Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".

Додека пратениците во Алабама оваа недела усвоија закон со кој во оваа сојузна држава во САД целосно ќе се забрани абортусот, демонстрантите надвор од државниот дом носеа како крв-црвени тоги, како тие од дистопискиот роман на Маргарет Атвуд, “Приказните на слугинката” во кој раѓањето на децата е под целосна контрола на државата.  Неколку часа подоцна, книгата повторно стана трендинг на Твитер.

Но, противниците на рестриктивниот закон за абортус кој во моментов се разгледува во Соединетите Американски Држави не треба во фикцијата да бараат примери за тоа каде може да доведат ваквитe закони.  Со децении, комунистичка Романија беше вистински тест за тоа што може да се случи кога една земја целосно ќе го забрани абортусот, а резултатите беа катастрофални.

Во 1966 година, лидерот на Романија, Николае Чаушеску, го забрани пристапот до абортус и контрацепција во обид да го зголеми бројот на населението во земјата.  На краток рок, тоа функционираше – една година откако беше донесен, просечниот број на деца родени од романски жени скокна од 1,9 на 3,7.  Но, раѓањето брзо се намали, бидејќи жените најдоа начин да ја заобиколат забраната.  Богатите жени од градовите понекогаш ги поткупуваа лекарите за вршење на абортуси, или пак криумчареа контрацептивни средства од Германија.

Сепак, романската забрана за абортус непропорционално ги погоди жените со ниски примања, што активистите за абортус во САД стравуваат дека ќе се случат ако законот во Алабама стапи на сила. Како последно средство, многу романски жени се свртеа кон абортуси во домот и “по подруми”, а до 1989 година околу 10.000 жени загинаа како резултат на лошо изведени абортуси.

Вистинскиот број на смртни случаи веројатно е многу поголем, бидејќи жените кои бараа абортуси и оние што им помогнаа, кога беа фатени беа осудени на години затвор.  Смртноста на мајките беше во исклучителен пораст, односно меѓу 1965 и 1989 година се зголеми двојно.

 

Понекогаш жената не можела дури ни на сопругот или на најдобрата пријателка да им каже дека сака абортус, бидејќи би ги изложила на ризик- вели Ирина Илисеи, академска истражувачка и коосновачка на Асоцијацијата на фронтот, (романска феминистка група) и на веб-страницата Феминистичка Романија.

За многу жени, сексуалноста претставуваше страв, а не дел од животот кој претпоставува уживање -вели Илисеи.

Друга последица на забраната за абортус во Романија беа стотици илјади деца оставени во државните сиропиталишта.  Кога комунизмот падна во Романија во 1989 година, околу 170.000 деца беа пронајдени оставени во ужасни сиропиталишта.  Откако претходно биле скриени од светот, се појавиле слики од многу слаби и неухранети деца, од кои многу биле тепани и малтретирани.  Некои биле врзувани за метални кревети.

Ниту романскиот закон направил многу за да ја постигне целта на Чаушеску за драматично зголемување на населението.

„Правењето на абортусот нелегален нема да доведе до тоа жените да имаат повеќе бебиња.  Значи, ако целта е да се донесат повеќе животи и да се заштитат повеќе животи, тоа не е инструментот кој треба да се користи.“ – вели Марија Букур, професорка по историја и родови студии на Универзитетот во Индијана.

Родена и израснала во Романија, Букур се опишува како производ на забраната за абортус, откако нејзината мајка двапати не успеала да абортира.

Во средата, еден ден откако беше усвоен од законодавната власт, гувернерот на Алабама, Кеј Ајви, го потпиша најстрогиот закон за абортус, кој ја забранува постапката во секоја фаза на бременоста и може да ги испрати на доживотна робија лекарите кои не ја почитуваат забраната.

Законот на Алабама оди уште подалеку од тој во Романија, која во принцип барем дозволува исклучоци во случаи на силување, инцест или конгенитален дефект.  Новиот закон дозволува абортуси само кога постои сериозна закана за здравјето на мајката.

Забраната за абортус на Романија била дополнета со забрана за контрацепција, која не е спомената во законот за Алабама.  Но, администрацијата на Трамп презеде чекори за контрола на раѓањето во 2017 година, кога им дозволи на работодавците да се откажат од обезбедување на финансии како дел од плановите за осигурување на вработените. Оваа одлука беше запрена од федералниот судија во јануари оваа година.

Правната битка помеѓу судовите за абортусот изгледа дека ќе продолжи, бидејќи анти-абортус групите се обидуваат да ги протуркаат законите за кои се надеваат дека сега ќе ги прифати конзервативниот Врховен суд, во кој американскиот претседател Доналд Трамп назначи двајца нови членови.

Иако законите може да бидат укинати од страна на судовите, анти-абортус активистите се  надеваат дека на крајот ќе стигнат до Врховниот суд каде ќе го оспорат преседаниот утврден со одлуката Roe v. Wade одлуката од 1973 година, со која се зацврстува правото да се бара абортус.

Државниот секретар на Алабама, Тери Колинс, ко-спонзор на законот, кој сега е најрестриктивен во земјата, изјави за весникот AL.com, “Мојата цел со овој предлог-закон, а мислам дека е заедничка цел, е се повлече Roe v. Wade.

Во текот на кампањата во 2016 година, Трамп вети дека ќе назначи конзервативни судии со цел да се повлече Roe v. Wade.  Изборот на Брет Кавано во октомври 2018 година им даде на конзервативните судии солидно мнозинство, подигајќи ги надежите на активистите за борба против абортусот.

Ако Врховниот се премисли за абортусот, ќе стане прерогатив на државите да одлучат како да ја регулираат постапката.

 

„Треба да ги земеме предвид долгорочните последици од ваквата легислатива.“ – вели Чарлс Нелсон, професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Харвард и автор на Напуштените деца во Романија.

Почнувајќи од 2000 година, Нелсон го разгледува влијанието што романските сиропиталишта го имале врз децата во посткомунистичката Романија и покажа дека голем дел останале со сериозни проблеми во развојот и проблеми со менталното здравје.  За некои, затворањето во сиропиталиште имало и физичко влијание врз големината на нивниот мозок.

Нелсон вели дека Романија е предупредувачка приказна за тоа што се случува кога една држава се обидува да ги контролира репродуктивните права.  Новиот закон во Алабама покренува прашања за тоа каква поддршка ќе обезбеди државата ако некој нема можност да стави крај на бременоста кога ќе се открие дека фетусот има длабоки вродени дефекти.

Дали државата има начин да се грижи за тие деца и да ги поддржува тие семејствата? – праша тој во едно интервју.

Кога комунизмот во Романија во декември 1989 година падна, еден од првите акти на преодната влада беше да ја поништи забраната за абортус.  Романија и понатаму останува конзервативна земја, а во последниве години се јавуваат нови повици за забрана на абортус, главно од православната црква и други верски групи.

Букур, авторка на “Раѓањето на демократската држава: жените и моќта во модерната Романија” е скептична дека новото движење ќе добие политички импулс.

„Мислам дека вистинската сурова меморија од прва рака сеуште е премногу присутна кај гласачите. Мислам дека нема интелигентни политичари кои би го направиле тоа.“ – вели таа.

Илисеи е загрижена дека делови од САД – земја што Романија некогаш ја гледала како пример – сега извршува нови ограничувања за абортусот.

„Во 1989 година, сакавме да изградиме стабилна демократија, плуралистичко општество, со еднаквост меѓу мажите и жените, а САД беше главен извор на инспирација.“ – рече таа.  “Тоа не е случај повеќе.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Foreignpolicy

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • May 27, 2019
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Теодора Соколовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • Од Мартина Стојковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марко и Елена
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram