Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат

Пред три години, кога тргнав да читам дела од жени од секоја земја во светот, немав идеја за начините на кои ова патување ќе ме изненади, ќе ме предизвика и, како што животот стануваше сè потесен, ќе ме одржува. Она што го знаев е дека треба да ја проширам библиотеката далеку над канонот.

Така, во јуни 2018 година, започнав блог каде што направиви план, почнав да собирам совети и рецензии за 199 книги, песни и приказни. (Бев поинклузивна од некои официјални листи – на пример, читав дела и од Палестина, Тибет и Косово).

Се почувствува надреално во декември минатата година кога го затворив Le Déserteur од Хелена Казиенде од Нигерија, последната земја на мојата листа. Преземајќи форма на писмо до Африка, овој расказ ја истражува комплицираната одлука да се напушти сопствената земја. За делото на Казиенде дознав низ истражување на литературата од Нигерија и ми требаа месеци за да пронајдам примерок (на старо) од Kilomètre 30 од 1992 година, каде е отпечатена нејзината приказна. Пандемијата значеше дека беа потребни уште шест недели да стигне на мојот праг и уште едно попладне да си го освежам францускиот јазик, пред да можам да ја читам. Чекањето вредеше.

Имаше многу различни патишта кон секој од 199 писателки. Мојот избор беше воден од неверојатната низа препораки испратени од посетители на мојот блог од целиот свет. За некои автори, како Казиенде, процесот на доаѓање до книгите беш долг и комплициран. Со многу европски писатели, беше едноставно како забележување интригантна корица во книжарница.

За одредени земји, поезијата беше полесно достапна од прозата. Меѓу нив беше и Туркменистан: по истражувањето, наидов на поетеса од советско време, Анасолтан Кекилова, авторка на претажната „I Have Come Through Torments Within These Walls“ (во превод на Џејмс Вомак). Ова беше една од песните шверцувани од туркменската психијатриска болница каде Кекилова била затворна цела деценија поради нејзиниот активизам и каде и во 1983 година починала.
Понекогаш ме прашуваат што најмногу ме трогна овие години. Без сомнение, тоа е неверојатната отпорност на жените во сите делови на светот. Овој проект навистина го соголи фактот дека толку многу проблеми со кои се соочуваат жените се универзални. Предвидливо и застрашувачко е дека насилството врз жените е толку често повторувана тема.

Во само еден викенд, бев вознемирена од еден чин на семејно насилство во „Непослушна девојка“ (Disobedient Girl) од писателката од Шри Ланка, Ру Фриман, потоа од еден напад врз транс-жена во Малата убавина (Small Beauty) од канадската писателка Јиа Кинг Вилсон-јанг.

Контекстот се менува, мизогинијата останува.

Во полесниот домен, длабоко уживав во литературата за деца, првпат по детството. Толку многу писателки вешто се движеа низ трнливите теми. Во моите омилени се најдоа писателка од Централна Африканска Република Адриен Јабуза со „Волшебната кукла“( The Magic Doll) (илустрирана од Елоди Нухен, а преведена од Пол Кели), што нежно се осврнува на борбата на една мајката со плодноста.

Исто така, научив многу од Калути (Kaluti) на Шазија Усман од Фиџи и нејзината зајакнувачка порака за љубов кон самите себеси кон девојчињата кои се нарекуваат „калути“ – погрден термин за луѓето со темна кожа.

И тогаш се појави и незаборавната писателка од Кирибати, Марита Дејвис со „Теаоте и ѕидот“ (Teaote and the Wall), помагајќи им на младите читатели да разберат како островската држава се соочува со климатските промени низ солидарност.

И без солидарност за време на сопственото патување, ни би ни помислила дека ќе ја откријам необјавената приказна на андорската писателка Тереза Колом, Синот на гробарот (The Gravedigger’s Son), во превод на Мара Фај Летем, која ми ја препорачаа од Националната библиотека на Андора, или алузивната збирка раскази „Овенети цвеќиња“ (Withered Flowers) од Стела Гитано од Јужен Судан во превод на Ентони Калдербанк, што ArabLit Quarterly толку великодушно ми ја испрати од Лондон до Мелбурн.

Запознав извонредна глобална мрежа на читатели, писатели, преведувачи, издавачи, библиотекари, книжари и уредници посветени на поддршка и превод на книги од жени. И уште повеќе, идејата за моќта на колективите е тема насекаде во литературата, исто така. Еден зачудувачки пример беше Songspirals, исклучителна соработка помеѓу пет жени од Јолнгу и три не-домородни австралиски жени во текот на една деценија. Солидарноста има повеќе форми.

Ако барате кратки раскази, не можете да најдете подобро од новелата „Ева надвор од нејзините урнатини“ (Eve Out of Her Ruins ) на писателката Ананда Деви од Маурициус (во превод на Џефри Закерман) или новелата на Трифонија Мелибеа Обоно од Екваторијална Гвинеја „Ла Бастарда“) – две приказни за поединци кои се борат против угнетувањето.

Или, ако сте љубител/ка на историската фантастика, би ја предложила книгата „Во времето на пеперутките“ на Џулија Алварез, нова перспектива ги животите на сестрите Мирабал, кои беа симболи на надеж и пркос за време на диктатурата на Труиљо во Доминиканската Република.

Па, што е следно за мене? Сакам да истражам повеќе литература од Јужна Америка; Аргентина беше една од ретките земји каде што не можев да се ограничам на еден писателка, најмногу благодарение на каталогот на Charco Press. Тоа зборува многу за квалитетот на литературата што ја читав, а јас никогаш не премислував или застанував на патот – процесот беше премногу апсорбирачки.

 

 

 

 

Извор: Гардијан 

Авторка: Софи Баго

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • March 23, 2021
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За митот „сама си го барала“
Насилството и непостапувањето како механизми за „покажување“ на местото на жената.
  • Од Дијана Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизмот во Југославија: Интервју со Софија Лоранд
Разговара Славенка Дракулиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.
  • Од Елена Кузмановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женското лице на војната и историјата
Кон романот „Војната нема женско лице“ од Светлана Алексиевич
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За Ендру Тејт и загрoзените машки видови
Феноменот Ендру Тејт не треба да ни претставува никакво изненадување, зашто тлото за подемот на една толку токсична, но привлечна, медиумска персона беше веќе убаво оплодено од квази интелектуални Јутуб ликови исплашени од таканаречената woke култура и женското омоќување, на чело со Џордан Питерсон. 
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Проблемот со ,,школите за женственост“  
Сите совети за работа на себе паѓаат во вода ако поттикот е машката валидација, а резултатот е женската сервилност
  • Од Елена Кузмановска
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram