Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.

Во еден разговор со мојот психолог, дојдовме до заклучок дека единственото задоволство кое знам да си го дадам е храната. Не секогаш знам да уживам во животот. Тоа ме натера да размислувам и ме поттикна сопственото задоволствo да го сфатам сериозно и себично да се пуштам во потрага по оргазмични чувства и искуства. Логично беше да се свртам кон мојот сексуален живот, како извор на оргазми, во вистинска смисла на зборот.

Во суштина, одлично го познавам своето тело и точно знам што ме пали, но сакав да истражам секс играчки со кои не би требала да ја користам сопствената енергија, а би дошла до оргазам. Па така, одлучив да ја пробам играчката која ја промовира секоја втора инфлуенсерка на инстаграм, а тоа е клиторалниот шмукач. За мене ова беше откритие на векот.

Клиторалниот шмукач е секс играчка која се става во пределот на клиторисот и симулира чувство на шмукање што води до интензивен оргазам. Благодарение на неа, развив силно чувство на благодарност кон клиторисот, чија примарна и единствена функција е моето задоволство.

Играчката ја нарачав од македонски секс-шоп и откако ми беше дискретно доставена до домот, решив да ја пробам. Влегов во соба и ја отворив кутијата која беше завиткана во еднобојна хартија, доволно дебела и темна за да не се види ништо од пакувањето. Оваа дискретност ми беше од голема важност, бидејќи живеам со многу конзервативни родители, кои никогаш не би разбрале.

Првото нешто што ми остави впечаток кај оваа играчка е силната розева боја. Играчката е двострана, од едната страна е клиторален шмукач, а од другата е вибратор, иако морам да признаам дека вибраторот остана неупотребен, бидејќи вагиналните оргазми не ми се толку силни како оние од клиторисот. На самата играчка има три копчиња. Средното служи за вклучување, на горното се вклучува и подесува шмукачот, а на долното се вклучува и подесува вибраторот. Клиторалниот шмукач е силиконски и е прилично нежен кога ќе се стави во пределот околу клиторисот. Уште една позитивна страна на оваа направа е тоа што е прилично тивка. Не тврдам дека е бесшумна, но звуците што ги вади се стишуваат уште повеќе кога ќе ги допре гениталиите. Се полни со УСБ кабелче.

Ги изгаснав светлата и целосно го опуштив телото. Го поставив во позиција блиску до клиторисот и чекав. Сфатив дека тоа не е соодветната позиција, па морав да истражувам разни точки околу клиторисот. Ова е можеби единствениот дел со кој имав проблем, но маката се исплатеше бидејќи штом ја најдов правата точка, по максимум 3-4 минути почувствував топлина низ цело тело, а посебно во задниот дел на нозете. Оваа сензација никогаш ја не бев искусила. Струење кое ми го наелектризира целото тело. Пробав одново и одново и мислам дека следните неколку дена не го испуштив од рака.

За мене ова беше едно многу чудно искуство, бидејќи ова ми е прва секс играчка. Досега мастурбацијата секогаш ми била проследена со мисли и чувства за некој маж и мозокот речиси секогаш ми работел обидувајќи се да искреира соодветно сценарио кое би ме возбудило. Со клиторалниот шмукач задоволувањето доби нова димензија, бидејќи е чисто физичка сензација, испразнета од чувства и комплетно механичка. Мозокот ми се стишува кога се препуштам на сензациите. Медитација и мастурбација. Задоволство: од себе за себе. Најчиста форма на себе љубов. Донесов одлука секоја вечер да заспивам со барем еден ваков оргазам и досега сум доста дисциплинирана. Понекогаш се случува да имам 4-5 оргазми пред да заспијам. Не е ни чудо што наутро се будам свежа и добро наспана.

Додека цицалчето шмука имам чувство дека ми ја шмука целата негативна енергија и стрес кои се акумулирале за време на денот и заборавам на сите непријатни емоции. За време на оргазмот имам чувство дека се спојувам со возвишеното и натфизичко јас. Го стискам јорганот и ги гризам перниците. Целото тело ми се грчи и оргазмот го чувствувам во секоја клетка. Доживувам оргазми какви никогаш не сум доживеала со маж, бидејќи за време на односи сум прилично свесна за своето тело и не сум целосно опуштена.

Сум била со мажи кои се однесувале како клиторисот да е џоистик за плејстејшн. Некои од нив грубо го шмукале, а некои знаеле и да го загризат. Сум била и со мажи кои лижеле сè околу, освен клиотрисот, но и такви кои не сакале да ми дадат орален секс. Најдоброто кај овој шмукач е тоа што секогаш успева да ме задоволи. Не се гади да шмука, а тоа го прави доволно нежно и доволно грубо. Нема молење и убедување, туку само акција.

Еден од моите поранешни партнери беше против идејата да користиме било какви секс играчки за време на односите. Уште тогаш сакав да си купам, но неговата реакција ме одврати од идејата, затоа што не сакав да го навредам бидејќи почувствував дека тоа доаѓа од некоја негова несигурност. Ова ми се потврди штом на подкастот 4Д на Деми Ловато ја слушнав Шан Будрам (лиценциран едукатор за секс и интимност) како тврди дека користењето на секс играчки во хетеросексуални врски е табу, бидејќи тоа често се сфаќа како потценување на моќта и способноста на мажот да ја задоволи жената. Се навратив на ситуацијата со мојот поранешен дечко и помислив дека можеби и тој така се чувствувал, па затоа имаше и толкава одбивност кон овие играчки. Наративот дека мажите се секс-машини кои се расположени за секс 24/7 треба да се надмине. Нашите сексуални партнери не секогаш можат сексуално да возвратат на нашите потреби или пак не на начинот на кој ние би сакале.

Затоа на помош доаѓаат ваквите играчки. Тие ја зачувуваат силата на партнерот за време на чинот и прават да трае подолго. Овие играчки можат да бидат како еден вид на катализатори кои можат да водат до најдоброто возможно сексуално искуство. Плус, доколку сте со партнер кој едноставно не знае како да ве задоволи орално, оваа направа може да ви ја спаси врската. На веб страната на секс-шопот од каде го купив шмукачот стои исповед на една задоволна клиентка која вели: “Толку е добар, што не би го заменила со ништо друго, дури ни со вистински јазик!”

Оргазмите се дарови на животот. Во ова време на брз живот, жените се често растрчани на сите страни и под константен стрес да бидат и направат сè. Секс играчките се еден вид на издувен вентил кој може да им го намали стресот и подобри менталното здравје. Топло им го препорачувам на сите оние кои одамна или воопшто немаат искусено оргазам, бидејќи сметам дека најбрзо ќе ги доведе до состојба на екстаза. Јас и понатаму ќе продолжам да го користам и верувам дека ова ќе ми биде најдолгата, најлесната и најверната врска во животот. Шмукај, шмукај бејби!

 

 

 

анонимно писмо 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 29, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram