Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.

Си беше еднаш едно малечко девојче кое растеше во осумдесеттите. Многу сакаше да гледа филмови, секакви филмови, а особено анимирани и научно фантастични, што беше малку нетипично за девојче, зашто ја интересираше и спорт и стрипови. Кога ќе порасне сакаше да стане научник или детектив. А суперхеројскиот повик постојано ја туркаше кон одбрана на послабите, грижа за околината и тренирање карате.

Сепак во сите тие приказни од кои сакаше да биде дел, главните ликови беа секогаш машки. Тоа воопшто не ја запираше да се идентификува со нив – во нејзината детска глава таа можеше да постои како Тарзан, Супермен или Шерлок Холмс без да има проблем со родов идентитет, но секогаш толку многу посакуваше да беше родена како машко.

Вредностите кои беа ставани на пиадестал беа секогаш „машки“ – борбата беше секогаш на машки начин, така да посакувањата за иднината се движеа повеќе во насока на војник или полицаец, со нескриена аверзија кон сите улоги што општеството ѝ ги доделуваше на жената.

 

 

За среќа денес девојчињата имаат многу повеќе места во филмовите, сериите и цртаните филмови да го пронајдат својот потенцијал, да бидат ослободени и да веруваат во својата моќ прифајќајќи се онакви какви што се. Токму затоа сакам да пишувам за овие нови ликови кои на девојчињата и момчињата им нудат безброј нови алтернативи за идентификација со надеж за подобар, похрабар и потолерантен свет.

Денес ќе пишувам за Ши-ра и принцезите на моќта, цртана серија на Дримворкс која се прикажува на Нетфликс. Ши-ра е всушност римејк на стара серија од осумдесеттите, и е женска верзија на Хи-Мен, поточно негова сестра. Воопшто не е важно да знаете било што за старата, за да може да уживате во новата серија која има сосем нова приказна, ликови и твистови.

Интересното во Ши-ра не е тоа што најголемиот број на ликови се женски (скоро сите), но слободниот шарен свет во кој тие ликови живеат. Да не се разбереме погрешно, светот на Етериа и не е баш слободен во конвенционален смисол – има постојана војна помеѓу Хордата (која сака да го освои светот) и Отпорот на принцезите на моќта. Но таму владее слободата на љубовта и пријателството, припаѓањето, флуидноста на идентитетот и непостоење на наметната потреба да се дефинираат нештата.

Кога би кажале само дека Ши-ра е серија која е отворена кон ЛГБТ луѓето би било потценување. Јас повеќе ја разбирам како приказна за свет каде што имаш слобода да бидеш она што си. Да, можеби кога би се обиделе да ја дефинираме или класифицираме серијата, би рекле дека е Квир, но кога ќерка ми ја гледа, за неа единствен проблем со кој се соочува е да дефинира дали некој е машко или женско. Изгледот на ликовите е толку варијабилен што не е лесно да се класифицираат бинарно. Но сепак, и покрај тоа што тие немаат секогаш човечки изглед, за карактерите во серијата се користат традиционалните родови заменки „тој“ или „таа“.

Приказната ги има сите елементи на класично херојско патешествие, но односите помеѓу ликовите и нивната психологија се на сосем ново ниво. Обработката на комплексни емоционални конфликти, морални разрешници и избори кои ги носиме во нашиот развој како личности се толку прекрасно доловени и фантастично презентирани, што дури и мојот скоро 6 годишен син ги консумира со леснотија.

 

Серијата изобилува со симболи, разновидности и храбрости. Освојувачот Хорд со целото свое неовоземско битисување и потпомогнат од технологијата да го одржува во живот, може да нѐ асоцира на стандардни ликови како Дарт Вејдер или кој и да било вонземски освојувач. Тој го симболизира патријархатот, а длабоко во себе е едно повредено момче, кое сака да му ја докаже својата вредност на својот „татко“. И се разбира тоа го прави со агресија и освојување.

Важен симбол е и мечот на Ши-ра, доста користен машки фалусен симбол, кој овој пат има женска улога како „меч на заштита“ а по потреба се претвора и во штит. Додека пак целата нејзина појава за време на трансформацијата од принцеза Адора во херојот Ши-ра потсеќа на грчката божица Атина, што е на иста линија со нејзините инспиративни лични особини.

Принцезите на моќта се тинејџерки, секоја различна на свој начин и со свои посебни моќи, но скоро сите асоцирани со „фемини“ симболи: цвеќиња, светки и телепортација, манипулирање со вода или мраз. Највпечатливото кај нив е меѓусебното пријателство и лојалноста која постепено ја градат, а со тоа придонесуваат за зајакнување на „движењето на отпорот’.

Не знам дали во оваа серија поважни се суптилните симболи како виножитниот коњ „Брз ветер“ и облеката на единствениот машки лик меѓу принцезите која неодоливо потсеќа на превој за градите кај женската транс популација, или пак отворените односи меѓу карактерите како нескриената афекција што еден женски лик ја изразува кон друг и двајцата татковци на еден од ликовите.

Што се однесува до стереотипите имаме ликови кои лесно влегуваат во нив како главниот машки лик Хордак, но имаме и онакви кои ги кршат како мистериозната мудра старица, која по надворешниот изглед влегува во сите традиционални описи на вештерка.

Од друга страна принцезите, за разлика од оригиналната серија каде се совршено градени секси жени со долги коси, тука се типични тинејџерки во различни форми и облици на тело, коса и облека. Кога сме веќе кај телата и доколку сѐ што пишав досега не ве натера да ја гледате, сигурно ќе ви се види интересен фактот дека со првото излегување на римејкот се случи „интернет аутрејџ“ на фанови на социјалните медиуми кои го нападнаа дизајнот на новата Ши-ра зашто не е доволно секси. Некои одеа и до таму да кажат дека новата Шира е тотално ограбена од нејзината женскост. Сето тоа зашто нејзиното тело е тело на тинејџерка во развој, со неизразени облини, и атлетски градено, и за разлика од старата серија е без деколте, не нашминкана и под кратката сукња носи кратки панталони.
За среќа голем дел женски илустратори излегоа во одбрана на овој дизајн произведувајќи фан-уметност со Шира покажувајќи дека женскоста не е само во секси телото.

 

 

Колку што е интересна Шира како херој, три пати поинтересна е Кетра – антихеројот.
Постепено запознавајќи се со животната приказна на Кетра, често можеме да ги разбереме и најзлобните нејзини потези. Ситуациите и контекстот ни дава можност да сфатиме дека никој не се раѓа злобен и дека не е едноставно да се избере добрата страна. Кетра живее во постојана болка нанесена од ударите во животот и околината не и овозможува да се издигне над тоа.

Во оваа приказна војната помеѓу Отпорот и Хордата не е суштинскиот конфликт што ја носи приказната понатаму, но внатрешната борба за пронаоѓање на своето место во општеството и улогата која би ја избрале за себе. Шира е приказна за адолесценската криза на идентитет, барањето на своето јас, причината за постоењето и неговата смисла, раскажана преку антагонизмот на две довчерашни најдобри другарки кои пораснале заедно без родители Ши-ра и Кетра.

Најголемиот контраст помеѓу херојот и антихеројот, или може слободно да го наречеме негативецот, во оваа серија не е во злите спроти добрите намери, но резултатите на бодрењето наспроти потценувањето во раното детство и моќта на очекувањата врз формирањето на личноста. Приказната е за тоа дека секогаш имаме шанси да се издигнеме над она што средината не направила да бидеме.

Да не откривам премногу и да го засенам доживувањето кое го предизвикува ова модерно анимирано парче забава, ќе ве оставам сами да му дадете шанса да ве заведе. Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.

НАПИШАНО ОД:
  • Билјана Кочоска Танеска
  • October 10, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Во фокус: Санна Марин
Oчигледно, границата на моралот се повлекува кај млада жена со моќ, која се осмелува да танцува на камера. И тоа, провокативно.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Ирена Цветковиќ
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството е нашата друштвена иницијација
„Вистинската великодушност кон иднината лежи во давање сè на сегашноста“. (Алберт Ками, 1951)
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-син облак кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Амбер Херд е несовршена жртва
Дали јавното говорење за партнерско насилство само им дава можност на насилниците да го продолжат злоставувањето на нивните жртви преку судските системи?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Балканските бездомнички
Зошто женските деца сè уште се дискриминирани при поделба на наследство?
  • Од Љупка Ѓошева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram