Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што си ти? Девојка или жена?
Барајќи си го идентитетот во македонскиот дигитален речник.

Годинава стигнав до средината на моите 20ти години. Стрес, страв и ужас. Средно-средовечна криза. Првите месеци по роденденот се прашував што имам постигнато досега, додека сите грешки и дилеми ко прашина ми влегуваа во ноздрите и не ми даваа да земам здив.

Во ред, можеби досега не сум го живеела животот баш најпаметно, но во секое време можам да почнам! Останува прашањето – каков живот да одберам? Што значи да си 25 годишна жена денес? Дали сум воопшто жена или сум сè уште девојка?

 

Во потрага по одговор во речник

Првата станица на моето идентитетско патување беше македонскиот дигитален речник. Напишав на Гугл „девојка дигитален речник“ и се соочив со овие две чудни дефиниции:

  1. Лице од женски пол, младо, пораснато, неомажено.
  2. Млада жена што води љубов со некого.

Па како секој здраворазумен човек, се запрашав: дали девојката автоматски станува жена кога се мажи? Доколку да, дали таа жена додека води љубов со некого во тој миг повторно станува  девојка? Или тоа важи само за „младите жени“? Исто така, што значи да си младо и пораснато лице, истовремено?

 

Не можев да се справам со сета оваа контрадикторност, па во повторен обид да се пронајдам ги отворив и значењата на зборот „жена“:

Жена:

  1. Лице според полот, спротивно на мажот; женско лице во зрела возраст.
  2. Брачен другар од женски пол.
  3. Лице што за плата, награда, работи во туѓа куќа; куќна помошничка.

Останав без зборови. Изгледа сексистичкиот речник ми ги украде сите. Според овие дефиниции, тоа дали сум девојка или жена зависи од тоа дали сум во брак или имам секс со некого. Дополнително, иако сум девојка можам магично да станам жена ако работам во туѓа куќа за награда или плата. Каква божествена метаморфоза!

 

 

А што со мажите и дечковците?

Соочена со апсурдот на дигиталниот речник, мојата потрага по идентитет набргу се претвори во анализа на дефиниции. Посакав да добијам уште посеопфатна слика, па инстинктивно ги побарав и дефинициите за „маж“ и „дечко“. Еве што вели речникот:

Дечко:

  1. Момче, потпораснато машко дете.
  2. Момчак, младич, млад маж.
  3. Во обраќање кон непознато лице.

Маж:

  1. Возрасно лице од машки пол.
  2. Сопруг, брачен другар.
  3. Храбар, силен човек.

Очигледно, нештата се поедноставни од дефинициите за „жена“ и „девојка“. Ако ништо друго, мажот е маж и додека има сексуални односи. Тогаш, тој не се претвора магично во дечко. Но прашањето е дали мажот кога чисти по туѓи куќи за награда или плата автоматски се претвора во жена?

 

Кратка споредба на дефиниции

Доколку подетално се анализираат овие четири дефиниции, лесно се забележуваат неколку сексистички пропусти.

Како прво, „девојка“ се дефинира како неомажена, додека „дечко“ не се дефинира како неоженет. Како второ, зар и зборот „девојка“ не се користи за обраќање на непознато лице исто како зборот „дечко“? Или девојките не можат да бидат непознати лица? Трето, бидејќи во дефиницијата за „дечко“ не е наведено дали овој „момчак, младич и млад маж“ води љубов со некого, со кого водат љубов девојките? Исклучиво меѓу себе?

Истиот тип сексизам се намирисува и во дефинициите за „маж“ и „жена“. Таа е буквално дефинирана од мажот кој е ставен во центарот како универзален модел. Додека тој е „сопруг и брачен другар“, таа е „брачен другар од женски пол“, а никако сопруга или, не дај боже, брачна другарка. Додека таа е „лице според полот спротивно на мажот“, тој не е дефиниран како лице според полот спротивно на жената.

 

Куќна помошничка и храбар силен човек

Сепак, за мене шлагот на тортата беше кога видов дека мажот е „храбар и силен човек“, а жената е „лице кое работи по туѓи куќи за плата или награда“. Може да се аргументира дека уредниците на речникот едноставно се стремат да ги пронајдат и запишат сите употреби на зборовите. Но, дали успеале во својата мисија?

Употребата на зборот „жена“ кога се мисли на човек кој работи во туѓ дом се должи на тоа што, кај нас, повеќето лица кои се занимаваат со таа професија се жени. Доколу станува збор за маж кој е куќен помошник, сигурно некој нема да каже „Имаме жена што ни го чува детето додека сме на работа“ (реченицата е наведена како пример во речникот). За споредба, во Oxford Learning Dictionary овој вид на употреба за зборот „жена“ е ставен во категорија „dated usage“ (застарена употреба).

Кога станува збор за храброста и мажите, постојат многу други конотации врзани со овој збор кои не се наведени во речникот. Илјада пати сум слушнала „абе, мажи остај ги!“ или „што очекуваш од маж?“. Зошто тогаш во речникот не се наведе и ова возможно, разговорно значење кое често има негативни конотации, односно, алудира на тоа дека мажот е недоверлив и инфантилен.

Финално, доколу уредниците на македонскиот дигитален речник се толку детални во својата работа и се стремат да ги наведат сите можни употреби на зборовите „маж“ и „жена“, зошто во дефинициите се фокусираат само на полот? Зошто не се наведува и родот во речникот? Односно, каде се трансродовите лица кои се идентификуваат како мажи или жени?

 

Ја изгубив вербата во речници

За жал, обидот да си ги разрешам идентитетските дилеми преку речник се покажа како неуспешен. Но, се потсетив на една суштинска лекција – идеологијата на едно општество влијае врз начинот на кој ги дефинираме и именуваме нештата. Таа диктира кои значења на зборовите ќе бидат вклучени во нивното дефинирање, а кои не. Со тоа, разлистувањето на речникот станува одлична можност да се препознаат предрасудите и начинот на кој се отсликуваат во јазикот. Па така, сомнителни дефиниции можат да се најдат и за „мајка“ наспроти „татко“, „баба“ наспроти „дедо“, „ќерка“ наспроти „син“, итн.

Затоа, оваа кратка авантура ме наведе да се запрашам дали и колку можам да се потпрам на македонскиот дигитален речник. Дали „ветер“ навистина е „атмосферско струење на воздухот“ и дали „дефиниција“ е „збиено, јасно и разбирливо објаснување на некој поим со кое се искажува суштината“?

Исто така се прашувам дали можеме подобро.

Секако дека да. За споредба, како илустративен пример ги наведувам дефинициите за девојки, жени, дечковци и мажи во Oxford Learning Dictionary:

Girl:

  1. a female child or adolescent
  2. a young or relatively young woman.

Woman:

  1. an adult female human being
  2. a female member of a workforce, team, etc.
  3. a female person associated with a particular place, activity, or occupation

Boy:

  1. a male child or adolescent.
  2. a man, especially a young or relatively young one

Man:

  1. an adult male human being.
  2. a human being of either sex; a person.

Иако дефиниците во англиските речници се значително помалку проблематични, сепак се забележуваат одредени пропусти. Но, разликата е што јавно се дискутира нивното ревидирање и подобрување. На пример, во 2022та година Cambridge English Dictionary ги вклучи и транродовите лица во дефинициите за „маж“ и „жена“. Можеби треба да го заследиме истиот пример, во насока на инклузија, но и на стремеж за постојано подобрување. Со други зборови, речникот треба да го отсликува времето во кое живееме, а веќе оддамна не сме во 19-от век.

А кога станува збор за мојата идентитетска потрага, одлучив да се барам себеси на поинакви места. Оние места кои се надвор од зборовите – кои не се обременети со идеологии од минатите ери и кои не ме сведуваат на мажена или немажена, сексуално активна или неактивна, млада или порасната.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Филипа Попова
  • July 25, 2023
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колективна негрижа
Заеднички учествувавме во хаосот наречен реалност.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Која сум кога сум далеку од дома?
Белешки за трансформативната улога на патувањата или почетокот на моето созревање
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминистички мир значи безбедност за сите
Борбата за родовата рамноправност е константна и долготрајна
  • Од Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Од Лилит до вили
Компаративна анализа на сличностите помеѓу самовилите од јужнословенските сказни и хебрејската Лилит.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Оваа Барби чувствува
Како Барби одлучи да живее?
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram