Новата анализа на Коалиција Маргини има за цел да понуди релевантни податоци, анализи и знаења за хегемонистичките стратегии на врамување, застапеност и дискурзивна конструкција на сексуалните и родови малцинства во традиционалните и онлајн медиумите во Северна Македонија, да понуди трансформации и можен напредок на овие медиумски практики низ годините и да изготви препораки што се однесуваат на медиумите, регулаторните тела за медиуми, донесувачите на одлуки и активисти за човекови права заради подобрување и трансформација на хегемониските медиумски дискурси и репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
Анализа е насочена кон откривање на начините на кои се конструираат и претставуваат (репрезентираат) определени општествени групи како лезбијките, геј-мажите, бисексуалците, трансродовите лица, жените и маргинализираните жени. Репрезентацијата се однесува на јазикот и сликите што се користат во текстуалните или во говорните манифестации со цел обликување на значењето на одредени општествени групи и создавање перцепција во „општата јавност“ за нив.
Нашето ново видео ги доближува клучните наоди на анализата изработена од Коалиција Маргини / Coalition Margins, која е достапна овде.