Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.

Кога во јануари оваа година 27-годишниот актер, Лео Поповиќ, сподели дека е транс маж, тој доби околу 15.000 пораки на социјалните мрежи, од кои повеќето беа пораки на поддршка.

Неговата омилена е од жена, која му напиша: „Лео, сине, јас сум 60-годишна баба, но те поддржувам и те сакам“.

Други, пак, беа помалку импресионирани, а една група од неговата родна Северна Макeдонија, во серија објави кои го доведуваат во прашање неговиот родов идентитет, сугерираше дека тој страда од психолошко пореметување.

„Јавно излегов за да бидам тоа што сум како личност; не излегов никој јавно да нападнам или да конвертирам“, вели Поповиќ, првиот отворен трансродов актер во оваа балканска земја. Но, Фејсбук групата Преземи одговорност, гледаше на ова поинаку.

„Моето постоење не е личен напад (на Преземи одговорност). Но нивниот напад врз мене е личен напад“, нагласи Поповиќ.

Реакциите од некои делови на македонското општество, со кои се соочи Поповиќ, го одразуваат порастот на трансфобична и анти-ЛГБТ реторика на интернет, промовирана од конзервативни групи во главно православната христијанска земја, кои тврдат дека ги штитат „традиционалните“ семејни вредности и децата.

Има и одреден напредок: летово по трет пат се одржа Скопје Прајд. Но, зголемената видливост донесе и сличен пораст на десничарското, технолошки софистицирано „антиродово движење“, како и на неказнетиот онлајн говор на омраза.

Според Хелсиншкиот комитет за човекови права, случаите на евидентиран говор на омраза, кој се однесувал на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, учествувале со 18 % во вкупниот број случаи на говор на омраза во 2020 година. Таа бројка во 2021 година се зголемила на 33 %.

Потоа, во март оваа година, Владата предводена од СДСМ, го повлече предлог-законот (предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција) пред тој да биде разгледан од Собраниска комисија, кој, доколку беше усвоен, ќе овозможеше правно признавање на родот, односно, трансродовите лица да можат законски да ја променат ознаката за пол во нивните лични документи. Некои ја обвинија Владата дека потклекнала пред притисокот на дел од јавноста и од политичарите, кои употребија трансфобични аргументи и говор на омраза за да се спротивстават на законот.

Билјана Гинова, раководителка за застапување во ЕРА (Асоцијација за еднакви права за ЛГБТИ+ за Западен Балкан и Турција), вели дека таквите конзервативни „антиродови“ групи се обидуваат да мобилизираат поддршка меѓу обичните луѓе, кои се искрено загрижени за благосостојбата на нивните деца, со крајна цел на спречување на напорите за постигнување еднаквост.

„Тие ја постигнуваат својата цел со напад на две главни теми – ЛГБТ правата и родовата еднаквост“, истакнува Гинова за БИРН. „Нападот во Македонија е првенствено врз родово сензитивното и сексуалното образование од една страна, и прашањата за ЛГБТ луѓето, односно, конкретно, правното признавање на родот (ППР), од друга страна.

 

Заштита на децата од „родова идеологија“

 

Поради својот настап во јавноста, Поповиќ практично го изгуби своето семејство. Тој истакна дека добил поддршка својот татко, но не и од својата мајка која му кажала дека таа „повеќе нема дете“. Поповиќ раскажа и дека подоцна физички бил нападнат од неговата сестра, додека неговата мајка и зет го држеле. Тие на полицијата ѝ кажале дека повредите „сам си ги нанел“. Никој не бил ниту уапсен, ниту обвинет, а Поповиќ бил однесен во психијатриска болница. Поповиќ раскажува дека со години неговата семејна динамика била „токсична“ и дека нападот бил последната капка. На крајот, заминал од дома.

Симпатии не покажа ниту Преземи Одговорност. Во објава во која темата беше токму тој, тие го ословуваа како Долорес, името што му било дадено при раѓање, кое, патем, останува негово уметничко име. Тие исто така користеа само женски заменки. Неговата родова дисфорија била „индуцирано пореметување“ од надворешни сили, се вели во објавата.

На прашањето за коментар за овој текст, Преземи Одговорност уште еднаш погрешно го наведе родот на Поповиќ и го обвини за ширење говор на омраза, истакнувајќи дека неговиот статус на јавна личност дава право тој да биде критикуван.

„Секоја јавна личност не само што треба, туку мора да подлежи на јавна критика, без разлика дали добра или лоша, бидејќи јавните личности се примери и role models за останатите“, одговорија од Преземи Одговорност за БИРН.

Во продолжение групата креираше две Фејсбук објави за мене, споделувајќи линк до мојот личен профил на Инстаграм, опишувајќи ме како „само уште еден активист од гардата на ЛГБТИ+“, при што лажно тврдат дека во своите новинарски текстови, јавно ја обвинувам групата дека е финансирана од „американски и руски националисти“.

Многумина во македонското граѓанско општество ја гледаат Преземи Одговорност како дел од „антиродовото“ движење, десничарско движење кое се спротивставува на концептот на родот како општествено-конструирана категорија. Приврзаниците инсистираат на „биолошката реалност на полот“, игнорирајќи го постоењето на интерсекс луѓето и научните сложености на полот, со цел да го промовираат патријархалното семејство како единствена „природна“ семејна структура.

Во средината на октомври, епископот на Македонската православна црква (МПЦ), Јаков г. Стобиски, ѝ изрази јавна поддршка на Преземи Одговорност, предупредувајќи дека „таканаречената ‘родова идеологија’ многу бргу ќе чукне на наша врата“.

По изборите што во септември се одржаа во Италија, Преземи Одговорност ја поздрави победата на екстремно десничарската партија, Браќа на Италија, предводени од Џорџа Мелони и ја повика Северна Македонија да го следи примерот на Италија. Партијата на Мелони е најекстремната десничарска партија, после Републиканската фашистичка партија на Бенито Мусолини, којашто е дојдена на власт во Италија.

Преземи Одговорност е и дел од Коалицијата за заштита на децата, сојуз на организации кои тврдат дека се залагаат за „заштита на децата од родовата идеологија во образованието, општествениот и социјалниот живот“. Иако на интернет страницата на Коалицијата може да се најде и линк до Фејсбук страницата на Преземи Одговорност, од Коалицијата за БИРН изјавија дека не можат да зборуваат во нивно име. Коалицијата, како и во случајот со Преземи Одговорност, нема јасен претставник или лице за контакт.

„Што се однесува до возрасните од ЛГБТ заедницата и транс луѓето, ние веруваме дека секој има право да го живее сопствениот живот како сака, по своја сопствена желба, доколку не се дрзнува да се инволвира во туѓ живот и доколку не се обидува да им наштети на децата“, се вели во одговорот што Коалиција ни го испрати по електронска пошта.

„Сметаме дека со оглед на тоа што ЛГБТ и транс лицата, по сопствен личен избор, не можат по нормален природен пат да имаат потомство и во светот само мал број од нив посвојуваат деца, следствено, тие и немаат никакво право да се инволвираат и да влијаат во образованието и воспитувањето на децата од хетеросексуалните бракови, во кои се раѓаат сите деца“.

На својата веб-страница, Коалицијата, како свој главен партнер ја наведува Family Watch International (FWI), добро позната конзервативна американска организација која делува против сексуалното образование, правото на абортус и е анти-ЛГБТ организација. Поддршка имаат, како што велат, и од организацијата Gender Identity Challenge Skandinavia (GENID), која лажно тврди дека постои феномен наречен Rapid Onset Gender Dysphoria (Рапиден развој на родова дисфорија).

Коалицијата одби да коментира дали добива финансиска поддршка од FWI и GENID.

 

Мобилизирање на омраза

 

Врските меѓу овие организации не се многу јасни, но активистите на граѓанското општество сметаат дека наративите што ги турка македонското антиродово движење, се оддек на оние шти ги застапуваат сличните групи во странство.

„Успеаа да направат работите со кои што се бавиме да добијат една рамка во смисла на тоа дека нашата работа е завера, дека целта е да се уништи младината итн. “, истакнува, Ирена Цветковиќ, извршна директорка на организацијата за човекови права, Коалиција Маргини.

Оваа организација, која веќе една деценија се залага за правно признавање на родот во Северна Македонија, а особено Цветковиќ, се честа мета на Преземи Одговорност и на слични групи.

Групи од граѓанското општество го гледаат повлекувањето на предлог-законот за ППР од парламентарна процедура како голем удар врз нивните напори за унапредување на правата на трансродовите лица.

Антиродовите активисти лобираа кај политичарите и пратениците; писма потпишани од Коалицијата за заштита на децата можеа да се најдат на Фејсбук страницата на Преземи Одговорност, како и образецот за е-пошта што го испратиле на повеќе од 500 поединци до Владата, особено до Министерството за правда. Во писмата се тврди дека полот е неприкосновена биолошка категорија, дека законот ќе ги загрози цисродовите жени со тоа што ќе ги пушти трансродовите жени во женски простори и дека родовата дискриминација би изгубила секаква смисла доколку не се заснова на биолошки пол.

Цветковиќ потенцира дека антиродовото движење внимава да не користи јазик што очигледно би бил препознатлив како говор на омраза, со што се избегнува законска санкција.

„Самите тие не шират говор на омраза, но понатаму предизвикуваат и овозможуваат простор за луѓето да креираат такви ставови и вредности“, вели Цветковиќ за БИРН. „Тие манипулираат со одредени емоции кои што понатаму може да допринесат да луѓе шират говор на омраза.“.

Поповиќ, сепак, е сигурен дека објавата на Преземи Одговорност за него е форма на говор на омраза, со оглед на инсинуацијата дека да се биде квир е форма на ментална болест и смета истиот имплицитно поттикнува насилство.

 

Правни решенија?

 

Елена Михајлова-Стратилати, професорка по меѓународно јавно право на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, смета дека иако македонскиот закон предвидува казни за говорот на омраза на интернет, системот има мало реално искуство со процесирањето на вакви случаи.

Антиродовото движење сепак создава општествени контексти, во кои говорот на омраза е неизбежна последица, истакнува таа.

„Ако се дозволи говорот на омраза да продолжи на широк фронт несанкциониран, лицата кои се таргетирани со него не можат да продолжат да имаат базичен статус на еднакви граѓани“, вели Михајлова-Стратилати за БИРН. „ Не е ни толку апстрактно ова бидејќи тој говор секако ќе води до дела на омраза и до клима каде што се зголемуваат предрасудите и каде овие луѓе се уште помалку безбедни “.

Славица Анастасовска, правна советничка од Хелсиншкиот комитет за човекови права, нагласува дека жртвите на говорот на омраза, ретко го пријавуваат тоа, веројатно поради стигмата и стравот да не бидат „аутирани“ како квир.

Хелсиншкиот комитет ги пријавува овие случаи кај одговорните институции, но не може да поднесе жалба бидејќи не е директна жртва.

„Законот дозволува жалба да поднесуваат само оштетените и жртвите“, објаснува Анастасовска. „Така што многу е подобро самата жртва да пријави за да може да се тера постапката и пред повисок суд и понатаму и до Европскиот суд за човекови права“.

Поповиќ нагласува дека едноставно нема време. „Не го пријавив тоа, затоа што ако почнам да ја пријавувам секоја таква ситуација, тоа ќе биде работа со полно работно време“, вели тој и додава: „и во тоа време, поминав низ толку многу работи што ми беше полесно да ги игнорирам“.

 

 

 

 

 

Оргинално, текстот е објавен на Balkan Insight на англиски јазик.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • November 24, 2022
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Тимот на Медуза
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-сино облаче кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Амбер Херд е несовршена жртва
Дали јавното говорење за партнерско насилство само им дава можност на насилниците да го продолжат злоставувањето на нивните жртви преку судските системи?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram