Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сите за МКЦ: Движење кое почна со дружба
Ваквите пријателства и познанства создаваат чувство на заедништво, а некогаш овие врски може да се претворат во политички движења.

Илустрација: Walker Gawande

 

 

Пред околу еден месец, Младинскиот Културен Центар (МКЦ) соопшти дека од Град Скопје скратиле дури 92% од програмскиот буџет на МКЦ и непрописно го смениле в.д. директорот, назначувајќи дипломиран детектив да ја води една од најстарите културни институции во државата. Во држава каде институциите се често нефункционални и партизирани едноставно беше поразително што Град Скопје почна да си игра со МКЦ на ваков апсурден начин. 

Кратко по објавата на оваа вест, независната музичка мрежа Гола Планина Колектив на 22ри јануари организираше граѓански собир и потпишување на петиција  на платото пред МКЦ под мотото #СитеЗаМКЦ каде се собраа над 1000 физички потписи. Истата вечер имавме онлајн состанок и полека почна да се оформува движењето Сите за МКЦ. Неколку дена по нашиот состанок, ја објавивме нашата онлајн петиција со која бараме да се врати програмскиот буџет на 25 милиони денари и спроведување на фер конкурс за избор на директор на МКЦ собра скоро 6000 потписи. 

Во меѓувреме ја планиравме нашата прва герила акција која ја одржавме пред почетокот на на седница на Советот на Град Скопје на 26 јануари каде прикажавме фотографии од различни настани во МКЦ преку кои ја потенциравме историската важност на оваа институција. По акцијата, програмскиот буџет на МКЦ беше зголемен од 2 милиони на 4 милиони денари. Иако ова навидум беше добро, градскиот буџет за култура всушност не беше зголемен, туку дополнителните средства за МКЦ беа обезбедени од ставката за јавни повици за здруженија и поединци за културни проекти на Град Скопје. 

Незадоволни од овој изход, нашите активности не завршија овде: следната акција ја изведовме на 4ти февруари на музичкиот фестивал Земјотрес кој по 11ти пат се одржа во МКЦ. На огромно платно напишавме „Видете нѐ колку нѐ има / Сите за МКЦ“, а публиката ентузијастично го прифати платното под кое танцувавме на песната „Дома“ од Дина Јашари, со адаптираниот текст „Мојот дом е таму каде што е МКЦ“. Ова беше еден од најубавите моменти во мојот живот, каде почувствував вистинско заедништво и солидарност. Последно, ги доставивме двете петиции до архивата на Град Скопје и повикавме на акција за пишување мејлови до советниците каде ние и нашите поддржувачи повторно ги изразивме нашите барања. 

Го раскажувам нашиот процес бидејќи мислам дека многу важно да се разбере зошто толку брзо успеавме да се мобилизираме. Дел од нашата група се музичари и уметници кои имаат настапувано во МКЦ повеќепати, а останатите сме присуствувале на многу настани во оваа институција. Едноставно, се обединивме позади МКЦ како една од ретките јавни, културни институции кои се инклузивни и достапни за младите и која не сакавме да биде уништена заради партиски пресметки. Додека многумина ја критикуваа одлуката на Град Скопје на социјалните мрежи, ние решивме да се организираме и да преземеме конкретни чекори за да се спротивставиме на овие случувања. 

На првиот состанок главно присуствуваа музичари од Гола Планина и нивни пријатели и познаници. Полека сите почнавме да каниме наши пријатели со што ја ширевме групата. Многу од нас имаа веќе оформени пријателства со барем дел од инволвираните, со што се создаде чувство на доверба помеѓу нас. Заради оваа доверба, лесно ги делевме обврските: некои од нас пишуваа текстови, други се фокусираа на визуелните елементи, трети контактираа со медиумите итн. Спонтано формиравме хоризонатална организациска структура каде никој не беше главен, туку секој беше одговорен за себе и целеше да го направи тоа што може за да му помогне на движењето. 

Всушност, овие пријателства во голема мера се оформуваа токму во МКЦ. Како јавен културен простор каде многу од настаните се бесплатни или со ниски цени, МКЦ е простор кој е многу достапен за младите. На свирките, претставите и уметничките настани владее отворен и пријателски дух што овозможува меѓусебно запознавање и здружување. Ваквите пријателства и познанства создаваат чувство на заедништво, а некогаш овие врски може да се претворат во политички движења. Тоа е една од многуте причини зошто не смееме дозволиме МКЦ да се приватизира. 

На подкастот на ИРЛ каде се дискутираа актуелните случувања со МКЦ, градоначалничката Данела Арсовска зборуваше за „самоодржливост“ на културните институции, конкретно на МКЦ. Но, што всушност значи ова во пракса? Иако Арсовска не објасни како точно би се постигнала оваа самоодржливост, таа потенцираше дека институции како МКЦ можат да продаваат карти за нивните настани. Но ако МКЦ остане со низок програмски буџет и е форсиран од страна на Град Скопје да биде „самоодржлив“, тогаш не би преостанало ништо друго освен да се зголемат цените на картите и да почнат да се наплаќаат бесплатните настани за да бидат покриени трошоците. 

Доколку картите на настаните на МКЦ поскапат, културата автоматски би станала помалку достапна за многу луѓе. Имено, ваквото поскапување би имало најголем ефект врз младите кои често располагаат со ниски приходи заради нивната возраст. Кратењето на буџетот исто така може да резултира во повеќе од само поскапување: можно е цели настани, изложби и фестивали воопшто да не се одржат. Ова не само што негативно би се одразило на економска стабилност и благосостојба на музичарите и другите уметници, туку би се одразило и на публиката која следи вакви настани. Освен губењето на програмска, културна содржина, ќе се изгубат и потенцијални здружувања, познанства и пријателства. 

Борбата за МКЦ е далеку од завршена бидејќи буџетот на оваа институција е сѐ уште скратен за драматични 84% и сѐ уште нема адекватен в.д. директор. Всушност, борбата за МКЦ симболично е дел и од поголема битка за зачувување на јавните културни простори и релациите кои произлегуваат од нив. Сите за МКЦ ќе продолжи да биде дел од таа борба. 

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • March 3, 2023
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За Ендру Тејт и загрoзените машки видови
Феноменот Ендру Тејт не треба да ни претставува никакво изненадување, зашто тлото за подемот на една толку токсична, но привлечна, медиумска персона беше веќе убаво оплодено од квази интелектуални Јутуб ликови исплашени од таканаречената woke култура и женското омоќување, на чело со Џордан Питерсон. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Викторија Пенова
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram