Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.

 

Во својот прв долгометражен филм „Сестри“, режисерката и ко-сценаристка Дина Дума брилијантно ги прикажува пресеците на патријархатот, социјалните медиуми, средношколскиот живот и класната нееднаквост. Главната тема во филмот на Дума е онлајн сексуалното вознемирување и последиците од истото врз средношколките. 

„Ова е филм кој е инспириран од вистински настан, затоа што јас кога бев во средно училиште имаше ваков тип на инцидент. Една девојка и еден дечко имаа односи и беа снимени. Сите во моето училиште го видоа тоа видео кое потоа се прошири и во другите училишта, и стана вирално,“ изјави Дина Дума за Медуза. 

 

 

 

 

„Потоа девојката мораше да се отсели во друга земја, нејзините така одлучија, а момчето остана. Не само што остана во школото, туку тој на некој начин стана херој. Немаше никакви последици ни за тој што го снимил видеото – иако се дозна кој беше – ниту пак за момчето. Никој не пропати никакви последици, ни друштвени, ни правни. Тоа беше инспирација, овој настан некако остана со мене и мислам дека беше важно да го направам овој филм и да ја отворам оваа тема,“ додаде Дума. 

Филмот „Сестри“ се фокусира на токсичното пријателство помеѓу две тинејџерки. Маја и Јана, кои ѝ љубоморат на Елена, популарна девојка која добива внимание од Крис, симпатијата на Маја. Кога на една забава, Елена почнува да се бакнува со Крис, Маја и Јана ја следат и ги фаќаат Елена и Крис сред сексуален чин. Наместо да си заминат, Јана го снима овој чин со телефонот на Елена (кој девојките случајно го наоѓаат за време на забавата) и потоа ја убедува Маја да го постира видеото. Како во вистинскиот случај кој ја инспирирал Дума, видеото на Елена станува вирално и го гледаат скоро сите ученици во школото. Елена е исмејувана од момчињата и од девојчињата во училиштето, додека сите го гледаат Крис како фраер и херој. 

Филмот одлично ги илустрира овие сексистички динамики преку визуелно користење на Инстаграм како алатка за нарација. Прикажани се различни сториња на Инстаграм кои го репостираат видеото и се издвојуваат две: на едното пишува „Kris Motherfucker“, а на другото стои зборот „к*рва“, насочен кон Елена. Крис не добива никаква осуда од неговото опкружување, додека Елена е брутално понижена до степен каде што таа престанува да доаѓа на училиште. 

 

 

 

Интересно е што овој филм се фокусира на мизогинијата меѓу девојките, а не момчињата, (иако и таа страна добива на внимание и е покажана во филмот). Односно, главните ликови во „Сестри“ се другарките Маја и Јана, кои очајно сакаат да вклопат во нивната средина и дури и пред главниот инцидент, тие постојано го осудуваат сексуалното однесување на Елена и користат сексистички јазик за да ја опишат. Преку постирањето на интимното видео од Елена и Крис, тие всушност стануваат главните насилници во филмот. Објавувањето на ова видео не само што претставува меѓуврсничко насилство (bullying), туку има јасна родова компонента и претставува онлајн сексуално вознемирување. Насилство веднаш ескалира, правејќи ги Маја и Јана само иницијатори на случај кој ескалира во масовно сексуално вознемирување. На некој начин, бидејќи насилството станува колективно, чувството на индивидуална одговорност се намалува, освен кај ликот на Маја, која сепак се чувствува виновна за тоа што ѝ се случува на Елена.

Одлуката да главните насилници во филмот се две девојки, а не момчиња, е многу моќна. Од начинот на кој што Маја и Јана зборуваат, до нивните маневризми и однесување, јасно е дека тие оперираат преку доминантната матрица на општествени вредности: патријархатот. Односно, не само што Маја и Јана не се феминистки, туку без разлика што се девојки, тие целосно ги имаат интернализирано доминантните патријархални вредности и врз основа на нив ја третираат својата врсничка. 

Системот на вредности во кој живееме, нееднакво ги третира мажите/момчињата и жените/девојките, кога е во прашање сексуалната активност. Ако маж/момче има секс со многу девојки, тогаш тој се смета за фраер, но ако жена/девојка има повеќе сексуални партнери, тогаш средината врз неа лепи само негативни етикети. Маја и Јана веќе ги имаат интернализирано патријархалните родови улоги и очекувања за мажите и жените, каде истите атрибути и однесувања се вреднуваат кај едниот род, а се осудуваат кај другиот. Филмот многу умешно го прикажува овој општествен феномен каде девојките/жените активно учествуваат во сексистичкиот систем, кој ги угнетува токму нив. 

Филмот посочува дека мизогинијата може да биде перпетуирана и од мажи и од жени и суптилно ја пренесува пораката дека е потребно коренито менување на општествените вредности, а за да се случи ова потребна е посветена работа од сите, без разлика на нашиот род. 

„Сестри“ е фантастичен филм кој експлицитно се занимава со начинот на кој што мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми. Филмот исто така суптилно ги коментира екомонските предизвици и недостатокот на време и ресурси на родителите од работничката класа да бидат активно вклучени во животите на своите деца. Секако, филмот имплицитно го критикува и образовниот систем во Македонија, прикажувајќи како нема никаква интервенција од страна на училиштето по инцидентот, и преку генералната отсутност на наставниците и другите просветителни работници.

„Решение [на овие проблеми] гледам само во отворена дискусија и разговор. Исто така [решението го гледам] во образованието: ако овие теми се зборуваат повеќе и на што порана возраст (…), мислам дека насилството ќе се намали.“ кажа Дина Дума за Медуза. 

Филмот „Сестри“ е еден вид огледало кое ни е повеќе од потребно во година кога групи на „загрижени родители“ се бунеа против воведувањето на сеопфатното сексуално образование (ССО) и кога повторно се појави предаторска Телеграм група „Јавна Соба“, каде беа споделувани експлицитни фотографии и видеа, профили на социјални медиуми и други лични податоци на жени и девојки, без нивна согласност. За жал, на социјалните медиуми цветаа наративи кои ги обвинуваа девојките и жените жртви на „Јавна Соба“, исто како што е случајот во „Сестри“ Елена, жртвата во приказната. Сексуалното насилство не смее да биде дополнително табуизирано и клучно е – како што рече Дума – отворено да се зборува за овие теми, особено во рамките на образованието. 

Зотоа, сметам дека секој средношколец/ка, па дури е секој родител, би требало да го гледа овој современ, критички настроен и уметнички издржан филм. „Сестри“ почнува со кино прикажување на 16ти декември. 

 

 

 

 

 

*Авторката го гледаше филмот на затворена проекција која се одржа во Europe House на 10.12.21. По проекцијата следеше дискусија со режисерката и ко-сценаристката Дина Дума, ко-сценаристот и монтажерот Мартин Иванов, актерката која ја толкува главната улога во филмот Антонија Белазелкоска и Мери Цветковска од организацијата ХЕРА. Дискусијата беше модерирана од новинарката Ана Јовковска и беше дел од кампањата 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња. Годинешното мото на оваа кампања е „Не молчи, не трај, стави крај! Сопри насилство врз жени и девојчиња, сега!“

 

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • December 15, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram