Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.

Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години. Со Билјана Гинова веќе бев во долги преписки за можностите да се отвори феминистички сајт на македонски јазик. Едноставно чувствував потреба да читам феминстички текстови на македонски, а немав каде. Роварев по феминистички сајтови од регионот и пошироко, запишував идеи, методи, теми и знаев дека е време да се развие таква идеја и кај нас. Со желба малку пофокусирано да размислуваме, решивме да се видиме со Славчо Димитров. И така, во зимската атмосфера во Чамо, малиот проект за кој мечтаев толку многу време доби свое име – Медуза.

Медуза ја развивав цела година, а Хелсиншкиот комитет за човекови права ја прифати идејата како своја и ми даде секаква поддршка за реализација. Многу луѓе во мојата околина беа скептични: Каде ќе најдеш луѓе што ќе пишуваат? Никој не сака да троши време за вакви теми во Македонија! Дали ќе имаш доволно време? Ќе згасне после неколку месеци…Реално, не е дека ги немав истите стравови. Не е дека не ме заплашуваше помислата дека ќе останам сама во таа луда потрага по луѓе кои навистина би сакале да ја објават својата приказна и перспектива.

Излезе дека сепак не грешев. Една година од основањето, на Медуза имаме објавено 130 текста, најчитаниот текст ни брои публика од 6000, а содржините на Фејсбук страната ги следат повеќе од 5000 луѓе. Со оглед на тоа што зборуваме за сајт со феминистички фокус, овие бројки говорат сами за себе. Сепак, она што за мене говори многу погласно од бројките, се луѓето кои ја креаираа оваа приказна рамо до рамо со мене и ја направија Медуза платформа – баш онаква како што ја замислував пред две години. Затоа што еден е осамен број, во тимот Медуза ми се придружи Ена Бендевска, а платформата продолжува да постои единствено бидејќи една група на храбри авторки и автори решија да споделат дел од себе со Медуза. Оваа година со различни содржини на Медуза се појавија: Амар Качар, Лени Фрчкоска, Гала Насева, Бојана Јовановска, Елена Гаговска, Мања Величковска, Вики Младенова, Билјана Танеска, Јована Јовановска, Сибел Амет, Сара Миленковска, Игор Јадровски,  Ивана Харикли, Мартина Јаневска, Предраг Јовановски и Моника Јамандиловска. Отствариме сестринска врска со Дiskorдia  – Ивана Драгшиќ и Стефан Богески, кои го крериаат саунтракот што ни ги прави деновите забавни, со Haus of Fauche ги проследивме и пренeсовме сите дрег настапи во Скопје изминатата година. Заедно со Tiiit!Inc. работевме на овогодинешното издание на Прво па Женско, а од овој месец во магазинот Портет редовно ќе се појавува еден текст на Медуза. Паралелно со постепеното градење на култура на квалитетно пишување, се обидуваме да градиме и квалитетна публика која е жедна за добри текстови со феминистичка содржина.

Она што е круцијално и препознатливо за нашата работа е нашата заложба за вклученост и видливост на ЛГБТИ+ заедницата на платформата, која е неразделив дел од нашиот феминизам. Медуза е место на солидарност, еманципираност, отвореност, експерименталност и прифаќање и се трудиме нашите содржини да ги отсликуваат тие уреднички вредности. Соработките на Медуза со локалните иницијативи не се само професионални одлуки, туку се плод на секојдневно комуницирање, дружење, споделување идеи и заедничко дејствување, а резултатите во вид на настани, рубрики или гостувања се продукт на мрежата што Медуза секојдневно ја јакне и поддржува.

На почетокот на нашата работа си поставивме цел поаѓајќи од сопствените идеали и замисли за нашиот феминизам, да се обидеме да изградиме една платформа која ќе го доближи феминизмот и феминистичката мисла до сите оние со желба да слушаат, учат и живеат феминистички, со надеж да допреме и до оние кои мислат дека феминизмот едноставно не е од нивен интерес. Денес можам гордо да кажам дека тој простор постои и е отворен за сите кои сакаат да станат дел од оваа приказна. Нашата моментална насока е таа – да градиме широка база на автори и авторки кои се подготвени со две раце да го потпишат својот текст, а ние ги поддржуваме во целиот процес, кој знае да биде тежок и трауматичен, бидејќи осудата на феминизмот е повеќе од присутна во Македонија. Се надевам дека со работата на Медуза и различните теми кои ги опфативме во овој период пративме порака дека феминизмот нè засега сите, а сексизмот, шовинизмот, мизогинијата, хомофобијата и трансфобијата се нус-продукти на патријархалното уредување кое секогаш го угнетува послабиот.

Првата порака која ја добивме во нашиот инбокс пред точно една година беше од некој дечко кој нè праша каков сендвич можеме да му направиме… Една година подоцна можам само да му кажам дека не правиме сендвичи за шовинсти.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • November 12, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram