Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.

Ако слушнавте за филмот „Blonde“, сигурно веќе имате информација дека филмот е треш, дека е навредлив за иконата Мерлин Монро, дека е неподнослив за гледање, ја глорифицира болката, дека Холивуд повторно ги јаде своите деца кои веќе се изедени или дека е некрофилско иживување. 

На IMDb оцената му е 5.7, на Rotten Tomatoes рејтингот кај критичарите е 44%, а кај публиката 32%. Слично е и на metacritic или кој и да е друг релевантен медиум кој се занимава со рецензии на филмови. 

Не мислам дека уметноста треба да се гледа вон социо-политичкиот контекст или дека во денешно време нешто може да помине без судот на јавноста, но за мене ова расположение само го потврдува она што креаторот на филмот се обидува да ни го каже.

Да почнам од почеток. Овој филм не е за Мерлин Монро, филмската икона од шеесетите, туку многу повеќе за Норма Џин, која малкумина навистина ја познавале, а базиран е на романот на Џојс Керол Оутс, кој пак е инспириран од животот на Мерлин Монро. Режисерот Ендру Доменик започнал со размислување и припрема за овој филм уште во 2008 година, иако сметал дека публиката сè уште не е подготвена. По „Ме Тoo” движењето неговата верба во овој проект се вратила и почнал да го креира филмот. 

Целта  на овој текст не ми е да се задржувам на неговата визија, која очигледно не успеа да ја пренесе на публиката, ниту да правам посебен критички осврт на филмот, но ќе се насочам кон разгледување на феноменот на огромниот backlash што го предизвика. Односно, ќе пробам да одговорам на најчестите критики на Blonde.

Филмот ја глорифицира женската болка

Според мене, филмот не ја глорифицира женската болка, но покажува колку голема сила имала таа жена да помине низ сета болка. Од тешкото детство без татковска фигура и мајка која се обидува да се ослободи од неа, па сè до развојот на нејзината кариера, осуда од околината, омаловажувања од соработниците, експлоатација од моќните, објективизација од страна на публиката, недостаток на разбирање, грижа и поврзаност со блиските, нејзиниот краток живот е исполнет со предизвици, за неколку одделни животи. Ова се реални проблеми со кои многу жени се соочуваат и сите кои се бориме кон освестување за оваа реалност не би требало да сме згадени кога овој филм го покажува тоа. Целта на „Ме Тoo” движењето беше токму таа, зар не? 

За мене, овој филм прикажува што патријархалното општество може да им направи дури и на најсилните, најинтелигентните и најталентираните жени. Не е случајно што Норма Џин низ целокупното траење на филмот има интерaкции само со мажи, со исклучок на нејзината мајка и кратката сцена со роднините на нејзиниот сопруг. Од фокусот на изгубениот татко, индиферентен кон нејзиното постоење, ситуациите на кои е изложена само уште повеќе ја зацврстуваат таа траума низ целиот нејзин живот. Сепак, не мислам дека нејзиното страдање во овој филм може да се сведе само на „daddy issues”, туку на системски проблеми, кои неа, како моќен женски лик, ја експлоатираат.

Филмот не ја прикажува Мерлин Монро во вистинско светло

Не мислам дека филмот некако го навредува споменот за иконата Мерлин Монро, зашто филмот воопшто и не се занимава со Мерлин Монро. Самиот режисер објаснува дека многу филмови и документарци веќе го обработиле нејзиниот живот и не гледал потреба да се задржува на тој аспект. Еден од нив е и документарецот од оваа година „The Mystery of Marilyn Monroe: The Unheard Tapes” исто така во продукција на Нетфликс, кој навлегува подлабоко во специфични детали од нејзиниот живот, дел од нив начнати и во Blonde. Она што Доминик пробува да ни го покаже е внатрешниот живот на таа преекспонирана икона. Иако многумина го обвинуваат филмот дека го прави истото, односно дека ја рециклира и реупотребува актерката, како повторен пример за тропата „Холивуд ги јаде своите деца“, сметам дека филмот го прави токму спротивното. Од начинот на кој е изведен, до суптилно испратените пораки, па сè до избегнувањето да се занимава со документирани факти од нејзиниот живот, за мене овој филм е далеку помалку воајерски од кој и да било друг биопик. Самиот фокус на фиктивниот аспект за внатрешниот живот на една ѕвезда со трагична приказна, која реално поминала низ многу, ѝдава душа и човечност многу блиска до сите нас.

Низ целиот филм ние сме постојано со актерката и нејзините најдлабоки стравови, искушенија и патења. Филмот никаде не ја омаловажува нејзината сила, храброст, интелигенција и талент. Напротив, имаме долга сцена со аудиција каде што таа ги покажува нејзините несомнени актерски способности, а продуцентите се зачудени дека го читала Достоевски и единствено нешто што им останува во глава е изгледот на нејзиниот задник. Кога сценаристот Артур Милер ја запознава, не очекувајќи дека таа може да го глуми неговиот најсакан лик, целосно се изненадува од нејзиното разбирање на сценариото и ликот кој таа го глуми. Потоа тука е и сцената каде што таа одбива да глуми во филмот кој бил направен за неа, каде што таа нагласува дека нема смисла да биде платена дваесет пати помалку од главниот актер во истиот филм. 

Норма Џин активно одбива да биде третирана како месо, иако неизбежно постојано се наоѓа во таква ситуација. Но таа не дозволува да биде малтретирана, особено кога станува свесна за својата вредност.

Филмот премногу ја сексуализира Мерлин

Исто така, не мислам дека Мерлин е сексуализирана во овој филм и дека е премногу  покажувана во секс сцени. Единствениот однос што е прикажан како поздрав, со некој што ја разбира и ја гледа како Норма Џин, се двајцата нејзини љубовници, Чарли Чаплин Џуниор и Едвард Робинсон Џуниор, иако не постојат докази дека оваа врска се случила во реалноста. И двајцата имаат емпатија и интимно познавање на нејзината автентична природа, бидејќи чувствуваат слична празнина од недостатокот на татковска фигура.

Сексуалните сцени со нив се природни, страсни и меѓусебно задоволувачки. Не постои наметливост, недостаток на реципроцитет и неодобрување. Тоа што мене не ми е јасно во врска со овие реакции е кому му смета Мерлин да е покажана како жена која има сексуални потреби и слободно ја изразува својата сексуалност? 

Во останатите две сексуални интеракции Норма е силувана и форсирана да изведе фелацио. Од првиот случај има долгорочни последици по менталното здравје и трауматични реакции (што е случај за голем број жртви на сексуално насилство), а во вториот случај потполно се дисоцира од себеси и од ситуацијата. 

Колку и да е одвратна, сцената со Кенеди е особено важна, зашто тој, најмоќниот маж во државата, буквално сексуално ја малтретира најпознатата жена во државата, додека е на телефон и тотално незаинтересирано разговара за предупредувањата во врска со осуди за сексуално малтретирање од страна на други жени, поврзани со него. Како ова е секс сцена која неа ја прикажува во лошо светло? Овој момент е дополнително болен, зашто на патот кон претседателот, таа им нагласува на возачите дека нивната врска не е од сексуална природа.

Од друга страна, пак, кога овој акт би го погледнале во светло на реалната афера која Мерлин ја имала со Кенедиеви, неизбежно е да се соочиме со последиците од интеракцијата со тие моќници одразени врз нејзиниот живот. Тоа што е третирана како месо во филмот е блиску до реалниот третман што таа го добила, откако врската била обелоденета.

Што се однесува пак до сцените кај што е актерката е прикажана гола, тие никогаш не се во сексуална конотација, но повеќе во контекст на соголеност, ранливост, осетливост…

Зошто толку многу се покажува фетус кој не е ни во таа развојна фаза, што сакаат со тоа да ни покажат?

Најмалку што сака авторот да прикаже е “pro-life” ставови со визуелизацијата на фетусот во случаите на абортус на Норма Џин. Доколку визуелно го анализираме јазикот на Доменик како и кинематографијата низ целиот филм, лесно е да се препознаат емоциите и внатрешните доживувања на старлетата. Од менување на аспекти, до користење на бои, ефекти и темпо, визуелно, филмот постојано ни ја прикажува менталната и емотивната состојба на хероината. Емпатијата е неизбежна и нема ништо некрофилско, ниту политичко во неа. Многу жени поминуваат низ тешки ментални кризи при губење на плодот кој сакале да го имаат, но во нејзиниот случај ситуацијата е уште покомплексна зашто постојано се соочува со конфликтот како всушност таа е несаканото дете. Секој абортус за неа е поврзан со чувството дека таа не заслужува да живее, со детската траума кога мајка ѝсака да се ослободи од неа, со тоа дека таа не е ништо подобра од својата мајка. 

Овој филм го погазува споменот за Мерлин Монро

Повторно, овој филм не е буквално за Мерлин Монро, но за борбите и тешкотиите низ кои многу жени како неа поминуваат секојдневно. Инспирацијата е од животот на таа жена како симбол на моќта на женственоста, која не може да преживее во овој машки свет. И најтешката мисла со која јас, како жена, требаше да се соочам додека го гледав филмот беше, ако една толку силна, прекрасна, интелигентна жена поминувала низ толку и не можела да најде љубов и разбирање, што останува за нас другите?  

Навлегувајќи длабоко во нејзините мисли и чувства се среќаваме со нејзината постојана дисоцијација во однос на она што таа верува дека е, и како другите ја перцепираат, особено кога се гледа на филмското платно. Норма постојано кажува дека тоа не е таа. 

Сликата за Мерлин Монро, нејзината јавна персона, постепено и сè повеќе низ филмот станува единствена вистина за неа. Сè повеќе Норма Џин се губи во симулацијата наречена Мерлин Монро, а со тоа губи контакт со себе и со другите.

Дека реалната Мерлин Монро поминувала низ ментални кризи е факт. Дека постојано морала да се бори со тешки животни ситуации во средината, како посебен вид ѕвер против кој никогаш не можеш да победиш, е исто така факт. Денес, кога конечно се охрабрува разговор за менталните проблеми, да го одземеме тој значаен дел од нејзиниот живот, кој неминовно довел и до нејзина смрт, е во најмала рака нефер и лицемерно. 

Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши, таа моќ и издржливост пред време да згаснат. Одбивањето да погледнеме во болката и траумите со кои таа се соочувала е многу понефер кон нејзиниот спомен. Тоа е онаа токсична позитивност со која секојдневно се храниме, избегнувајќи да се соочиме со реалноста.

Мене сето ова, на еден непријатен начин ме потсеќа токму на она што на некој начин ја убило. Постојаното инсистирање на нејзината совршеност, сила, издржливост, нејзината убавина, сексапил, нежност и грижливост е идеализирање и иконизирање на една жена, која имала и свои слабости, тешкотии, била и нестабилна и емотивна, слаба и скршена. Тоа е товар кој постојано и неоправедно се наметнува на сите жени, а и товар под кој и самата таа не издржала да преживее. Тоа е она од што Норма Џин во Blonde се оградува. Нејзината најголема потреба е некој да ја види и сака со сите нејзини мани и недостатоци, не гледајќи ја како недостижна, совршена креација, но како ранливо, напуштено дете што никогаш не си го остварило сонот да стане мајка. Интересно е што во документарецот, кој го спомнав погоре, се открива како Артур Милер ѝ го скршил срцето, со порака во која напишал дека мислел дека таа е ангел, но всушност има мани исто како неговата претходна жена. 

Лавината од критики истурена врз филмот ме потсеќа на сцената со мажите со искривени муцки кои го скандираа нејзиното име како да сакаат да ја проголтаат. Секој еден фан со целиот оган што го изблу врз креаторите на ова уметничко дело, е пример за оние луѓе на кои, кога Норма би била жива би им рекла „не ме бранете, ве молам“. Секој од тие фанови, учествувајќи во моменталниот ураган на навреди и понижувања кон актерката, режисерот како и секој вклучен во изработката на филмот, поради тоа што му се уништила сликата што ја имал во својата глава, ме потсеќа на фанатичен религиски следбеник спремен да убие бранејќи ја светоста на своите пророци. Иако Доминик проценил дека е време овој филм конечно да се прикаже пред публиката, реалноста покажува дека сме далеку од тоа да се соочиме со своите болести.

Филмот Blonde како уметничко дело е многу добро изработен и има пораки кои треба да се земат предвид, но неговата најголема мана е што го прикажа како ранлив човек женскиот Исус, со сценско име Мерлин Монро. 

НАПИШАНО ОД:
  • Билјана Кочоска
  • October 17, 2022
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Кристина Ивановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Сандра Анастасовска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ“
Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната фотографија
Преку својата поезија, Плат ги проширува родовите перспективи во патријахалното општество.
  • Од Љупчо Петрески
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram