Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?

Да се биде жена е непоправливо тешко. Или, да бидеме што попрецизни, на жените им е ужасно тешко да бидат (оставени на мира). Сеприсутниот грчки хор на критиката – од поп културата и медиумите, до институциите и разговорниот јазик – нè потсетува дека има милион начини на кои може да се згреши, но само неколку на кои работите можат да се поправат. Ако вложите премногу труд за да бидете во склад со женскиот идеал, веднаш ве сметаат за плитка (basic) или напорна (try-hard). Оддалечете се премногу од идеалот и веднаш сте избери-ме-мене девојка (pick-me) која страда од интернализирана мизогинија.

Станува збор за дилема што ги поминува границите на расата, класата и возраста: без разлика дали ги прифаќаме, им пружаме отпор или ги отфрламе конвенционалните женски родови норми, сепак не можеме да ја негираме нивната моќ. Минатиот мај, дебитантската песна на TikTok ѕвездата, Бела Порч (Bella Poarch), „Build a Bitch“, ѝ даде глас на фрустрацијата која доаѓа од овие контрадикторни очекувања: „Со облини како ракописни букви/ Богородица и лисица/ Тоа е девојката што ја сака/ Но тој заборава/ Нема тука ќе си составам кучка/ Немаш право да бираш и составуваш“.

Нормално, песната и пејачката беа пропратени со посебна критика. Препознатливиот изглед на Порч (лажни трепки над очите, исцртани усни, изразено румени образи и хајлајтер на врвот на носот) и манеризмите кои потсетуваат на аниме девојки се одраз и репродукција на актуелниот стандард за женска убавина. Ребека Џенингс (Rebecca Jennings) пишува во Vox дека Порч е израз на постојано раздвижената онлајн култура чии алгоритми „ја наградуваат просечноста“ кај креаторите на содржини кои можат да ја продадат привлечноста како своевиден талент:

„Се работи за остроумна песна која лесно „се лепи“ и има одлично продуцирано видео кое иронично го критикува истиот систем што ја создаде Бела Порч, оној што ги наградува слабите девојки со напучени усни и очи на кукла со kawaii и ahegao изрази на лицето. Со други зборови, кога интернетот би можел да „состави кучка“, таа би изгледала токму како Бела Порч.“

Често знаеме да зумираме на славните за да го анализираме статусот и третманот на жените во општеството. Во есејот насловен „Култот на тешката жена“, авторката на Огледало што мами („Trick Mirror”), Џија Толентино (Jia Tolentino), пишува дека современиот феминизам еволуирал за да го преиспита начинот на кој нашата култура ги етикетира, осудува, понижува и отфрла „тешките“ жени. Жените како Бритни Спирс и Моника Левински – некогаш одамна етикетирани од страна на целата медиумска култура како луди, развратни, нестабилни и надвор од контрола – се меѓу оние жени кои се ретроактивно спасени од наративот првично наменет да ги уништи; како што забележува Толентино, таквите жени „сега се почитувани поради нивните тешкотии – нивните маани, нивните комплексности, нивната човечност – со идејата дека тоа ќе ни овозможи нам, обичните жени, да бидеме луѓе со маани, а можеби дури и да бидеме почитувани“.

Оваа промена на перспективата во културата е важна со оглед на ограничените тропи кои се користеле за жените, реални и измислени, низ историјата. Фаталната жена, девојката од соседството, сексапилната жена, одмаздољубивата жена – овие тропи биле главно изум на машки креатори и истите биле рециклирани и видоизменети тргнувајќи од грчките митови, ренесансните слики, драмите на Шекспир, холивудските филмови и на крајот, трачарските блогови и таблоидите посветени на славните. Како што Лејди Макбет стана архетип за злобната жена која кова сплетки зад грбот на колебливиот сопруг, Спирс и Левински беа издигнати на ниво на модерни аватари на непостојани, преемотивни жени кои може да послужат како предупредувачки приказни за нас останатите. Нивните наративи беа едноставни и лесно сварливи – а работата на медиумите беше да ги задржат на тоа ниво. Ние не смеевме да забележиме, а камо ли да посочиме, дека таквите тропи се изградени врз проектираните емоции, желби и очекувања на мажите кои отсекогаш имале за цел да ги контролираат жените со статични, патронизирачки етикети – чувствителни, драматични, хистерични, луди. Како што напиша Џена Зауерс (Jenna Sauers) во текст за Jezebel од 2012 година, на тема родовото наоружување на терминот „луда“ и патологизирањето на женските емоции, „Низ целата историја на човештвото, машкиот поглед беше практично синоним за медицинскиот поглед, а мажите си дадоа дозвола да одредат кои тела се болни, а кои здрави“.

Во моментов, Спирс е тема на документарниот филм за Хулу, Framing Britney Spears, номиниран за Еми, кој ја истражува улогата на медиумите во нејзиниот пад. За младите жени кои пораснаа гледајќи како една поп-ѕвезда малку постара од нив ја преобразуваат во таблоидно чудовиште, не се претерува кога се нагласува важноста што ја доби трансформацијата на слоганот „Оставете ја Бритни на мира!“ од ударна вест во јавен исказ на солидарност на чело на движењето за ослободување на Спирс од конзерваторството што ѝ ја одзеде телесната автономија и личната слобода. Во 2017 година, Vanity Fair го одбележа патот на Спирс од Дизни Mouseketeer до диво дете до подвижна катастрофа до жртва, забележувајќи дека намалената јавна стигма околу предизвиците со менталното здравје ги споила велнес културата и културата на славните. Во исто време, реалноста во која „Деми Ловато може да го окупира People со тоа што ќе се отвори за [нивното] биполарно растројство, а Селена Гомез зборува за депресијата на насловната страница на Vogue“, како што гласи текстот, може да делува малку пародично со оглед на претходниот прогон на Спирс од страна на медиумите: непостојаната, сензационализистичка природа на мелницата за трачеви за славните значи дека истите медиуми што радосно го документираа нејзиниот пад сега ја слават како феминистички херој.

Есејот на Толентино опишува еден вид женска ренесанса, ера на шефицата (girlboss) – термин кој првично беше измислен како еманципаторски термин, но кој брзо стана шега. Името доаѓа од претпоставката за стандардот каде шефот мора да биде маж; а основачките поврзани со титулата – основачката на Nasty Gal, Sophia Amoruso (која го популаризираше терминот), Steph Korey од Away, Ty Haney од Outdoor Voices и Miki Agrawal од Thinx – го посведочија крахот на нивните шефовски империи откако беше откриено дека работните места што ги креираа се исто толку токсични како оние што на мажите шефови. Кооптирањето на феминистичката идеологија од страна на жени кои сакаат да ја оправдаат личната агенда покажува дека иако многу жени можат да успеат во рамки на угнетувачките структури изградени од и за мажите, нема да поминат лесно ако пробаат тоа да им помине како „ослободување“.

Празнината што ја остави „шефицата“, заедно со тековните очекувања дека жените ги поддржуваат сите жени, кулминира со она што корисникот на Твитер @cinematogrxphy го нарече „браво за неа“ (good for her) девојка од филмскиот универзум (референца на незаборавната духовита забелешка на Лусил Блут во Arrested Development), а која се однесува на ликови како Томасин во The Witch, Дани во Midsommar, Ред во Us, Сесилија во The Invisible Man, Марта во Knives Out, Ејми во Gone Girl, Грејс во Ready или Грејс во Not и Сузи од Suspiria. Наративните контексти во кои таа девојка постои – трилери, мистерии и хорор филмови – ѝ дозволуваат да се спротивстави на очекуваните тропи на тие жанрови: дамата во неволја, истрауматизирана одмаздничка, смелата девојка што останува на крајот. „Браво за неа“ девојката е лик за кој навиваме едноставно затоа што ѝ е нанесена неправда – и таа се спротивставува со тоа што се трансформира од жртва во победник, често претрпувајќи ужасно насилство. Вообичаено, на почетокот на овие филмови, девојката е кротка и тивка, но на крајот јурнува како манифестација на чудовишноста во која ужива секој од нас на кого му била нанесена неправда. Можеби не би му се одмаздиле на партнерот што нè изневерил така што ќе го наместиме дека извршил убиство или ќе го осудиме на грозоморна смрт во костум на мечка, но сепак – браво за неа. Катарзата на овие ликови може да се прочита како преобразување на тропата на презрената жена во современ контекст кое што поттикнува емпатија: нејзиниот среќен крај не зависи од тоа да го направи она што е правилно, туку она што носи задоволство.

Променетото гледиште за Бритни Спирс и појавата на браво-за-неа девојката сугерираат дека тропите можат да се преземат, дека културниот стенографија што тие ја претставуваат може да се преведе поинаку. А сепак, сè уште не сме на чисто со жени, измислени, славни или други, кои не припаѓаат на конкретна улога. Прекумерниот број на приказни за потеклото на негативците во последно време како Малефисент, Харли Квин, па дури и Круела де Вил ги хранат очекувањата дека жените кои прават лоши работи не биле така родени, туку биле турнати кон лошотилак. Прашањето што останува гласи: Што може да биде жената кога не претставува конкретна тропа? Обидот да се одговори на тоа прашање бара да го одучиме јазикот за жените кој го развиле мажите, во рамки на системите создадени од мажите, во општество управувано од мажи – јазик што повеќето од нас биле воспитани течно да го зборуваат.

Голем дел од обожавателите на филмот 500 Days of Summer (2009) толку ја презираат Самер која ја глуми Zooey Deschanel поради тоа како го третира Том, ликот на Joseph Gordon-Levitt, што тој во една преписка на Твитер во 2018 година ги повика луѓето „да го гледаат [филмот] повторно“. Том, вели актерот, не е херојот; врската завршува лошо најмногу затоа што Том ги проектира своите желби врз Самер, притоа игнорирајќи каква е таа како личност – но, се разбира, неговата нарација во прво лице е тоа што ја врамува како негативка. Преговорите околу врамувањето имплицираат дека сè што треба да направат жените е да изберат, без притисок од општеството, како сакаат да постојат во светот. Но, длабоко вкоренетите општествени очекувања и норми честопати им велат поинаку.

Сепак, влијанието кое денес го имаат социјалните медиуми им дава на познатите личности – а понатаму и на нам обичните луѓе – извонредна можност да владееме со нашите наративи. Во прилогот на BuzzFeed вестите во 2020, насловен „Како Маргот Роби ја промени својата холивудска судбина“, Anne Helen Petersen забележува дека „наметнувањето на погледот на (машкиот) писател врз сликата за растечка (жена) ѕвезда беше стандардна практика“, но сега повеќе не треба да се потпираме на новинарите за да создадеме сопствени мислења за жените во јавноста. Жените можат да ги користат своите лични платформи за да создадат свои наративи и да ја обликуваат јавната перцепција за нив; тие можат да го побијат, да го разјаснат и да се бранат од негативниот печат.

Жената која се ослободува од машкиот стисок, напиша книжевната теоретичарка Sue Kuykendall во издание на академското списание College Literature од 1996 година, се отвора кон можности: „Токму нејзиниот идентитет-без-идентитет ги поставува темелите за реторичка инвентивност“. Но, иако слободата од барањата на машките наративи може да делува како ослободување, таа исто така открива колку е тешко да се проценат жените надвор од објективот обучен на машкиот поглед – оној што во најдобар случај ги позиционира мажите како појдовна точка за споредба, а во најлош случај ги гледа како безгрешна норма. Дали постои начин да постоиме како жени кој не е фундаментално реакционерен? Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Дали постои некој начин да се испита женскоста, освен како спротивставеност на машкоста, или тие се условени како неразделива Мебиусова лента која зрачи напнатост, две страни од иста паричка? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач? Одговорите на овие прашања, во уметноста и во животот, неизбежно ќе бидат неуредни, сложени и несовршени. Но, можеби тоа ни дава дозвола и ние да бидеме токму такви.

Извор: Bitch Media

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 17, 2021
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Сандра Анастасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женското лице на војната и историјата
Кон романот „Војната нема женско лице“ од Светлана Алексиевич
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Санна Марин
Oчигледно, границата на моралот се повлекува кај млада жена со моќ, која се осмелува да танцува на камера. И тоа, провокативно.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уметници кои ја трансформирале југословенската култура
Преглед на дел од творештвото на десет југословенски уметници и/или колективи.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram