Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.

Движењето #FreeBritney е актуелно последните неколку месеци откако во јавноста излегоа детали за судската битка на Бритни Спирс за ослободување од дванаесетгодишното старателство од својот татко. Документарниот филм „Framing Britney Spears“, излезен овој месец, ја прикажува ужасната и безизлезна состојба на Бритни чиј идентитет, кариера, личност, финансии и слобода се ставени во рацете на Џејми Спирс. Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.

Што претставува овој важен културен момент за нас, генерациите кои пораснавме со музиката и настапите на Бритни Спирс? Сега, благодарение на сведоштата на стотици жени кон движењето #СегаКажувам, за експлоатирање на работното место и за нивната незаштитеност од системот, сведочиме како овој поп феномен е и нашето секојдневие.

Кога растев немав ништо заедничко со Бритни. Додека таа пееше и танцуваше на настапи со истата леснотија и насмевка чувана и за новинарите и обожавателите, јас пишував домашни по природа и општество. Најверојатно на тетратка со нејзиниот лик. Лик кој и на нашите простори беше препознаван и преведуван како „девојка од соседството“ – една од омилените етикети на Западот за типизирање девојки. Кога во основно ја следев Бритни, немав капацитет и не бев доволно информирана за да ја забележам и разберам експлоатацијата која стои зад таков вид на поп успех. Не знаевме за Бритни Спирс – жртва на сексистичките наративи креирани од таблоидите. Со другарките ја слушавме и ја имитиравме: нејзиниот препознатлив глас, движењата; се соживувавме со музиката чиј текст малку го разбиравме. Делото на Бритни беше за нас, а останатото припаѓаше на индустријата. Сега кога пораснавме и вестите за надзорот на Бритни допреа до сите нас, сведочиме како злоупотребата на Бритни ја враќа женската еманципација векови назад со тоа што ја одзема вистинската вредност на нејзиниот напор и труд. Економската придобивка од работата на жената припаѓа на мажот, во овој случај на таткото на Бритни, додека таа е заробена помеѓу просторите каде што може да биде надгледувана: домот и сцената.

Бритни е девојка која расте пред очите на јавноста за да биде уништена од истата.

Елизабет Вуртзел (Elizabeth Wurtzel) во збирката есеи “Bitch: In Praise of Difficult Women,” како една од темите ја разгледува и траумата на девојчето-ѕвезда чие созревање е и нејзина фаталност. Вуртзел пишува дека славните млади девојки се сакани поради нивната сексуалност над која немаат контрола, сексуалност за која не се свесни дека ја поседуваат. Откога ќе престанат да ги извршуваат задачите очекувани од нив, кога тие ќе се обидат да блеснат како свои индивидуи и светот не само што ќе ги одбие туку поради тоа и ќе ги презре : „тие – или најдобриот дел од нив – умираат млади.“

Кога Бритни има деветнаесет години, Чикаго Трибјут го објавува насловот: “NAUGHTY AND NICE: SPEARS NO LONGER THE LITTLE GIRL NEXT DOOR.” Талентот на Бритни повеќе не е доволен. Не е доволно што таа неуморно работи, танцува и пее, туку мора да биде впуштена и во рацете на сензационализмот. Случајот со Бритни е школски пример за токсичната пракса на таблоидите и категоризирањето на жената во матрицата: добро-лошо; како треба и како не треба. Почнува да се осмислува нова нарација за деветнаесетгодишната девојка која станува свесна за својата сексуалност и на која повеќе не можат да ѝ ја лепат етикета „девојка од соседството.“ Од тука започнува и новиот дехуманизирачки интерес на таблоидите и јавноста за Бритни. Сензационалистичките наслови и поттикнувачите на овој дискурс почнуваат да ја морализираат славната жена и да ја банализираат нејзината работа и уметност. Во документарниот филм гледаме заборавени снимки од возрасни телевизиски водители како ѝ поставуваат бизарни прашања за нејзиното тело и сексуалност. На седумнаесет години ја прашуваат за нејзините гради и принудувана е пред јавноста да одговори дали е девица. Познати комичари и комичарки, заради новооткриената ситуација, почнуваат да се извинуваат што секој дел од личноста на Бритни, како и секој обид да се справи со притисокот, го користат како предмет за потсмев.

 

 

Што гледаме кога ја гледаме Бритни денес?

 

 

Денес Бритни е секоја жена која се обидува да ја има елементарната контрола над својата кариера и да го заштити својот приватен живот; да го оддели личниот идентитет од работното место; да повтори неколку пати дека нејзиното тело е само нејзино. Мизогината култура секогаш наоѓа начин работата, креативноста и талентот на една жена да ги фрли во сенка на приватниот живот, животните избори или најчесто – нејзината сексуалност. Жената и кога ќе успее со натприродни напори да напредува професионално, со нејзината уметност да допринесе и да влијае културолошки и генерациски, да биде мајка, сексуално да се дефинира, таа пак греши и губи.

За сексистичкото општество, идеалната жена, жената од иднината, е робот (Сири, Алекса, Софија). Оваа култура можеби ја поставува жената на главната сцена, но ја одзема можноста за еманципација и личен иденитет.

Во 2007 година Бритни Спирс си ја избричи главата пред група папараци (поп-културата премина во панк) и го најави почетокот на падот на естрадната индустрија како што сме ја познавале. Нешто што требаше да биде дискутирано и препознаено тогаш, наместо да се убива „гласникот.“ Денес Бритни одбива да работи додека нејзиниот татко сè уште има целосна моќ и старателство над неа. Илјадници обожаватели и активисти се придружуваат на движењето #FreeBritney, не само заради чувство на емпатија и загриженост, туку и затоа што заробувањето на Бритни го сфаќаме лично.

Денес, во време на социјални медиуми (кога јавното око е поактивно и сеприсутно од било кога) особено е важно да се потенцираат погубните ефекти од неетичката и неодговорната работа на индустријата и таблоидите врз животите на жените. Сензационалистичките наслови и нарации не опстојуваат единствено во трачот, туку се преземени и уште толку се хиперболизирани во коментари и споделувања на лични профили. Сега не е време да се тешиме под колективна вина и да бидеме неми конзумеристи на новинарски стратегии (како што беше случајот со Бритни), туку активно да ги препознаваме и осудуваме сексистичките тактики, на кој никој не е имун, дури ни принцезите и кралиците на попот.

НАПИШАНО ОД:
  • Кристина Атанасова
  • February 23, 2021
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Јована Ѓорѓиовска
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram