Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
Елисавета Димовска е личен тренер, нутриционистка и технолог за веганска исхрана од Битола која со години работи на градење на силата на своето тело и им помага на другите луѓе да ги достигнат своите фитнес цели. Добро и е познат патот на личната трансформација и пропагира лични животни промени кои се вкоренети во безусловната љубов кон себе. Во вежбањето гледа алатка за подобрување на физичкото и менталното здравје и инспирира преку сопствениот пример. Наспроти тесните рамки за дефинирање на женственоста таа бои надвор од линиите, а преку својата пракса и социјални медиуми ги охрабрува  жените да се изборат со општествени теограничувања и да бидат доследни на себе. Ја имав честа да ми биде нутриционистка и откако посведочив колку е посветена на својата работа, но и колку внимава на менталното здравје на своите клиенти решив да направам едно интервју со неа. Разговорот го водеше Бисера Илкоска.

 

 

Според некои гледишта, конецот на кој се држи женственоста е убавината, а машкоста на силата. Следствено, развивањето на физичката сила кај мажите е дозволена и охрабрувана, додека пак кај жените не, од страв дека ќе биде фатално за женственоста. Патријархалното чудовиште сака да нè држи потчинети на тоа традиционално чувство за естетика. Дали си се соочила со ваквиот страв и што би им порачала на девојките кои го чувствуваат, а истовремено чувствуваат и желба за вежбање?

 

 

Секојдневно се соочувам со вакви коментари, размислувања кои најчесто ми се послужени како добронамерен совет. За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место? Која е таа општествена фобија од развивање на физичка сила кај жените? Зошто би нè правело помалку жени тоа да сме физички силни? А, она што е исход од овој начин на размислување е тоа што многу жени никогаш нема да дознаат на што сè нивното тело е способно, токму поради стравот дека ќе ја изгубат женственоста и дека физичката сила е одлика на мажите. На девојките кои се соочиле со ваков страв можам да им кажам дека женското тело е способно и силно, а градењето на физичка сила и кондиција ќе им помогне да избегнат многу од хроничните болести кои доаѓаат со годините. Бидете доволно силни да го сакате најдоброто за себе и за вашето тело, никој и ништо нека не стои на патот до – посилна јас.

 

Секоја жена би требало да има своја дефиниција за женственост која е независна од родовите стереотипи и во склад со сопствените желби и способности. Што претставува женственост за тебе?

 

 

Не ја сакам дефиницијата и она што женственоста го означува како поим во нашето општество, исто како и маженственост. Овие поими служат за да стават рамки на тоа што треба да биде една жена или еден маж, односно што те прави, вистинска жена или вистински маж. Самиот поим укажува дека не секоја жена е женствена и исклучува одредени жени. Наспроти тоа, јас сметам дека женственоста е нешто што жената го има во себе, како став и начин на кој се носи и доживува себеси. Ниту една жена не треба да се труди да е „женствена“ и притоа да ризикува да го изгуби она што е или сака да биди и прави, само за да влезе во таа рамка и дефиниција.

 

Начинот на кој ти го оформуваш своето тело е преку кросфитот. Тој претставува фитнес режим кој вклучува повеќе дисциплини како дигање тегови, гимнастика и кардио вежби кои се вршат со голем интензитет. Кросфитот сè уште се смета за машки домен. Дали постои сомневање за женската способност во теретаната како еден вид на суптилен сексизам?

 

Родена сум и живеам во мал град, каде сè уште не е прифатено жени да креваат тежини или да имаат цели да креваат големи тежини. Особена кочница имав на почетокот кога започнав да работам како тренер, многу сметаа дека не е тоа работа за жена. Не можам да набројам колку пати ми било кажано од страна на мажи полека, не работи со големи тежини, треба да раѓаш. Овие примери укажуваат на тоа како се гледа на женското тело.

 

До сега многу често гледам фитнес тренери кои постираат „fat shaming“ содржина на социјалните мрежи, вообичаено затскриен зад доза на хумор. Ваквите слики не само што можат да ја нарушат довербата која клиентот ја има во својот тренер, туку и негативно влијаат врз менталното здравје. Што мислиш ти за засрамувањето на дебелите тела во јавниот простор, особено кога тоа доаѓа од фитнес тренери?

 

 

Во време на сериозни растројства на исхрана, кои носат фатални последици врз физичко и ментално здравје, крајно го осудувам овој пристап. Сметам дека како тренери треба да сме едуцирани на оваа тема и последиците кои ги имаат тие растројства. Никој, никогаш не направил здрава промена поттикната од омраза и срам од самиот себе. Секоја промена треба да започне со љубов кон сам себе и своето тело. Фитнесот е за цел живот, нема крајна дестинација – се надградуваме себеси, го подобруваме нашето секојдневие, ден по ден. Никогаш не сум кажала на клиент дека нешто не е во ред со начинот на кој изгледа, она што правам е им давам алатки, техники за тоа како да станат физички посилни и поздрави, а во ниту еден момент не се фокусирам на естетиката на телото. Ако го изградиш твоето тело да е поздраво, пофункционално, побрзо и посилно, тогаш естетиката е само гратис.

 

Живееме во свет на фитнес култура каде сме опкружени со фотографии на совршени фитнес тела. За да се постигне тоа потребна е голема посветеност. За жал, брзиот начин на живот тоа не им го дозволува на многумина. Дали е возможно да се води здрав живот само со квалитетна исхрана?

 

Она што сакам да го потенцирам е дека многу често резултатите кои ги гледате на слики се привремени, а јас не ни препорачувам да се одржува толку низок процент на телесни масти преку цела година. На сликите кои ги постирам од мои резултати секогаш потенцирам колку време ми требало за да стигнам до таа форма и колку време е одржлив тој процент на телесни масти. Квалитетната исхрана е клучна за одржување и унапредување на здравје, но, сепак да не се изостави физичка активност во целост. Прави колку можиш со времето и условите кои ги имаш. Секој можи да оддвои 4 часа неделно за активност која ќе му го зголеми квалитетот на живот.

 

Уште едно поле на кое рушиш стереотипи е тоа што си сертифицирана нутриционистка за исхрана. Веганството е начин на живот според кој не се конзумираат ниту користат никакви продукти од животинско потекло. Во време на климатски промени темата за веганството станува многу актуелна. Менито на овогодинештните Golden Globes беше целосно веганско, а познати личности како Хоакин Феникс го ставаат под лупа проблемот со поврзаноста на климатските промени и месната индустрија. Која беше главната причина за да се одлучиш за ваквата исхрана ?

 

Прва и главна причина беше етичкиот аспект, односно беспотребното убивање на животни и штетата која произлегува од масовното производство на животни врз животна средина. Студирајќи нутриционизам, истражував за тоа како системот на исхрана влијае врз јавното здравје, а подоцна го открив влијанието врз животната средина. Само кравите (кои се произведени во оваа индустрија, односно не би постоеле во ваков број доколку не би постоела оваа индустрија) произведуваат повеќе стакленички гасови од цела транспортна индустрија заедно (автомобили, авиони…заедно). Ова е поради тоа што кравите произведуваат метан кој е до 100 пати поштетен од јаглероден диоксид. Да не постоеше индистријата за месо кравите не би постоеле во ваква форма и ваков број, истите се оплодуваат вештачки и не би било можно на природен начин да ги има со толкава застапеност. Друга причина е и отпадот од тие индустрии и водата потребна за производство на тој краен производ. Фактор е и храната со која се храни животното преку цел живот. Огромни површини земјишта се сечат секоја секунда за одгледување храна за животни, додека деца умираат од глад. Она што ми остана во глава уште прв пат кога го слушнав е дека секоја секунда се сечи површина од фудбалско игралиште во Амазонот, за одгледување на храна за животни, што секако води до екстинкција на многу диви животни. Земајќи сè ова предвид, како и фактот дека е непотребно сурова индустрија, сфатив дека веганскиот начин на исхрана и живот е идеален за мене, бидејќи е единствен начин да предизвикувам минимална штета врз животни и животна средина, а истовремено нема да ме попречи да постигнувам исти резултати во фитнес, без притоа на никаков начин да наштети на моето здравје.

 

Следење на вегански начин на исхрана значи дека твојот мускул е изграден од кросфит, тофу и чиста емпатија. Луѓето често се загрижени дека ваквата исхрана може да доведе до протеински дефицит, па и дефицит на други нутриенти и не веруваат дека со неа може да се градат мускули. Како се оформуваат вегански мускули без да му се наштети на здравјето?

 

За градење мускул, основно е да се има соодветен тренинг со прогресија. Доколку се запрашувате дали одредена фитнес рутина ќе направи да градите мускул, запрашајте се дали тие движења во таа рутина имаат прогресија? Доколку не сте во калориски дефицит и тренирате со прогресивно оптоварување (прогресивно зголемување на тежини и повторувања), не е можно да не изградите мускулна маса, односно да го оформите вашето тело на посакуваниот начин. Не го негирам значењето на протеините во овој процес. Доколку комбинирате различни извори на растителни, со сигурност ќе ги внесите сите есенцијални амино-киселини (од кои се изградени протеините). Поедноставно – осигурајте се дека внесувате доволно калории и протеини, бидејќи градењето мускулна маса бара трпение и време.

 

Неретко на интернет кружат видеа од лабаратории кои тестираат козметика на животни и можеме да го посведочиме пеколот низ кој тие поминуваат. Можеш ли да дадеш неколку предлози за веганска козметика која е cruelty free, а ефективна?

 

Не сум некој експерт во ова поле, но секогаш користам козметика која е веганска и не е тестирана на животни.

НАПИШАНО ОД:
  • Бисера Илкоска
  • July 6, 2020
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram