Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Што ако сум „single“?
Сфатив дека за да бидам со друг, не би требало да го сменам моето автентично и единствено јас.

Здраво, јас сум Сара, имам 31 година и сум сингл. Понекогаш, себеси  се доживувам како амбасадор на сингл луѓето, „бранејќи“ други сингл луѓе  од стандардните прашања и коментари со кои постојано се соочуваме, од типот: „Имаш ли дечко/девојка? Зошто немаш? Да не пребираш премногу? Мажите се плашат од силни жени“ и слични варијации, зашто знам колку овие навидум безопасни прашања може да влијаат лошо на самодовербата и чувството на себевреднување кај луѓето кои не се во врска.

Имав период во животот кога сите овие прашања ми создаваа толку голема анксиозност, што повеќе не сакав да поминувам време со моето друштво, бидејќи сите освен јас беа во пар. Се чувствував нецелосно, како да фали некој „плус еден“ до мене за да добијам билет за да влезам вистински во тоа друштво. Бев отворена со моите пријатели во однос на тие чувства. Им реков, ве молам, не ме прашувајте секој пат кога ќе ме видите дали има нешто ново. Ако ме прифаќате целосно, без плус личност до мене, во ред. Но, ако условот да сум дел од ова друштво е да секогаш  елаборирам што има ново, дали некој ми пишал и дали сум излегла со некој, тогаш ќе морам да ги избегнам нашите дружби. Но во еден момент, сфатив дека проблемот не е тоа конкретно друштво. Ова прашање ме среќаваше насекаде. Колку и нови друштва да најдам, во колку и нови простори да се движам,  секогаш ќе се среќавам со ова прашање, или пак коментари од типот „само уште Сара да ја омажиме”.

Тогаш решив дека морам да почнам да работам на себе и на тоа како да најдам партнер, зашто се чувствував како тоа да е предуслов да бидам дел од ова друштво, што би рекле србите за општество. Но, во тој процес сфатив дека проблемот не е што не сум успевала во креирање на партнерски однос, туку можеби тоа и не ми била примарна желба. Секогаш размислував која земја следно да ја посетам, на каква изложба да се пријавам, кој спорт да го научам, на која планина да се качам, како да се облечам…Едноставно, никогаш не правев ништо особено за да најдам и останам со некој партнер. Но, истовремено сфатив и дека веројатно наоѓање на партнер не треба да биде невозможна мисија, или пак примарен фокус во животот. Можеби тоа е нешто што едноставно треба да се случи додека одиме во продавница или се возиме во автобус. А може и да не се случи, што е исто така во ред. Сфатив дека морам да научам како да продолжам да се дружам со сите прекрасни луѓе кои знаат да ми го постават тоа прашање, без да се лутам, да го сфаќам тоа лично или да се расправам. Да се прифатам себеси како единствена на овој свет, па така и да се претставам себеси како самопостоечка на овој свет. Можеби сум монах, не знам. Урбан монах.

 

Прифаќам дека сум сингл

 

Денес, да се биде сингл е сфатено еднакво како да се биде осамен, тажен и мизерен. Во периодот на запознавање машки личности и во неуспешната реализација на подлабоки врски или наоѓање на човек со кој што сакам да бидам подолго, сум се прашувала зошто и што не успева и дали е проблемот во мене. Поминав долго време прашувајќи се што со мене не е во ред. Дали сум можеби многу паметна, многу активна на социјалните медиуми, можеби сум гласна и имам мислење на многу теми, можеби заработувам повеќе отколку што им се допаѓа на мажи кои ги интересирам… Се прашував дали можеби треба да се смирам, да бидам повлечена, мила и тивка, можеби помалку амбициозна, па и не морам баш да ги споделувам сите мои професионални успеси… Пробував да се сменам, но мојот дух едноставно сакаше да биде тоа што е. Таа која што е иницијатор на промени, креативна, гласна, активна и движечка сила. И тогаш повторно си велев, полека, ова ги плаши мажите, премногу те има, повлечи се, изгуби се, изгаси се. Но повторно од мене ќе излезеше огнот, кој сака да пламти и да гори. И така постојано во круг. Ги прочитав сите книги за позитивно размислување, пробав да давам љубов најмногу што можам, да ги поддржувам личностите кои што ги среќавам, да ги увидам во нив најпозитивните страни и да им ги посочам, но резултатот остана ист.

 

И сега што?

 

Ми остана вистински да прифатам дека, едноставно, јас сум сингл. Па нели сите сме всушност сами на овој свет? Дали треба да се форсираме да бидеме со некој човек? Нели е тоа спонтан процес кој не бива со сила? Научив да бидам одбиена и често да не сум прифатена за тоа што сум. Но, научив дека и кога сум одбиена, тоа не мора да значи дека морам да се сменам. Сфатив дека за да бидам со друг, не би требало да го сменам моето автентично и единствено јас, мојата душа и срце, личност во која ме израснале моето семејство, моите прекрасни професори на сите мои образовни патеки, патувањата и пријателите, во нешто што е рамка и калап.

Се ближи уште еден сингл 14ти февруари. Никогаш не сум го славела со партнер, ама овој пат ќе се посветам на сите што навистина ги сакам и ќе направам сè за да им ја покажам љубовта која е силна, жарлива и динамична, зашто љубовта е насекаде околу нас.

Среќен ден на вљубените.

НАПИШАНО ОД:
  • Сара Симоска
  • February 14, 2023
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Ангел Димитриевски
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Кристина Ивановска
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ќе преживеат ли жените овде? (говори и фотографии)
Марш за женски права 2023
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Кика Авеиро

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram