Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.

Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  и #WomenSupportingWomen како знак на меѓусебнa поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција, а целта е подигнување на свеста за ектремно високите стапки на фемицид во земјата, по убиството на 27 годишната студентка Pinar Gültekin. Идејата зад црно-белите фотографии е акцентирање на страшниот факт дека родово базираното насилство и неговата најектремна форма – фемицидот, е присутен насекаде околу нас и секоја жена може да биде жртва.

На Инстаграм можат да се најдат над 5 милиони црно-бели фотографии под овој хаштаг, но не сите зборуваат за целта на оваа капања. Затоа, да се информираме за оваа форма на насилство и да се вклучиме во борбата против фемицидот.

 

 

Што претставува фемицидот?

 

 

Фемицидот се состои од насилни акти кои можат да бидат: емоционална и психолошка злоупотреба, тепање, навреди, тортура, силување, проституција, сексуално малтретирање, злоупотреба на деца, инфантицид (убиство на деца, посебно на новороденчиња) на девојчиња, осакатување на гениталии, семејно насилство, итн., како збир на дела кои можат да доведат до акт на убивање. Па така, кога зборуваме за фемицид, не зборуваме само за правен термин, туку и политички.

Самиот термин фемицид е ново создадена теориска конструкција како резултат на обемна и исцрпна работа на феминистичката академија, во сооднос со процесот на пријавување и видливост на феноменот што доаѓа директно со феминистичкото движење, од страна на роднините на жртвите и активист(к)ите за човекови права. Концептот е претставен во деведесеттите години од страна на англосаксонските феминистки. Иако “femicide”, тврди Дајана Расел бил во употреба повеќе од два века и за прв пат се појавува во литературата во Сатиричен поглед на Лондон (Англија 1801), за да се опише „убиството на една жена“. Расел теоретизира за концептот од 1990, но го дала своето видување за овој облик на екстремно насилство врз жените уште во 1976, пред Првиот меѓународен суд за кривични дела против жените, одржан во Брисел.  Судот е свечено отворен од Симон де Бовоар, која предупреди: „овој феминистички собир во Брисел има за цел да се погрижи за судбината која е во наши раце.“ Околу 2000 жени од 40 земји го понудија своето сведоштво и ги документираа различните начини на кои се отсликува родовото насилство.

Дајана Расел и Џејн Капути го отсликале терминот во статијата Говорејќи го неизговореното, првично објавен во списанието Ms (1990): „тоа е убиството на жени извршено од мажи мотивирани од омраза, презир, задоволство или чувство на сопственост на жените“. Во 1992, Дајана Расел и Џил Радфорд го дефинираат како „мизогино убиство врз жените извршено од мажи“. Тие истакнуваат дека овие насилни дела што завршуваат со убиство или смрт на жените се фемициди:

Фемицидот претставува екстремен континуитет на анти-женски терор вклучувајќи широк обем на вербални и физички злоупотреби, како: силување, мачење, сексуално ропство, инцестуозни или многу-блиско семејни злоупотреби на деца, физичко и емоционално мачење, сексуално вознемирување (преку телефон, на улица, во канцеларија и во училница), осакатување на гениталиите (клиторидектомии, ексцизија, инфибулации), непотребни гинеколошки операции (хистеректомии), присилена хетеросексуалност, присилна стерилизација, присилено мајчинство (поради криминализацијата на контрацепцијата и абортусот), […итн…] Секогаш кога овие форми на тероризам резултираат со смрт, тие стануваат фемициди.

Авторките тврдат дека целта на остварувањето на насилството од страна на мажите, намерно или не, е да се зачува машката надмоќност. Се работи за еден политички концепт кој ја прави видлива позицијата на подреденост, нееднаквост, маргиналност и ризик во кој жените се наоѓаат само поради тоа што се жени.

Извор: https://lecturalacaniana.com.ar/que-es-el-femicidio/

НАПИШАНО ОД:
  • Теодора Соколовска
  • July 29, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што е тоа согласност?
Kако неинформираното разбирање на согласноста влијае врз жртвите и сторителите.
  • Од Бојана Стевановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.
  • Од Елена Кузмановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram