Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Што е нормално?
Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме.

Никогаш нема да заборавам кога една другарка ми кажуваше како на работно патување во Барселона, нејзина колешка искоментирала дека шпанците се многу пореметена нација бидејќи имало лица со попреченост насекаде.

Да, шокантен е фактот што видливоста на овие луѓе, како резултат на тоа што нивната држава се потрудила да им овозможи достоинствен живот, како и на сите други, со прилагодување на транспортот и инфраструктурата, некој го гледа како нешто ненормално.

Таа неукост боли, многу повеќе од сознанието дека тие луѓе ги има и кај нас, во ист толкав процент, но ги немаат тие можности, па тешко им е да водат нормален живот и најчесто се заглавени дома.

Слична е ситуацијата и со третирањето на ЛГБТИ+ заедницата, од страна на оние кои се нарекуваат себеси „нормални“. Се’ што не влегува во нивниот хетеронормативен светоглед е болно, пореметено, нездраво, ненормално…

Ајде да започнеме со зборот „нормално“ и што тоа значи кога зборуваме за еден човек.

Најпроста дефиниција на зборот „нормално“ е нешто што се конформира на некој стандард, т.е. вообичаено, типично и очекувано. Според самата оваа дефиниција, јасно e дека се работи за општествен конструкт на конформирање во одредени општествени околности. Тоа најчесто знае и да е на ниво на одредена култура, заедница или одреден историски контекст.

На пример: во библиско време било нормално некој да се каменува, ако мнозинството одлучи така, односно ако некој доволно гласен ги убеди. Во некои земји нормално е жените да се целосно покриени во јавност. Во одредени конзервативни кругови, дури и во Македонија, нормално е да се има анален и орален секс, за девојката да се смета за девица додека не стапи во брак. За турбо фолк пеачките нормално е да имаат повеќе пластика на себе отколку шишињата што пловат по Вардар, а за многу стрејт мажи во Македонија е нормално да си ги тепаат жените. Да не споменувам за колку деца што ги среќавам на улица нормално е да се пцујат меѓу себе, а за ненормално голем број луѓе на Фејсбук нормално е да чувствуваат дека направиле добро дело кога ќе споделат дигитална слика од икона на својот профил.

Зборот нормално, исто така означува статистички нормална распределба на податоци, односно распределба на веројатност, која е симетрична на средината, покажувајќи дека податоците кои се поблиску до средината почесто се појавуваат од податоците кои се подалеку од средината. Изгледот на нормалната распределба се појавува во вид на белова крива. Но кога сакаме да ја употребиме нормалната распределба во секојдневниот живот, таа и не е баш толку нормална. Примерите се ограничени на средната висина што ја споделуваат поголем број од луѓето, додека помал број се повисоки или пониски од нив, кој број на чевли најчесто се носи и слично. Но дури и овие распределби се различни кај различни групи, националности или раси.

Нормално, исто се користи за нештата кои се природни. На пример, кога ќе турнеш чаша од маса таа ќе падне, зашто е привлечена од гравитационата сила (природен закон) и тоа е нормално да се случи. Доколку чашата остане да лебди тоа ќе биде ненормално, сè додека е на Земјата. Во вселената пак, лебдењето е нормално. Сепак, да не се сфатиме погрешно, ова не се должи на тоа што во вселената нема гравитација, но на тоа што обично вселенските станици се во константно движење за да ја анулираат гравитацијата.

Сепак, нашата перцепција за што е нормално најчесто е поврзана со таа статистичка распределба спомната погоре, која најчесто е пресметана со субјективна перцепција. Така што, понекогаш ни се случува да ги категоризираме за ненормални и сосем нормални природни појави. Пример, очекуваме птиците да летаат, а гуштерите да одат по земја, па лилјакот сè уште ни делува како малку ненормално живо суштество кое нè плаши, го поврзуваме со темни сили (бидејќи е ноќно животно) или го демонизираме.

Исто така, ако заврне снег во јули тоа ќе го доживееме како нешто крајно ненормално, иако временските промени имаат сосем разумно и пресметано причинско последично појавување. Но тој наш недоразвиен дел од свеста знае да се врати на суеверијата на нашите претци, препишувајќи му на овој феномен морбидни знаци и симболи.

Човекот е прилагодливо суштество, но во исто време суштество кое знае да се врзе за навиките. Ритуали и традиции, кои во дамнешно време имале некаква смисла и потреба, остануваат долго потоа во употреба, иако баш ништо не значат и дури некогаш претставуваат сериозна закана и препрека за развој на поединецот, заедницата, а за жал доста често и целото општество.

На пример, традиционално, жената го земала презимето на мажот бидејќи немала права, не одела на работа, немала образование, своја сметка или какво и да е право на мислење, сопствено убедување или право на одлука. Фамилијата на мажот практично ја „посвојувала“ жената и ја примала како дел од семејството, за што се давала и отпремнина во вид на мираз, за да го продолжи родот, кој се водел само по машка линија. Оваа општествена патријархална практика сè уште се провлекува како нормална, иако жените многу често се образовани, заработуваат, носат одлуки и ги водат финансиите во семејството. Има безброј ситни навики кои „традиционално“ ги повторуваме зашто така се правело, така правеле нешите дедовци и баби или најбегло кажано „се знае дека е така“.

Стереотипите, шаблоните и навиките се корисни во многу случаи и имаат доста голем удел во функционалноста и продуктивноста на човекот во секојдневието. Но со брзиот напредок во науката, технологијата, човековото знаење и умеење, забораваме да застанеме и да видиме дека голем број од нив всушност ни пречат во личниот и колективниот развој.

Да се навратам на целта на овој текст и причината за која почнав да го пишувам. Во овој шарен месец, кога од неодамна се воспоставува традиција на славење на борбата за права на маргинализираната ЛГБТИ+ заедница, лично сум вознемирена од реакциите и осудите од страна на „нормалните“ луѓе. Коментарите кои најчесто ги среќавам се како тоа е ненормално, болно и пореметено и како тие луѓе сакаат да се истакнуваат и наметнуваат. Не можам да не ја направам споредбата со природната појава на снегот во јули, кој не би се појавил доколку нема промени во климата од глобалното затоплување, исто како што би немало потреба од месец на гордоста доколку сите луѓе се прифатат со сите свои различности, посебности и идентитети.

Кога зборуваме за човекот како личност, појава и идентитет, сите „нормалности“ кои се препишуваат се вештачки наметнати статистички пројави во претходно определена мерка или критериум. Пресметка на средна вредност која не постои, за полесно предвидување на одреден феномен. Тие феномени се променливи, како и сè друго околу нас.

Нашето знаење, постоење и живеење секојдневно се менуваат. Нашето разбирање за себе, животот и природата секојдневно се надградува. Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме. Напредокот на човештвото единствено може да се случи ако се отвориме кон нови сознанија, нови видувања на реалноста и отвореност едни кон други.

Геј, лезбејки, транс и квир луѓе постоеле отсегогаш. Нивната процентуално застапеност не се променила значително, но тие се избориле за можноста да бидат повидливи. Но доколку некому му се наруши удобноста на замислената норматива преку повисоката видливост на нешто што постои надвор од неа, тоа покажува дека таа политичко општествена околина е скроена по негова мерка, односно во склоп со неговите потреби. Тоа е она што го нарекуваме привилегија. Но сè поретко среќавам некој што реално ги има привилегиите, правата и слободите, и не само што чувствува одговорност, туку и има свесност дека е привилегиран. А најважната морална одговорност е да се биде човек, во вистинска смисла на зборот. Тоа значи да се прифати дека постојат луѓе кои се различни и имаат различни потреби, но и потреба за достоинствен живот со еднакви права и слободи.

 

 

 

 

*Бонус интересно видео 

НАПИШАНО ОД:
  • Билјана Кочоска
  • June 28, 2022
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram