Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  

Предупредување за содржината: убиство, родово-базирано насилство, самоубиство.  

 

Неочекувано популарната Јужно-корејската серија „Squid Game“ (Игра на лигњи) го шокираше светот со експлицитната бруталност, крвав хорор, и секако, силната критика на глобалниот капитализам. Но речиси и да нема филмски критичари кои пишуваа за трагичната и родово-специфичната приказна на Џи-Јонг (играч број 240), млада девојка, која е жртва на родово базирано насилство, а која се појавува во само три епизоди од серијата. 

Пред да навлезам во анализата за Џи-Јонг (ќе има споилери), накратко ќе ја објаснам премисата на „Squid Game“. На луѓе од ниска економска класа во Јужна Кореја им е понудено да играат варијации на детски игри за да освојат 45.6 милијарди корејски вон (38.6 милиони американски долари). 456 играчи се потпишуваат договори за нивното учество, но пред да ја започнат првата игра тие не се свесни за смртоносните последици кои следуваат. Во првата игра, 205 од играчите се убиени од снајпер бидејќи „губат“ во играта. Преживеаните играчи се шокирани од насилството и се повикуваат на третиот член од договорите: „Ако мнозинството играчи се сложат да ги прекинат игрите, игрите смеат да прекинат.“ Играчите гласаат и само поради еден одлучувачки глас, успеаваат да ги прекинат игрите. 

Во втората епизода со наслов „Пекол“, гледачите гледаат колку им се мизерни животите на играчите откако тие се вратени во нивните нормални животи. Сите страдаат од огромни лични долгови од различни причини, како шест месеци неисплатени плати, во случајот на пакистанскиот имигрант Али. По само еден ден во „вистинскиот свет“ на играчите им е дадена шанса да се вратат во смртоносните игри. 93% од нив одлучуваат да се вратат, вклучително и Џи-Јонг. 

За разлика од другите играчи, Џи-Јонг нема личен, туку наследен долг, од нејзиниот мртов татко, но тоа е речеси неважен фактор во нејзината одлука да се врати во игрите. Најголем фокус на Џи-Јонг се дава во шестата епизода, каде играчите се натпреваруваат во парови, играјќи со џамлии според правила кои ги измислуваат самите парови – партнерот кој ќе изгуби во рок од 30 минути, е убиен. За разлика од сите другите парови кои го користат своето време пробувајќи да го победат својот партнер за да си го спасат сопствениот живот, Џи-Јонг ѝ предложува на нејзината партнерка Сае-Бејок (играч број 067), млада дезертерка од Северна Кореја, да играат само една рунда на крајот на даденото време и ги поминуваат овие 30 минути зборувајќи една со друга. Двете девојки се многу млади и очигледно е дека нивниот род и возраст ги поврзуваат во оваа невозможна ситуација. Додека слушаат испукани куршуми и врескања од луѓе пред нивната смрт, девојките разговараат „за работите кои не можеле да ги споделат со други луѓе“. Сае-бејок ѝ објаснува на Џи-Јонг дека таа избегала од Северна Кореја, барајќи подобар живот во Јужна Кореја, и дека ако победи, таа би ја искористила паричната награда за да ја извлече мајка ѝ од Северна Кореја и да може да се грижи за нејзиниот помал брат, кој моментално е во дом за деца без родители. За разлика од неа, Џи-Јонг вели дека не размислила што би направила со парите ако победи. 

Девојките исто така зборуваат за тоа дали пред игрите виделе мртво тело и тука е откриено трагичното минато на Џи-Јонг: таа објаснува дека првото мртво тело што го видела било на мајка ѝ. Кога била помлада, Џи-Јонг се вратила од училиште еден ден и го видела татко ѝ како стои врз мртвото тело на мајка ѝ, со нож во неговите раце. Кратко по ова, таа земала нож и го убила татко ѝ. Заради ова Џи-Јонг завршила во затвор и била ослободена непосредно пред игрите. Кога излегла од затвор ѝ пришол мистериозен човек, кој таа мислела дека е наплатувач на долгови, кој ѝ приоѓа заради долговите на татко ѝ, но наместо тоа тој ја викнал да учествува во игрите.

„Јас само дојдов овде, бидејќи немав каде да одам,“ вели Џи-Јонг. 

Токму ова ја прави Џи-Јонг различна од сите други ликови во „Squid Game“. За разлика од другите играчи кои се жртви на бруталниот економски систем, Џи-Јонг е и жртва на родово базирано насилство и систем кој не заштитува жртви како неа. Односно, убиството на мајка ѝ е само крајниот резултат на насилството кое го трпеле Џи-Јонг и мајка ѝ. Џи-Јонг објаснува дека татко ѝ бил свештеник и имплицира дека таа била сексуално злоставувана од него.

„Секогаш кога ја тепаше мајка ми и ми го правеше незамисливото, секогаш се молеше да ни се простат гревовите,“ Џи-Јонг ѝ кажува на Сае-бејок. „Но, тој не се молеше на денот кога ја уби мајка ми. Можеби знаеше дека не може да му се прости.“

Приказната на Џи-Јонг е доказ дека не само што жртвите на родово базирано насилство често не се заштитени од системот, туку тие се дополнително казнувани. Ние, како гледачи, не добиваме повеќе информации за колку време Џи-Јонг била пратена во затвор за убиството на татко ѝ, но јасно е дека правниот систем не го земало предвид страдањето кое таа континуриано го искусувала. Наместо да најде начин да ја поддржи по нејзиното трауматично детство и убиството на мајка ѝ, системот ја казнува Џи-Јонг и ѝ одзема буквално сѐ. Згора на тоа, економскиот систем кој регулира како се исплаќаат личните долгови, ја наведува Џи-Јонг за исплата на  долговите на татко ѝ, личноста поради која таа нема шанси да живее достоинствен живот. 

Иако приказната на Џи-Јонг е фиктивна и сместена во комплетно различен културолошки контекст, таа потсеќа на случка која неодамна ја потресе македонската јавност. На 29ти септември, 2021,  23-годишната П.И. го уби својот 40-годишен вонбрачен партнер А.Р., полицаец кој со години ја малтретирал. А.Р. исто така бил само условно осуден за изнуда и поради тоа што прегазил шестмина тинејџери со автомобил. А.Р. очигледно бил насилна личност кој освен што ја малтретирал својата партнерка, исто така ја нападнал сестра ѝ на П.И. заради имотен конфликт. По сѐ ова, на А.Р. сепак му било дозволено да работи како полицаец, кој би требало да го спроведува законот. По убиството на А.Р., на П.И. ѝ беше доделен 30-дневен притвор, но нејзините роднини сметаат дека таа го извршила убиството во самоодбрана, борејќи се за здив додека А.Р. ја давел. 

Сосема е возможно П.И. да биде казнета на сличен начин како Џи-Јонг. Иако П.И. очигледно е жртва на родово базирано насилство, сѐ уште не е јасно како судот ќе ѝ пресуди. Ако таа заврши во затвор, практично би била казнета за тоа што била жртва која не сакала да умре. 

Секако, случајот на Џи-Јонг не е ист како тој на П.И,. бидејќи не е јасно дали таа го убила татко ѝ во самоодбрана или како акт на одмазда за годините претрпено насилство. Сепак, фактот што Џи-Јонг била затворена по овој акт, докажува дека таа била комплетно незаштитена од правниот систем додека била малолетна жртва на родово базирано насилство. Тоа што Џи-Јонг ги поминува своите тинејџерски години зад решетки, ја остава комплетно сама кога таа е ослободена. Таа нема соништа, аспирации, ниту пак пријатели или  блиски луѓе во животот: родово базираното насилство ѝ ја одзема сета иднина. Затоа Џи-Јонг завршува во смртоносните игри, бидејќи како што самата кажува, таа нема каде да оди. 

На крајот на шестата епизода, Џи-Јонг е убиена од чуварите, но не бидејќи губи во играта со џамлии, туку бидејќи не се ни обидува да победи. Кога стигнуваат последните минути во играта, Џи-Јонг предложува едноставни правила за нивната единствена рунда џамлии: таа која ќе ја фрли својата џамлија поблизу до ѕидот, победува. Сае-Бејок ги прифаќа овие правила и игра прва, фрлајќи ја својата џамлија прилично блиску до целта. Кога Џи-Јонг доаѓа на ред таа само ја испушта џамлијата за да ѝ ја даде победата на нејзината партнерка. Сае-Бејок не го разбира овој потег и почнува да ѝ вика, барајќи да игра сериозно, но таа одбива. 

„Немам ништо. Ти имаш причина да го напуштиш местово. Но јас немам,“ Џи-Јонг ѝ вели на Сае-Бејок. „Откога ме праша [што ќе правам после ова], размислував за што би правела кога ќе си отидам од тука. Но колку и да размислувам, не можам да смислам ниту едно нешто. Таа која има добра причина, би требало да биде таа што ќе си отиде од тука.“

Овој потег на Џи-Јонг може да се разбере како благороден акт на саможртвување, но друга интерпретација на тоа што го прави е Џи-Јонг е индиректно самоубиство. Таа буквално не може да најде причина за да продолжи да живее и ги користи своите последни моменти за да ја даде таа шанса на друга девојка. Сите други натпреварувачи кои умираат за време на игрите се индиректно убиени од бруталноста на капитализмот, но Џи-Јонг е убиена од сексистички систем кој не се грижи за жртвите на родово базирано насилство. За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • December 2, 2021
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сајбер насилство: Безбедност и самоцензура
На кој начин да бидеме побезбедни во сајбер просторот? Дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура? Дали и колку треба да сме внимателни што објавуваме и испраќаме? И финално, како да бараме соодтвена системска заштита, кога упорно гледаме како институциите потфрлаат во ова поле?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ирена Цветковиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Павлина Симоноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram