Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 

Доколку нешто ни стана јасно последнава недела, тоа е дека Сеопфатно Сексуално Образование мора да се воведе што поскоро, и тоа како дел од формалниот образовен систем. Постојат многу митови за ССО, а  дел од нив се користат како аргументи против воведување на ССО во училиштата. Со цел да дознаеме сè што нè интересира за ССО, седнавме со Мери и Елена кои веќе неколку години работат на оваа тематика.

 

ХЕРА веќе многу години работи на Сеопфатно Сексуално Образование, користејќи различни методи. Дел од таа работа е врсничката едукација за ССО. Како може еден млад човек да стане врснички едукатор и како изгледа оваа програма?

 

Мери: Врсничката едукација почнува да се имплементира во 2015та година од страна на врсничките или peer едукатор/ки на ХЕРА. Станува збор за неформална едукација односно неформално образование каде што едукациите ги спроведуваат врснички едукатори на тема Сеопфатно Сексуално Образование. Врсничките едукатори се дел од младинската група ХераМлади и се акредитирани за да можат да да ја спроведуваат програмата. Сеопфатното сексуално образование (ССО) подразбира учење за когнитивниот, емоционалниот, социјалниот, и физичкиот аспект на сексуалноста. ССО се состои од 7 компоненти: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, врски и односи, насилство и различност. Во 2014та година од страна на ХЕРА и нејзини соработници е издаден „Прирачник за врсничка едукација за Сексуално репродуктивно здравје и права“ по кој соодветно врсничките едукатори ги спроведуваат едукациите. Прирачникот е едукативен, информативен и богат со работилници кои се интерактивни и ги поттикнуват младите преку игра и различни активности да дебатираат, размислуваат и делуваат на теми кои се од особено значење за нивниот развој , здравје и благосостојба. Начинот на сертифицирање на врсничките едукатори е преку „Тренинг за врсничка едукација“ кој ХЕРА го спроведува секоја година заедно со искусните „сениор“ едукатори и соработници кои се со експертиза во овие теми, а воедно и креатори на прирачникот. На тренингот преку отворен повик можат да аплицираат млади на возраст помеѓу 15 и 23 години.

 

Колку се информирани младите за своето сексуално и репродуктивно здравје според вашето искуство и колку се заинтересирани да слушаат/учат на овие теми?

 

Мери: Младите преку социјалните мрежи, околината, врсниците, родителите и наставниците, секојдневно се изложени на огромен прилив од информации кои генерално се неточни, некомплетни и полни со митови и предрасуди. Сѐ тоа придонесува до тоа да се конфузни, несигурни, со помала самодоверба и да немаат реална слика за себе и своето тело. Темите кои ги опфаќа ССО се теми кои ги засегаат и за кои имаат „безброј“ прашања во текот на нивниот раст и развој, но за жал немаат каде да ги добијат одговорите. Понекогаш некои од нив ја имаат таа привилегија да бидат во околина или семејство кое може да им одговори, но не сите ја имаат таа шанса. Ние цврсто се залагаме за еднаквост и еднаков пристап до точни информации за сите млади без разлика на нивната етничка припадност, социјална положба, сексуална ориентација итн… Одговорите кои младите не можат да ги добијат, мора да им бидат одговорени во рамките на образовните институции! Додека тоа не се случи, ние активно работиме на терен со неформалната едукација, обидувајќи се да бидеме тука за што повеќе млади, колку ни дозволуваат каппацитетите. Досега имаме едуцирано над 2000 млади луѓе ширум нашата држава, а едукациите се спроведуваат на македонски, албански и наскоро и на ромски и турски јазик.

 

Фотографија: Жарко Чулиќ
Сепак, тоа што навистина е потребно за подобри резултати е воведување на ССО како дел од формалниот образовен систем. Зошто ова е особено важно и зошто се уште не е воведено?

 

Елена: Учењето за емотивно телесната писменост во многу земји е различно решено. Она што треба да се знае е дека Европскиот пристап кон сексуалното образование е далеку подобар од оној во САД. Во Европа, во развиените западно европски држави односно најмногу во скандинавските земји, сексуалното образование е сеопфатно и вклучено во редовниот образовен процес одамна. Во многу земји се изучува преку содржини во различни предмети, во дел од земјите се изучува само за сексуално преносливите болести, ХИВ и контрацепција, а во дел од земјите се изучува неформално, но се смета дека концептот на посебен задолжителен предмет ги дава посакуваните резултати. Воведувањето на ССО во училиштата е бавен и тежок процес кој најчесто наидува на отпор, потребно е време за едукација на кадри, финансии, мерење на резултати, работа со родители и политичка волја. Групите што му се противат на сексуалното образование се најчесто верските организации, конзервативните партии и конзервативните групи на родители. Во Полска пред неколку недели се изгласа закон со кој учењето на ССО станува казниво дело, односно наставниците кои би предавале вакво нешто може и да завршат во затвор. Изминатите години ХЕРА спровела многубројни активности за вклучување на ССО но дури оваа година има мало поместување од долгогодишното status quo. Пред само десетина дена владата донесе одлука и ги задолжи Министерството за Образовнаие и Наука и Бирото за развој на образование да отпочне со пилот програма за ССО во 4 училишта. ХЕРА во соработка со експерти работи на изработка на материјали кои ќе послужат за едукација на наставниот кадар, а МОН има формирано работна група која е задолжена за изнаоѓање на финансиски средства за овој процес.

 

Во земјите со богата традиција на сексуално образовние, со младите се зборува и за сексуалното задоволство. Овој елемент иако важен, често не е застапен како дел од сексуалното образование. Ако ги учиме младите како се користи контрацепција, логично е и да ги учиме што претставува согласност, како можат да се самозадоволуваат или да ги задоволат своите партнери и партнерки и крајно, да го сакаат и слушаат своето тело… Според вас, зошто постојат кочници кога станува збор за зборување за сексуално задоволство со младите? На пример, еден од митовите против воведување на ССО е дека со тоа се стимулира рана сексуална активност кај младите. Сепак, статистиките зборуваат друго. Кој е вашиот коментар на ова?

 

Елена: Третирањето на сексуалните односи како прљава работа и ставајќи ги во контекст на тоа дека сексот служи само за репродукција, креира отпор и ги храни илузиите на конзервативците. Податоци од терен покажуваат дека децата започнуваат со сексуални односи во својата 13та година и тоа мора да се адресира. Стимулирањето на сексуална активност е еден од митовите кои го протежираат опонентите и конзервативците. Она што е најважно да се напомене е дека сите содржини од ССО се прикладни на возраста на младите и адолесцентите, а сексуалните односи не се третираат како срамна појава (во овој дел би напоменала за сексуалноста кај девојките, каде уште подоминантно се протежира дека мастурбирањето е срамна појава за нив, а со тоа се потиштува женската сексуалност, што води кон последици по родовата еднаквост и понатамошната положба на девојките и жените во општеството и домот). Сексуалната едукација продолжува и понатака низ целиот живот. Третирањето на сексуалните односи е само дел од ССО, а сите истражувања покажуваат дека после сексуална едукација младите подоцна пристапуваат кон сексуални односи. Тоа е она кое што најчесто опонентите на ваквата едукација го манипулираат и извртуваат. Содржините се креирани од експерти во областа, а се посветува огромно внимание на едукацијата на наставниот кадар и стручните лица кои го предаваат овој предмет. Сексуалната едукација се базира на принципот на еднаквост, почит, согласност и човекови права, и дава знаења и вештини на младите за донесување на информирани одлуки. Ги оснажнува младите да научат повеќе за предрасудите, стереотипите, дискриминацијата, а не ги учи како да имаат секс. Ова мора да се даде до знаење кога се зборува за сексуалната едукација.

 

Фотографија: Жарко Чулиќ
Младите денес имаат доста отворен пристап до сите содржини на интернет, а тоа значи дека голем дел од своето „знаење“ за сексот го добиваат од гледање порно филмови. Во кои аспекти ова е проблематично и како може ССО да одговори на овој предизвик?

 

Елена: Пред скоро време на вебинар добив информација од спроведена анализа дека 80% од мажите покажуваат насилно и агресивно однесување во односите на порно филмовите, а само 10% користат кондоми… – несвесно ваквите однесувања се отсликуваат во реалниот живот на младите, дефинитивно повеќе кај машките. Младите стекнуваат погрешна слика за релациите на моќ помеѓу партнерите, доминатноста на мажите се пресликува и во секојдневието, жените се портретирани како објекти и поседство на мажот, жените се тие кон кои е дозволиво да се врши насилство, за жените се создава слика дека не треба да доживуваат задоволство во сексуалниот однос и дека тоа е дозволиво само за мажите. Едноставно, жената е во подредена положба.
Во овој контекст мора да се спомене и силувањето. Фундаменталната поставка на феминистичката теорија за силувањето е дека тоа кривично дело е мотивирано од потребата за моќ, а не од сескуалната желба. Се работи за кривично дело на насилство и деградација кое е дизајнирано да ги заплашува и држи жените на „нивното место“. Токму затоа инстистираме на точни и научно докажани информации кои ќе бидат достапни на младите, а редовното образование е најсигурниот извор за тоа. Логично е да има навремени и точни информации, а не кога ќе затреба!

 

Она што е предизвик во овој дел кој што можеме да го споменеме е помалиот број на момчиња кои учествуваат во неформалните едукации за ССО. Може да се запрашаме зошто, нели?

 

Мери: Младите момчиња се изложени на огромни притисоци и нереални очекувања од страна на околината уште од најмали нозе. Најчесто очекувањата од нив е да се „силни“, „храбри“, „мускулести“, срамота е да плачат, покажуваат емоциии и нежност, срамота е да се сензитивни и да разговараат за нивното здравје, стравови, физички изглед. Кога решаваат да не „играат“ според нормите на хетеронормативното општество кое „ги гуши“, тие се исмевани и покажувани со прст, а нивните однесувања се поистоветуваат со „женски однесувања“ („плачеш како девојче некое“, „бојата на маицата ти е како на девојче“ и сл.)
Прво, за вакви изјави е повеќе од јасно со каков презир се зборува за девојчињата во ова општество, а од друга страна сме сведоци на тоа како уште од најрана возраст се наметнуваат предрасуди, родови норми и идеали како за момчињата, така и за девојчињата. Токму ова ги одвраќа момчињата да бидат дел од вакви едукации за да не бидат исмевани или затоа што се срамат. Предрасудите воопшто, без разлика дали на момчињата или девојчињата се рефлектираат и на двата пола. Општеството им ги наметнува срамот и осудата како категории, а тоа ги запечатува за цел живот и им ја одзема слободата да бидат свои и среќни.

 

Фотографија: Жарко Чулиќ
“Revenge porn” е многу застапено кај младите, а жртви се обично девојчињата. Што прават училиштата а овој проблем и кој е соодветниот начин и пристап кој треба да го усвојат училиштата за решавање на проблеми од ваков тип?

 

Мери: За жал тоа е лошата страна на социјалните мрежи. Младите многу често ги злоупотребуваат и сакајќи да се „интересни“ вршат врсничко насилство нарушувајќи им ги угледот и интимата на дел од врсниците. Повторно ќе напоменам дека ова е вина на општеството затоа што нема контрола и механизми за спречување и санкционирање на ваквите однесувања. Судејќи по компаративната пракса и примерите на државите кои веќе го имаат воведено сексуалното образование во образовните програми, резултатите и истражувањата ни укажуваат на тоа дека по воведувањето на овој предмет се намалува насилството односно младите полесно препознаваат кога некое право им е нарушено, па така и се охрабруваат да пријават. ССО ќе ги научи да имаат почит како за себе така и за останатите.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • February 3, 2020
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ
Кризата нè втурна во сиромаштија, а државата упорно нè исклучува: Интервју со сексуална работничка
Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Сандра Анастасовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Стоименовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram