Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
смешно

Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe”. Велам, се разбуди, затоа што навистина се чини дека дел од луѓето коишто живеат, работат, се образуваат, се сакаат, се расправаат или едноставно постојат во оваа земја, првпат виделе ваков грозоморен изблик на насилничко однесување. Затоа, скоро веднаш голем дел од оваа јавност почна го заобиколува проблемот со родово-базираното насилство  и да одбива да ги нарече работите со вистинско име. Нормално, ова беше веднаш припишано на губењето на вредностите кај младите, недоличното однесување кај девојките чиишто слики се нашле во оваа Јавна соба, и мојот личен фаворит — сајбер неписменост.

И така додека поголемиот дел од јавноста само-удоволувачки цупкаше околу вистинскиот проблем, неколку дена подоцна моравме да се евакуираме од Сити Мол заради тоа што две млади момчиња, членови на обезбедувањето, се пошегувале со нивниот претпоставен дека под објектот има поставено бомба. Јавноста беше повторно лута.

Во првиот случај имаме повеќе од 7000 мажи кои споделувале слики кои дел им биле приватно пратени, а дел извадени од лични профили на девојки и жени, пропратени со личните податоци на девојките. Ова требаше да биде смешно. Во вториот случај имаме двајца мажи кои кренаа цела држава на нозе, заради тоа што сакале да се пошегуваат, па си помислиле дека совршен начин за да се постигне тоа би било да се пријави лажна бомба кај нивниот надреден. И ова требаше да биде смешно. Она што овие два навидум неповрзани настани имаат заедничко е тоа дека се сметале за шега и разонода за мажите кои ги почнале. Во случајот со Јавна соба, администраторот изјави дека начелно групата била наменета за хумористична содржина, а не за објавување на слики и информации на млади девојки и жени. Но, ете групата фатила друг тек и со тоа го открила грдото лице на она што мажите често всушност го сметаат за шега —објектификација на женските тела.

 

смешно

 

Хуморот отсекогаш се сметал за машка област, најверојатно најмногу од нив самите. Кристофер Хиченс во 2007 славно напиша дека жените немаат смисла за хумор како мажите, заради тоа што ,,главната цел на мажите е да го импресионираат спротивниот пол’’. Дали ние како жени сме импресионирани од машката смисла за хумор е дискутабилно. Уште попроблематично е доколку хуморот и она што се смета за смешно се разгледува во контекст на мноштвото обвиненија против славни комичари за сексуално вознемирување и напад, најпознати од кои што се случаите против Бил Козби и Луи Си Кеј. Луи Си Кеј, како и голем дел други комичари, отворено зборуваат за нивните сексуално-предаторски навики во нивните стендапи. Доколку го прегледаме материјалот што Луи Си Кеј го презентира во еден од неговите скечеви за мастурбација, сфаќаме дека тој едноставно зборува за мастурбирање на јавен простор, таму кадешто дури 45,3% од испитаничките од земјава не се чувствуваат безбедно доколку нема голема фреквенција на луѓе. И ова се смета(ше) за смешно.

Жените и нивните трауматични искуства се често предмет за потсмев. И додека на глобално ниво сè уште се расправаме за тоа зошто шегите за силување не се смешни и како феминизмот и политичката коректност го убиле хуморот, во Македонија екс-премиерот шеговито изјави дека ‘’ќе ја продаде сопствената ќерка за грчки остров’’ додека дискутираше за процесот на потпишување на Преспанскиот договор. Оваа, во најмала рака речено невкусна шега, за жал не е нешто невидено и во светски рамки. Ако ништо друго, нè потсети на далеку повознемирувачките коментари што Доналд Трамп ги дава веќе неколку децении за изгледот на својата ќерка Иванка. Да кажеш нешто такво на телевизија покажува еден безобразно ноншалантен однос кон гледачките и тотално непознавање и нечувствителност кон искуствата на жените низ историјата, па и денес, особено кога знаеме дека склучувањето на бракови само со татковска дозвола е пракса што се случува на многу места и во 21ви век. Мора да се запрашаме: кому ова би требало да му е смешно?

Да се потсетиме на уште еден случај: пред неполна година бевме сведоци и на емисија која беше строго посветена на исмевање на жените и девојките заради начинот на кој тие одлучиле да се облечат и сликаат и притоа имале дрскост да ја објават сликата на нивните социјални медиуми. Да, станува збор за емисијата Мода, со Сергеј Варошлија која се емитуваше на сега веќе непостоечката 1ТВ. Емисијата коментираше на слики кои биле посочени и пратени во редакцијата од лица кои останаа анонимни, додека девојките и жените на сликите беа ставени на тапет пред целата земја, па и пошироко ако се земе во предвид дека емисиите беа објавувани на Јутјуб. Една епизода траеше околу 20тина минути од кои во просек 5 минути беа посветени на светските трендови во модата, честопати претставени преку луксузни брендови и неколку девојки што водителот ги избрал како пример за тоа како треба да се облекуваме. Овие неколку примери беа спротиставени со сликите на девојките кои беа исмевани и критикувани заради начинот на кој што тие одбрале да се облечат и сликаат. И секако, по одреден период на емитување, во емисијата беше вклучен уште еден водител за да даде ‘’посвежа’’ перспектива.

 

via GIPHY

 

Како резултат, имавме една изместена реалност, на национална телевизија во која двајца мажи коментираат за изгледот на девојки од земјава. И ова очигледно им беше смешно и на мажите и на жените. Ваквата смисла за хумор е несомнено дел од една светска традиција на исмевање на послабите и маргинализираните во општеството и на тривијализирање и нормализирање на женските трауми. Сепак, овој хумор ги изразува веќе бајатите одлики на македонскиот мачоизам во едно тврдоглаво општество кое одбива да направи минимален напор да се смени и научи од минатите грешки.

Иако лажната тревога во Сити Мол не ја исмева жената и може да се разгледува како изолиран случај на несериозно и дилетантско оденесување, сметам дека зборува многу за тоа до која крајност мажите во нашето општество се спремни да одат за добро ,,зезање’’. Иако се чини дека веќе ова е заборавено, истата оваа своеволна невнимателност се воскреснува и трансформира секојдневно низ бројни зезања и шеги во кои исмеаниот, или во овој случај исмеаната, останува исклучена и дополнително деградирана. Немарноста за тоа како она што го пишуваме, изјавуваме или на некој начин претставуваме влијае врз исмеаниот или врз околината се провлекува низ сите овие случаи, за да на крај си го покаже грдото лице на шовинизмот и машката привилегија. Она што е најтрагично е тоа што засега никој не може да нè евакуира од хуморот на македонскиот сексист и веројатно ќе посведочиме уште многу вакви промашени обиди за хумор. Но, она што можеме да го направиме е да реагираме. И секако, да не се насмееме.

 

 

 

 

Извори:
https://www.vanityfair.com/culture/2007/01/hitchens200701

http://rodovreactor.mk/subject/urban/data/istrazhuvae-na-opsegot-na-rodovo-baziranoto-nasilstvo-vrz-

 

 

*Текстот е напишан како дел од Школата за феминистичко пишување и критика ФЕМ 101

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Петрова
  • February 14, 2020
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Што е нормално?
Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме.
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ
На 27 септември во „Чифте Амам“, во 19 часот се отвара изложбата „Доаѓаме со поклон“ на познатата босанска уметница Шејла Камериќ.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)
  • Од Кристина Атанасова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сајбер насилство: Безбедност и самоцензура
На кој начин да бидеме побезбедни во сајбер просторот? Дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура? Дали и колку треба да сме внимателни што објавуваме и испраќаме? И финално, како да бараме соодтвена системска заштита, кога упорно гледаме како институциите потфрлаат во ова поле?
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram