Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.

Ако треба да погодиме кому најчесто му се поставува прашањето „што има за вечера“, тоа секогаш е жената во домот, без разлика дали се работи за мајка која ги чува своите деца, за жена активно вклучена во работниот однос или пак за пензионерка. И покрај бројните победи на жената низ историјата, борбата за еднаква распределба на домашните обврски не е соодветно започната, а е далеку од завршена.

Колку многу планови имам направено за работите кои сакам да ги остварам, заспивајќи ги моите две деца. Штом заспијат се враќам на обврските кои треба да ги завршам и сфаќам како желбата за себеостварување ми згаснува полека, додека бројот на незавршени домашни обврски расте. Понекогаш не знам како да се оттргнам од овој круг, каде не постои време за себе. Ако побарам повеќе помош од фамилијата и заедницата во исполнувањето на мојата идеја, се прашувам дали ќе мислат дека сум разгалена, со погрешни приоритети или премногу барам. Сфаќам дека во потрагата по лична исполнетост, можеби ќе ги разочарам оние околу мене, кои долго време живееле во заедница каде е нормално жената да го носи бремето на семејството и да не ги задоволува своите индивудуални потреби. Но исто така сè повеќе разбирам дека не треба да ги намалам моите очекувања, дури и на сметка да не наидат на одобрување. Напротив, сакам и треба да учествувам во промена на системот и заедницата кој создал услови жените да носат ваков товар и тоа да се смета за нешто најнормално.

 

 

Двоен товар

 

 

И покрај долгогодишната борба за родовата еднаквост и еманципацијата на жените, што меѓудругото подразбира и слободно вклучување во пазарот на трудот, се продолжи традицијата обврските во домот да останат изворно женски. Терминот двоен товар или двоен ден, е феномен каде жената има платено работно место на пазарот на трудот, а потоа доаѓа дома работи неплатена домашна работа во домот. Поради општествените норми и очекувања, товарот на неплатена работа првенствено паѓа на жената во домаќинството, дури и ако таа и нејзиниот сопруг работат исти часови на пазарот на трудот.¹ Во просек, жените поминуваат два пати повеќе време од мажите на работа во домаќинството и четири пати повеќе време грижејќи се за децата во домот. Двојниот товар се нарекува и „Втората смена“ во книгата на Арли Хошчилд кој ја објаснува премореноста, фрустрирачката секојдневна реалност на жените кои работат на работа и потоа доаѓаат дома и работат уште една смена во домашни обврски.

Двојниот товар во време на пандемија уште повеќе помогна да се зголеми родовиот јаз, каде во Република Северна Македонија учеството на жените на пазарот на трудот е 48,4 %, додека процентот на мажите кои се вработени во формалната економија е 70%. Ваквата разлика е една од најголемите разлики во Европа.² Праксата на извршување на домашната работа резултира со помалку време и можност жените да се вклучат во платена работа. Притоа, на овој начин ги пополнуваат празнините на системот, со тоа што тие ја обезбедуваат грижата за семејството и ја спроведуваат социјалната и здравствена заштита чие обезбедување е задача на системот… Истражувањата покажуваат дека податоците и пред кризата беа алармантни поради тоа што жените извршуваа 72% од неплатената работа во домот, поврзана со грижа за семејството и домаќинството. Во време на пандемијата на овој процент треба да се додаде и времето поминато во грижа за болните во семејството и неможноста да се оди на работа поради тоа што училиштата и градинките беа затворени.

Жените се вклучија на пазарот на трудот и тоа беше револуција, но местата каде што одеа на работа и мажите кај кои се враќаа дома не ја направија соодветната промена. Ниту пак, државата создаде политики кои ќе ѝ олеснат на жената да биде активен дел од економскиот и политичкиот живот.

Сепак, добрата вест е дека во светот скоро 50 % од жените се во работен однос и овој процент само ќе се зголемува во иднина. На меѓународен план се прават различни заложби за унапредување на оваа состојба, па така двојниот товар и неплатената работа се дел од целите на Обединети Нации за Агенда 2030. Но и европските политики ја препознаваат потребата од овозможување на подобар баланс меѓу работата и професионалниот живот од една страна, како и еднаква распределба на домашните обврски од друга страна. Така, Европската Унија донесе Директива за рамнотежа помеѓу животот и работата за родители и негуватели³, а чии првенствени цели се фокусирани на тоа татковците или старателите да искористат татковско отсуство во периодот на раѓање на нивното дете; право на родителско отсуство во време од 4 месеци, од кои 2 месеци се непреносливи меѓу родителите и се платени, како и проширување на правото за барање флексибилни работни ангажмани за негуватели и родители во работен однос на деца до осум години.

Целта на овие политики е да се подобри рамнотежата меѓу професионалниот и семејниот живот, но и да се зголеми вработеноста на жените и економската стабилност на семејствата.

Како држава имаме долг пат за имплементација на ваквите закони кои одат во корист на сите граѓани. Кај нас, Законот за работни односи нема можност за поделено родителско отсуство и стимул за користење на татковско отсуство. Единствениот начин кога таткото може да земе родителско отсуство е доколку мајката не го користи отсуството кое ѝ следува. Таа мерка речиси и да не се користи. Потребно е да се воведе концептот за задолжително родителско отсуство, време кое е исклучително важно за креирање на поврзаност помеѓу секој од родителите со децата и за стекнување на вештини и самодоверба, дека бидувањето добар родител не е родово предодредено, туку е прашање на време и личен влог.

Дополнително, законски не се креирани можности за флексибилното работно време како и скратеното работно време по желба на работникот или работничката, кои би го олесниле усогласувањето на професионалниот со приватниот живот. Оваа можност во законот постои само во одредени ситуации.

Уште од самите почетоци на оформување на семејството, кај жените постои страв од лишување од јавниот живот, губење на себеси поради потребата да се посветат на семејството и чувството на вина доколку се одбере „нетрадиционални“ начин на растење на децата. Токму во овој дел доаѓа и менталниот товар. Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“, а другиот партнер, обично мажот, има подредена улога или попасивен пристап кон извршувањето на домашните обврски т.е. очекува да добива инструкции и насоки за тоа што треба да прави. Чувството на одговорност кое го имаат жените во домот, планирањето, организирањето и спроведувањето на активностите, треба да се задачи кои се поделени помеѓу партнерите и товарот на домот да се носи заеднички.

 

 

Како да дојдеме до заеднички пристап за заедничка цел?

 

 

За да го смениме начинот на кој живееме, прво треба да се ослободиме од товарот кој го носи традицијата. Товарот да се грижиме „што ќе кажат“ постарите, семејството и работодавачите, товарот секому да му се допаднеме и да бидеме примерни согласно општествените норми. Товарот дека доколку одбереме значајна работна позиција, помалку ќе се грижиме за семејството.

Често, големите несогласувања и незадоволство се случуваат кога двајца партнери ќе добијат дете и ќе се соочат со зголемени обврски во семејниот живот. Според книгата Родителство на шведски начин, најдобар начин да се спречи оваа негативна појава е да се направи партнерски договор. Договорот треба детално и прецизно да ги испланира поделбата на задачите: од миење на садови, до тоа кој е одговорен за ноќната смена. Некој ќе рече дека овој начин е детски и неромантичен, но нема ништо лошо во тоа да се залагаме за правилна распределба на обврските во домот. Напротив, доколку завршуваме поголем дел од обврските, кога-тогаш ќе се појави чувството на огорченост кое само ќе се зголемува, доколку не може да ги задоволиме потребите за слобода, време, приход…

Семејниот живот, двојниот и менталниот товар, секојдневните обврски често може да нè изморат и да нè одвлечат од плановите што ги имаме за себе, за одмор, за образование, за промена на работно место или пак за унапредување. Кога ќе имаме потреба за себеактуелизација, а патот до целта е тежок, не треба да се откажеме, туку да се реорганизираме. Потребно е државата и работодавачите да застанат во одбрана на родовата еднаквост, пред сè со поттикнување на користење на родителско отсуство од двајцата родители и флексибилно работно време. Да се создаваат партнерски договори кои ќе рефлектираат фер семејни права и обврски.

Револуцијата за правото на глас и работа ја издвојуваа нашите баби и мајки. Борбата на нашата генерација е за целосна родова еднаквост, на работа, но и дома, за следната генерација всушност да го живее тоа.

 

 

 

 

Авторка: Сандра Анастасовска

 

 

 

 

 

¹MacDonald, Martha; Phipps, Shelley; Lethbridge, Lynn (March 2005). „Takings Its Toll: The Influence of Paid and Unpaid Work on Women’s Well-Being“. Feminist Economics. 11

²Реактор истражување во акција: Родов аспект на социјалните и економските ефекти од кризата предизвикана од пандемската криза со коронавирусот (COVID 19)

³Јованова. Ј, Промена на родовите улоги во Европска Унија и во Република Македонија

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Сандра Анастасовска
  • November 25, 2021
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Герасимовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • Од Мартина Стојковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram