолжија и во моите романтични врски. На почетокот не сакав да прифатам дефиниција за љубов што ќе ме натера да се соочам со можноста дека не сум искусила љубов во моите први врски. По години терапија и критичко преиспитување, конечно успеав да прифатам дека не треба да постои стигма кога признаваме дека имало недостаток на љубов во нашите почетни врски. И, ако целта е закрепнување, да ни биде добро на душата, дел од процесот на залечување е искрено и реално соочување со безљубовноста. Недостигот на постојана љубов не значи дека грижата, топлината или задоволството не се присутни. Всушност, моите долги романтични врски, исто како врските во моето семејство, беа толку исполнети со грижа, што лесно ѝ прогледав низ прсти на континуираната емоционална дисфункција.

За да ја променам безљубовноста во моите први врски, морав прво да научам одново што значи љубов и оттаму да научам како да љубам. Прифаќањето на јасна дефиниција за љубовта беше првиот чекор во тој процес. Како и многу други што постојано ја препрочитуваат Патот по кој помалку се оди, благодарна сум добив дефиниција за љубовта која ми помогна да согледам каде ми недостига љубов во животот. Имав дваесет и нешто години кога за првпат почнав да ја разбирам љубовта „како волја да се вложиш себеси со цел да го негуваш сопствениот или нечиј друг духовен развој“. Сепак, ми требаа години за да ги отфрлам научените шаблони на однесување кои ми ја уништуваа способноста да пружам и примам љубов. Еден од тие шаблони кои особено ја отежнуваа љубовта беше тоа што постојано одбирав да бидам со емоционално повредени мажи кои иако посакуваа да бидат сакани, не беа заинтересирани да сакаат.

Сакав да ја чувствувам љубовта, но ми беше страв да се предадам и да ѝ верувам на друга личност. Се плашев од интимност. Со оглед на тоа што избирав мажи што не беа заинтересирани да сакаат, можев да практикувам да изразувам љубов, но секогаш во контекст кој не ме исполнуваше. Се разбира, потребата од љубов не ми беше задоволена. Го добивав она на коешто бев навикната – грижа и топлина, обично помешани со некој степен на нељубезност, занемарување, а во некои ситуации, отворена суровост. Понекогаш и јас бев нељубезна. Потребно ми беше време за да сфатам дека иако сакав да почувствувам што е љубов, стравував да бидам навистина блиска со некого. Голем дел од нас бираме врски со топлина и грижа во кои никогаш нема да има љубов, затоа што се чувствуваме побезбедни во нив. Тие врски не бараат толку многу како љубењето. Ризикот не е толку голем.

Многумина од нас се желни за љубов, но немаме храброст да ризикуваме. Иако сме опседнати со идејата за љубов, всушност повеќето од нас живееме релативно пристојни и до некаде исполнети животи, иако честопати се чувствуваме како да ни недостига љубов. Во ваквите врски, има вистинска топлина и/или грижа. На поголемиот дел од нас ни се чини дека тоа е доволно, бидејќи е многу повеќе од она што сме го добивале во родните семејства. Несомнено, на многумина од нас ни е поприфатлива идејата дека љубовта може да има различно значење за секого токму затоа што кога прецизно и јасно ја дефинираме, нѐ принудува да се соочиме со нашите недостатоци – со страшната отуѓеност. Всушност, премногу луѓе во нашата култура не знаат што е љубов. И ова незнаење е како некоја ужасна тајна, недостаток што мора го криеме.

Да добиев јасна дефиниција за љубовта порано во животот, немаше да ми треба толку време за да станам личност што знае да љуби. Да имавме едно заемно сфаќање со другите за тоа што значи да љубиш, ќе ни беше полесно да создаваме љубов. Жалосно е што многу понови книги за љубовта и понатаму тврдат дека дефинициите за љубовта се непотребни и безначајни. Или уште полошо, авторите наведуваат дека љубовта треба да има различно значење за мажите и жените – дека половите треба да ja почитуваат и да се прилагодат на неможноста да комуницираат бидејќи не го делат истиот јазик. Овој вид на литература е популарен бидејќи не бара промена на овие вкоренети мислења за родовите улоги, културата, или љубовта. Наместо да споделува стратегии што би ни помогнале да научиме да сакаме, нѐ поттикнува сите да се прилагодиме на околности во кои недостига љубов.

Жените многу повеќе од мажите трчаат да купат ваква литература. Тоа го правиме бидејќи колективно сме загрижени за безљубовноста. Бидејќи многу жени веруваат дека нема да искусат исполнета љубов, спремни се да се задоволат само со стратегии што помагаат да се намали болката и да се зголеми спокојот, задоволството и разиграноста во постоечките врски, особено во романтичните. Не постои средство во нашата култура преку кое читателите ќе им се спротивстават на авторите на оваа литература. Па така, не знаеме дали воопшто е корисна, дали поттикнува конструктивна промена. Фактот што повеќе жени од мажи консумеристички трошат пари на книги за самопомош и со тоа ги прават бестселери не докажува дека ваквите книги навистина ни помагаат да си го промениме животот. Имам купено еден куп книги за самопомош, но само неколку ми влијаеле на животот. Истото важи и за многу други читатели.

Недостигот на постојан јавен дијалог и јавна политика за практикување на љубовта во нашата култура и нашите животи значи дека сѐ уште ги гледаме книгите како главен извор на совети и насоки. Голем број читатели ја прифаќаат дефиниција на Пек за љубовта и ја применуваат врз нивниот животот со цел да си помогнат и да го променат. Дефиницијата може да ја рашириме ако се повикуваме на неа во секојдневни разговори, не само кога разговараме со други возрасни личности, туку и во разговорите со децата и тинејџерите. Ако интервенираме во загадочните претпоставки дека љубовта не може да се дефинира со тоа што ќе понудиме изводливи, корисни дефиниции, веќе создаваме контекст во кој љубовта може да расте.

Некои луѓе имаат проблем со дефиницијата на Пек за љубовта бидејќи го користи зборот „духовна.“ Тој алудира на аспектот од нашата суштина каде што умот, телото и духот се едно. Човек не мора да е верник од одредена религија за да ја прифати идејата дека во личноста постои движечки принцип – животна сила (некои ја викаме душа) што кога се негува, го зголемува капацитетот да сме почесто целосно себереализирани и способни да стапиме во заедништво со светот околу нас.

Ако почнеме да ја сфаќаме љубовта како дејство, наместо чувство, би имале еден начин преку кој секој што ќе го користи зборот во таа смисла, автоматски ќе си претпостави одговорност и обврска. Често нѐ учат дека не можеме да ги контролираме „чувствата“. Сепак, повеќето прифаќаме дека самите си ги бираме постапките, дека дејствуваме според нашата намера и волја. Исто така, прифаќаме дека за нашите дејства има последици. Ако почнеме да мислиме дека всушност дејствата ги обликуваат чувствата, би можеле да се ослободиме од некои општо прифатени претпоставки, како на пример дека родителите си ги сакаат децата, или дека некој едноставно ќе се „заљуби‘‘ без волја или избор, дека постојат нешта како „злодела од страст‘‘, односно ја убил бидејќи премногу ја сакал. Ако постојано се потсетуваме дека љубов е она што го правиме, нема да го користиме зборот на начин што го обезвреднува и деградира неговото значење. Кога љубиме, отворено и искрено покажуваме грижа, топлина, одговорност, почит, посветеност и доверба.

Дефинициите се неопходни појдовни точки за имагинацијата. Она што не можеме да го замислиме, не може да се оствари. Добрата дефиниција ќе ја обележи појдовната точка и ќе ни покаже каде сакаме да стигнеме. Како што се доближуваме до нашето посакувано одредиште, си го исцртуваме патувањето и создаваме мапа. Потребна ни е мапа што ќе нѐ води низ патувањето до љубовта – почнувајќи од точката каде што знаеме на што мислиме кога говориме за љубовта.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • February 2, 2023
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За Ендру Тејт и загрoзените машки видови
Феноменот Ендру Тејт не треба да ни претставува никакво изненадување, зашто тлото за подемот на една толку токсична, но привлечна, медиумска персона беше веќе убаво оплодено од квази интелектуални Јутуб ликови исплашени од таканаречената woke култура и женското омоќување, на чело со Џордан Питерсон. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ
На 27 септември во „Чифте Амам“, во 19 часот се отвара изложбата „Доаѓаме со поклон“ на познатата босанска уметница Шејла Камериќ.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Ирена Цветковиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram