Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што е тоа согласност?
Kако неинформираното разбирање на согласноста влијае врз жртвите и сторителите.

Гледаат филм заедно во нејзината соба. Не се виделе веќе некое време, но таа е среќна што сега седат еден до друг. Во еден момент, почнува да ја бакнува. Таа го сака и знае дека бакнувањето ѝ се допаѓа. „Може ли да ми дадеш head?“, ја прашува тој. „Не знам“, му вели таа, „моите се дома и не сакам неочекувано да влезат во собата“. Продолжуваат да гледаат во екранот кога тој повторно инсистира: „Ајде, те молам дај ми head”, но повторно има тишина. Таа не сака и знае дека не сака. „Почекај минута“ му вели, но не се предомислува и затоа продолжува да молчи. Тој ја бакнува, ја гали, се насмевнува, а пред малку не ја ни погледнуваше. Таа конечно станува од столот и седнува на кревет. „Добро, ајде“ вели , но кога тој станува, таа бега во другиот ќош на собата, викајќи „Чекај“. „Ајде, ајде, те молам“ тој продолжува. Ѝ делува смирено, како  воопшто да нема намера да ја повреди. Застанува пред неа и полека ја прегрнува. Држејќи ѝ го лицето со своите раце, ја замолува уште еднаш повторувајќи: „Те молам“ и ја бакнува. Ја зема нејзината рака, ја повлекува до креветот и ја седнува. Ја чека застанат до неа додека таа молчејќи седи и си помислува: „Не ли разбира дека не сакам? Се прашува: „Што ако се изнервира? Се плашам да го разочарам“. Таа не се чувствува како да има друга опција.

Недостатокот од сеопфатно сексуално образование погодува многу луѓе, а особено тинејџерите. Се чини дека не многу од нив разбираат што значи согласност и покрај тоа што има многу едноставно значење – договор меѓу учесниците да се вклучат во сексуална активност. Согласноста треба да биде ентузијастична, со звучно „да“ или на друг начин јасно искомуницирана. Поединци кои се малолетни, несвесни или спијат, или се под дејство на дрога или алкохол, не можат да дадат согласност. Доколку некој се согласи да учествува во сексуална активност поради тоа што друго лице го притиска на каков било начин, тоа не се смета за согласност бидејќи не е слободно дадена.

Комуникацијата меѓу луѓето е веројатно најважниот аспект на сексот и врските, но дефинитивно шокира фактот што нема доволно разбирање на оваа тема, генерално поради недостаток од сексуално образование или неквалитетно сексуално образование кај децата. Како што младите растат, природно е да се љубопитни за сексот и задоволството и ќе сакаат тој нов свет сами да го истражуваат. Меѓутоа, чија обврска е да ги научи децата за ова, освен на нивните родители? Многумина од луѓето би се согласиле дека основите на сексот се предаваат на часовите по биологија, но очигледно тоа не е точно. Според ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во училиштата во Македонија, само 13 отсто од учениците биле запознаени со правилното користење кондоми, а едвај два отсто знаеле за орални контрацептиви. Во македонските училишта досега немало никакво сеопфатно сексуално образование што доведува до многу конфузија меѓу тинејџерите. Оваа тема може дури и да им биде непријатна, па воопшто да немаат каде да се обратат со своите прашања и дилеми.

Со недостаток на знаење за секс, младите луѓе несвесно може да си нанесат штета на себе или на другите, особено кога немаат комуникација, која е особено важна во доменот на согласноста. Во вакви услови, многу од младите може да не знаат дека биле сексуално нападнати или, пак, да не бидат свесни дека сексуално нападнале некој друг. Жртвите од сексуално злосторство може да бидат засрамени или обвинети за траумата што ја доживеале, прашувајќи се дали биле премногу разголени, дали провокативно се однесувале или дали јасно кажале „не“. Земајќи ја предвид нивната возраст, не само што овие искуства се длабоко трауматични, туку и ги обесхрабруваат жртвите да зборуваат и негативно да влијаат на начинот на кој ќе размислуваат за светот и за себе во иднината.

Еден вид на сексуално злоставување што е често запоставено во овие разговори е сексуалната принуда. Според веб-страната healthline, таа подразбира каков било обид да се контролира однесувањето на жртвата со закани или манипулации. Поедноставно кажано, да не се прифати „не“ и да се пробува да се промени мислењето на другата личност што не вклучува физичка сила. Овој тип на сексуален напад може да вознемирува и збунува бидејќи, како што е спомнато, многу луѓе имаат погрешно разбирање за тоа што значи согласноста.

Иако сексуалната принуда може да се случи на многу начини, најчесто се случува во врските. Да се ​​биде во врска не значи дека има постојана согласност. Сексот сè уште може да се одбие доколку еден од учесниците не е расположен. Согласноста секогаш треба да се дава слободно и не треба да се дава насила.

Таа истражуваше. Ја посети секоја феминистичка веб-страница и секој феминистички профил  на Инстаграм. Збунетоста и срамот ѝ го распарчија умот бидејќи не разбра што ѝ се случило, па почна да бара помош. Им испрати порака на пријателите: „Мислам дека сексуално ме нападна“. Рацете ѝсе потат и тресат, длабоко вдишува и им кажува што се случило. Тие ѝ се пријатели, нема да ја осудуваат, си мисли, сè додека не стигне пораката: „Извини, разбирам дека си вознемирена, но не мислам дека тоа е сексуално злоставување“. Таа повторно не знае што да мисли. Дали била во грешка сето ова време? Дали била предраматична? „Претеруваш“ ѝ велат тие, но таа се информираше, зар не? Таа направи сè што можеше за да биде информирана. Зошто нејзините блиски не се обидат да ја разберат? Лежи будна секоја ноќ, мислејќи дали не е во право.

Жртвите на сексуално злоставување се често засрамени бидејќи многу често не ја добиваат поддршката што ја заслужуваат. Ова ги обесхрабрува да ги споделат своите искуства. Честопати, двојната виктимизација трауматизира повеќе од самиот напад и остава долготрајна психичка болка. Еден од најдобрите начини за решавање на овој проблем е едноставно давање поддршка и разбирање.

Таа повторно се обидува да најде валидација на траумата. Се здружува со нови луѓе и повторно го кажува своето искуство. „Дали мислиш дека ова е сексуално злоставување?” прашува. Од блиски другари, до непознати, но искусни личности на социјалните мрежи и феминистички организации, таа конечно ја добива поддршката што ја заслужува. Повеќе  не се двоуми, не може друг да го потценува нејзиното искуство.

Еден аспект од нашиот живот врз кој секогаш имаме целосна контрола е колку сакаме да сме интимни со нашиот романтичен партнер, нашиот значаен другар, нашата љубов или дури и некој со кој штотуку се поврзуваме. Кога станува збор за што било физичко, ние апсолутно имаме глас и не мора да правиме нешто што не сакаме или не сме сигурни.

Сексуалното злоставување варира од некој да манипулира друг во сексуална активност, до физичко насилство. Сексуалното присилување претставува сексуално злоставување, исто како и силувањето. Нападот се однесува на каков било сексуален контакт што се случува без доброволна согласност. Преземањето одговорност за психофизичкото заздравување преку лекарска и психолошка помош може да им помогне на жртвите да се чувствуваат како повторно да имаат контрола над својот живот, тело и избори…

Без разлика кои чекори ќе ги направат жртвите на сексуално злоставување, секогаш треба да се потенцира дека тоа што се случило не било нивна вина и секоја жртва заслужува грижа, сочувство и поддршка.

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Стевановска
  • September 13, 2022
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Сандра Анастасовска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Ивор Мицковски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram