Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.

Јас во секој момент сум себеси, не можам да бидам некој друг. Но мојата држава ме форсира да бидам некој друг, некое сеќавање на човек што веќе не е тука. Сè дур оваа земјa не ми дозволи легално да бидам тој што сум, нема да бидам “како себеси”. Јас се осеќам најсакано, најубаво, свој и “како себеси”, само кога се замислувам или кога работам со заедницата да креирам земја што ќе ми дозволи потполно, без срам и без страв, да ги осетам овие чувства. (транс маж)

Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година. Иницијативата за одбележување на денот на видливоста доаѓа од трансродовата активистка Рејчел Крендел, како своевиден пандан на денот на сеќавањето, кога се комеморираат сите трансродови личости кои биле убиени како резултат на трансфобијата.
Сепак, кај нас (како и во многу делови од светот), тешко е да се зборува за видливост, кога трансродовите личности се најчесто невидливи, отфрлени и дискриминирани од најблиската околина, во образовниот процес, здравствените, правните и останатите институции. Тешко е да се зборува за видливост, кога кај нас (како и во многу делови од светот), да се биде трансродова личност често значи да се преживува, а не да се живее.

Според некои истражувања, околу 30% од трансродовите луѓе се обиделе да извршат самоубиство, бидејќи преживување не е еднакво на живот. Трансродовите луѓе се поподложни на семејно насилство, сексуално насилство, полициско насилство, бездомност, социјална исклученост и сироматишија, а во комбинација со други интерсекции ризикот од нислство или директна дискриминација може да е уште повисок. Тешко е да се зборува за видливост, кога историјата на транс луѓето за поголемиот број луѓе е непозната (иако често е историјата на безусловен отпор и бунт), а автентичните трансродовите идентити и наративи не се дел од наративите кои ги градат нашите идентитети, претставени преку литературa, филмови, серии, магазини, вести, апликации, социјални медиуми, итн…

Оваа исклученост е пресликана и во нашиот правен систем, кој пред вклучувањето на родовиот идентитет во новиот Закон за зашита од дискриминација, практично не го препознаваше родовиот идентитет како можен маркер на различен општествен третман. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани, но со оглед на тоа што Комисијата за заштита од дискриминација дури сега полека почнува со работа, останува да ја видиме имплеменациајта на законот на дело. Од друга страна, иако оваа победа е од особена важност, законоското решение кое веќе со години го чека и за кое застапува транс заедницата е она за правно признавање на родот. Иако ова е клучен чекор за признавање на трансродовиот идентитет во правниот систем, Македонија е една од малкуте земји во Европа која го нема направено.

Во својата колумна на темата објавена во 2018 година д-р Ирена Цветковиќ потсетува што овој закон значи за живеаното искуство на транс луѓето.

„Правното признавање на родот на прв поглед делува како банална битка за административни процедури кои не го засегаат секојдневниот живот на луѓето. Сепак, искуствата на трансродовите луѓе говорат за поинаква ситуација. Правното признавање на родот е есенцијално за трансродовите луѓе да можат да живеат достоинствен живот. Во Македонија, личната документација значи пристап до најосновни добра и услуги. Во случаи на отсуство на документи кои го рефлектираат нашиот род или родовиот идентитет како личната карта, пасошот и матичниот број, учеството во општествениот живот станува проблематично.“

Непостоење на можноста да се сменат ознаките на пол во личните документи значат отежнато секојдневие и изложеност на дополнителен стрес, страв, траума, недоразбирање, исмејување, барање за појаснување, неуспех и насилство. Соочени со опцијата за ваков тип на акутен, секојдневен стрес, голем дел од трансродовите луѓе остануваат отсечени од системот на општествени добра и услуги, па „голем дел од нив не посетуваат лекар (заради податоците во здравствената книшка), избегнуваат да патуваат надвор од државата (заради податоците во пасошот) и не користат трансакциски сметки во банки (заради податоците во сметката и личната карта). Со други зборови, нивното здравје, мобилноста и благосостојбата се нарушени, а нивните животи се лишени од квалитет и достоинство.“

Немање законско решение за правно признавање на родот преставува замижување пред транродовоста, кое освен што води до директно системско исклучување, води и до игнорантност и слепо верување во родовиот идентитет како биолошка даденост.

Трансродовоста ја прославуваме, бидејќи го збогатува нашето постоење и ги предизвикува доктрините и правилата според кои се оркестирани нашите тела. Ги прославуваме успесите на трансродовите луѓе, бидејќи секоја победа на трансродова личност е и победа на слободата и изборот. Го прославуваме секој минат ден во родовиот идентитет кој ти дозволува да бидеш најдобрата верзија на себеси, бидејќи за таква промена е потребна храбост, која ретко која цис-родова личност може да ја разбере.

Секоја трансродова личност во себе носи приказни кои вреди да се слушнат и има лице кое треба да се види. Вистински да се види. Сепак, трансродовите луѓе се традиционално истиснати и избришани од јавниот простор. Тешко е да се зборува за видливост кога не е безбедно да излезеш пред камера и да раскажеш за својата реалност, во свое име. За да го прославивме овој ден, сакавме да доближиме неколку приказни на трансродовите личности околу нас, но повеќето од нив не се во можност да се претстават јавно. Овие анонимни приказни, треба да ни служат како поттик да бидеме дел од борбата за права и видливост на трансродовите личности, бидејќи никој не треба да го крие својот идентитет, своето автентично јас, да се чувствува безбедно и прифатено.

Има многу начини да се биде сојузник во оваа борба. Еве само неколку од нив:

1. Следи ја работата на трансродовите активисти и групи. Кај нас, во моментов активна е иницијативната ТрансФорма, која се бори заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Македонија.
2. Поддржи ги настаните кои ги прославуваат трансродовите идентитети. Оваа година, денот на видливоста се одбележува со онлајн кампања, наместо марш во јавниот простор. Нарадните години, на 31 март, излези на Марш за видливост, бидејќи физичката поддршка е важна.
3. Научи повеќе за транс историјата. Од примери за родови варијабилитети и родов неконформизам во антички култири, преку модерното користење на терминот трансродовост и немирите на Стоунвол започнати од транс жени, трансродовата историја е богата со примери на издржливост, борба и автентично живеење.
4. Научи да бидеш добар сојузник и пријател на трансродовата заедница или личностите во транзиција. Постојат многу ресури напишани/развиени од трансродови личности кои можат да ти помогнат во тоа. Секогаш обраќај им се на луѓето како што тие ќе ти кажат.
5. Научи ја разликата помеѓу пол, родов идентитет, родова експресија и сексуалност. Не е толку тешко.
6. Осигурај се дека женските простори се отворени и безбедни и за транс жени. Феминизмот кој активно ги исклучува транс жените не е феминизам.
7. Реагирај на трансфобичен јазик. Исмевањето, навредите и насилството кое го искусуваат трансродовите личности уште од најрана возраст мора да запре. Не дозволувај нормализација на јазик кој го овозможува овој третман.

 

Вечерва, направи пауза од серијата што обично ја гледаш и пушти си некој филм/серија која ќе те запознае со борбата на трансродовите луѓе. Мои топли препораки се прекрасната серија Pose и филмот Laurence Anyways.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • March 30, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram