Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.

Пред скоро три години, откога започна да се користи хaштагот #СегаКажувам објавив напис на Коалиција Маргини со наслов „#СегаКажувам: Разговор кој мора да продолжи“.

За само еден ден имашe 4000 читања: веројатно до ден денес тоа е мојот најчитан текст. Изгледа се погоди да биде објавен баш во точно време. Иако се чувствував горда на текстот, сепак ми беше чудно кога на пример колешки на мајка ми ѝ кажуваа дека сум многу храбра. Јас не се чувствував баш така, туку некако ранливо. Наеднаш, цело мое семејство, сите мои пријатели и многу од пријателите на моите дознаа за мои многу лични и до некаде трауматични искуства. Со тоа искуство сфатив дека понекогаш ми е непријатно да пишувам текстови кои се директно поврзани со мои лични искуства.

Овој текст почнав да го пишувам кога Медуза објави нови анонимни приказни на сексуално вознемирување пред околу два месеци и сакав да допринесам кон тој разговор. Но текстот го оставив недопишан по неколку обиди, веројатно баш бидејќи се чувствував непријатно. Не бев сигурна дали повторно сакам да објавам нешто поврзано со сексуално вознемирување што ми се случило мене, иако сметав дека не се чувствувам особено лошо околу конкретната случка за која сакав да пишувам. Веројатно така се чувствував бидејќи и три години јавен дискурс и разговори околу #MeToo и #СегаКажувам не се доволни за да пробијат низ табу кое е старо цели децении.

На 2ри Август бев со моите блиски во Маврово и од сите луѓе таму видов некој што комплетно не очекував да го видам: да го наречеме Димитар. Димитар беше таму со некоја девојка и моментот кога го приметив го свртив својот поглед. Не се почувствував посебно анксиозно или уплашено, но не сакав да се поздравам со Димитар, особено не додека сум таму со моите. Во написот што за Коалиција Маргини што го спомнав го напишав следново за Димитар:

За време на една забава еден познаник праша дали може да ме грабне за задник за да го оцени. Му реков не, но тој сепак ме грабна. Ме оцени со осмица. Ми рече и јас да го оценам неговиот задник, а јас го допрев за да се убедам дека допирањето не беше недозволено, иако дефинитивно беше. „Имам девојка, ама прашањето е колку можеш да ќутиш“, рече и се припи до мене подоцна на забавата, иако неколку пати му реков дека не сум заинтересирана. На крајот се откажа. Бев трета година средно. Беше јули месец и носев сино здолниште.

Подоцна дента му спомнав на дечко ми дека го видов Димитар таму и дека се надевам дека се има сменето. Пред околу една година Димитар ми имаше пишано на Фејсбук кога му текнало на мене. Ова беше нашиот разговор:

 

Димитар: Може ли нешто дирекно да те прашам? Али да не се лутиш.

Елена: Зависи што е прашањето.

Д: Се надевам дека не е лошо. Не знам дали памтиш, ептен ми се свиѓаше. Ретко наоѓам така опасна самостојна женска и сега јас сум сингл и не знам за тебе :))

Е: Јас поинаку ја памтам таа забава ако збориме за истата забава од пред 5-6 години; не знам зашто ми пишуваш после толку време али океј. Ти многу агресивно ми се пушташе, ме фати за газ без моја дозвола и скоро ме залапа иако ти кажав дека не сакам и плус ти имаше девојка. Се надевам дека не си се однесувал со други девојки на таков начин. Искрено океј е начинот на којшто ме прашуваш но после сѐ тоа не сум заинтересирана.

(И после таа порака се случи нешто што не го очекував.)

Д: Грешно сум те сфатил тогаш. Мене не ми личеше незаинтересирана, али тоа е моја грешка. Сори како и да е.

Бев комплетно (позитивно) изненадена. Го прифатив извинувањето и веднаш ѝ кажав на другарка ми Лиса. Бев пресреќна што некој што ме повредил на таков начин ми се извини и призна дека тоа што се случи таа вечер беше негова грешка. Не беше совршено извинување и би преферирала нешто пообмислено, но буквално беше прв пат што некој што сексуално ме вознемирил ми се извинил на било каков начин.

По оваа случка почнав да размислувам на прашањето:„Што после #СегаКажувам?“ Сфатив дека воопшто нема едноставен одговор, но мора да почнеме од некаде.

Некогаш првите импулси по вакви случки се дека луѓето кои згрешиле треба да бидат казнети. Многу од нас веројатно интуитивно знаат дека во многу земји полицијата и правните системи лошо постапуваат во случаи на сексуално вознемирување или сексуални напади, особено бидејќи често државните органи не им веруваат жртвите на сексуално насислство. Добар пример за „недоволна казна“ беше случајот од 2015та година во Универзитетот Стенфорд каде што Брок Турнер ја силуваше студентката Шанел Милер позади контињери додека била онесвестена. Турнер доби затворска казна од само 6 месеци (од кои на крај одлежа само 3) што со право разлути многу луѓе.

Ако ја земеме предвид ваквата историја, не е воопшто изненадувачко што со #MeToo движењето се започнаа многу дискусии околу построги казни за вршителите на сексуални напади и вознемирувања. На пример, од Август, 2018, во Франција постои закон со којшто се казнува сексуалното вознемирување на улица со казни од 90 до 750 евра – овој закон поттикна дискусии за ваков тип на закони во Велика Британија. Слични дискусии за закони против „catcalling“ се случуваа во САД во 2014тата година, по објавувањето на популарното видеото од Hollaback! каде што жена се шета низ Менхетан 10 часа и искусува голем број на непосакувани коментари (најмногу од црни и латино мажи за што видеото беше критикувано). А други, како Лилијана Сегура која пишува за The Intercept, сметаат дека вакви закони можат многу да им наштетат на мажи кои припаѓаат на маргинализирани групи. Всушност многу феминистки не веруваат дека поголемо присуство на полицијата и казнени мерки ги прават жените (особено најмаргинализираните жени) побезбедни — за повеќе на оваа тема пишува Викториа Ло во Jacobin magazine.

Сексуалното вознемирување е комплицирана појава и како и многу други работи, сексуалното вознемирување и сексуалните напади постојат на спектрум. Ако сметаме дека треба да се казнат луѓето кои се однесуваат така, прашањето е до кој степен би требало да бидат казнети. Дали треба да го бараме решението во дисциплински мерки, казни од страна на полицијата, па дури и да ги инволвираме кривичните судови и затворите? Или пак треба да бараме попревентивни решенија?

На пример, дали треба сите момчиња што сексуално ги вознемириле своите соученички да добијат укори? Дали секој маж што сексуално вознемирувал жена во својот живот треба да биде пратен во затвор? Јас и многу феминистки кои се критички настроени наспроти полициските и затворските системи (како Анџела Дејвис, Маријам Каба и Викториа Лав) би рекле не. Ако само се потпираме на принципот на казнување, тогаш многу лесно проблемот може да се индивидуализира. Односно, може да се допринесе кон гледање на сексуалното вознемирување не како системски проблем создаден од патријархалното општество во кое што живееме, туку проблем со однесувањата и моралните вредности на „лоши“ поединци како Харви Вајнстин и Бил Козби.

Исто така, опресивността на затворите често ги трауматизира тие што завршуваат во нив: затворениците мораат пасивно да прифатат казни за нивните „криминали“ наместо да научат нешто од тие искуства, да се извинат на жртвите и да го променат своето однесување. Без разлика што мислиме за дали треба или не треба да постојат затвори (што е долга дискусија која заслужува свој напис), не можеме да го негираме фактот дека не само често што затворските системи низ светот трауматизираат многу од луѓето кои завршуваат во нив, туку и многу бивши затвореници имаат поголема веројатност да бидат понасилни после затворското искуство. Барем за мене одговорот на еден вид на траума не би требало да е создавање на повеќе трауми и болка во светот.

Да се вратиме на Димитар: дали јас сакам тој да биде казнет? Па, од практични (но и од лични) причини би рекла не. Не би сакала полициските и затворските системи да го трауматизираат и не би сакала тој пасивно да прифати некоја казна без да го промени своето однесување. Ја би сакала Димитар никогаш да не го повтори тоа што ми го направи мене (или да направи нешто полошо). Не се дружам со него долго време, но се надевам дека тоа извинување и нему му значеше барем толку колку што ми значеше мене. Се надевам дека после тој разговор Димитар размислил што точно направил таа вечер и дека во иднина повеќе ќе мисли и ќе внимава на согласноста при сексуални и романтични интеракции.

Не ми изгледа многу веројатно дека подолги затворски казни или поголема инволвираност од страна на полицијата ќе го решат огромниот општествен проблем на сексуално вознемирување. Премногу луѓе би требало да се казнат и има големи шанси тие луѓе да станат само понасилни после искуствата со затворските системи. Нашите патријархални општества создаваат „предаторски“ настроени мажи и тоа нема да се смени ако дел од „фатените“ лежат казна. Ако навистина сакаме да се искорени овој проблем, тогаш треба да се залагаме за создавање на феминистичко општество во кое ќе ги учиме момчињата, девојчињата и сите останати уште од мала возраст колку е важна сексуалната согласност. Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • November 26, 2020
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Лила Милиќ
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Симона Србиновска
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Нина Раповска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram