Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
Драга Ана, се радувам што се јави еден прекрасен повод, околу кој ќе одвива нашиот краток разговор, па и твоето прво гостување во Медуза. Поводот е Скопскиот поетски фестивал, кој ќе го размрда Скопје овој септември, а честа и задоволството се мои.
Малку е чудно што дури оваа година Скопје за прв пат ќе добие свој поетски фестивал. Живеејќи ја втората година од здравствената криза, ова е веројатно најсовршениот, но и најтешкиот момент за започнување нешто ново во полето на културата. Како се разви оваа идеја, кој стои зад организацијата на фестивалот и зошто баш сега?

 

Веројатно за најубавите нешта не постои вистинско или погрешно време – едноставно тлеат до мигот кога треба да се случат. Скопски поетски фестивал е постоечка визија која ја имавме многумина од поетската книжевна сцена на ум, секој можеби со различна перспектива, но во иста насока. Организатори сме неколку луѓе кои се знаеме од поодамна, а го чувствуваме истиот порив дека на нашиот град му треба вакво поетско размрдување и дека таа визија треба да стане реалност. Во огранизацијата сме јас, Ѓоко Здравески, Јулијана Величковска, Снежана Стојчевска, Јованчо Димески и Биљана Стојановска. Навистина е тешко, зезнато времето во кое го почнуваме фестивалот, со оглед на постојаните неповолности од ситуацијата со ковидот. Но кој ако не ние? И навистина е потребно да биде сега. Мислам дека ова е пробив, мала културна инјекција (pun intended) за освежување. Нешто што е наша одговорност да го направиме, со најголемо внимание. За самите нас, но и за културата на градот во кој живееме.

 

Што можеме да очекуваме од програмата на фестивалот?

 

Фестивалот ќе трае три дена, со што поради сите околности, трпи одредени промени во поглед на присуствата на поетите од странство, кои поради ковидот не се во можност да присуствуваат во живо, а ни беа најавени. Но, ќе ги искомбинираме нивните видео снимки и глас во течението на фестивалот. Ќе има изложба од 16 наши илустратори, дизајнери и сликари кои работеа и се инспирираа директно од наши авторски песни и сето тоа без надомест, исклучиво како поддршка кон фестивалот. Морам да нагласам дека сево ова го правиме со минимални средства, добиени од Град Скопје, и несебична поддршка од Младински културен центар, каде и ќе се одржи фестивалот. Планираме тематско читање посветено на народната поезија и фолклорот, со придружба на ВИС „Тркалезна маса“. Ќе читаме 11мина поети, а воедно ќе има и проекција на куси филмчиња инспирирани од песните на поетите, кои ги сними Валентина Бактијаревиќ од Србија. Дел од фестивалот е и зум мастеркласот, т.е работилница за креативно пишување со Ким Симонсен, професор и поет од Фарски острови.

 

Велите СПФ ќе биде нашиот заштитен фактор против сето она што нѐ гори, притиска и пече, зашто добро знаеме дека тишината нема сама да го рече. Исторски, поезијата секогаш го имала потенцијалот креативно да ги артикулира тешките времиња, па и утопски да посочи, предложи каде понатаму… Како ќе звучи песната на Скопскиот поетски фестивал, за што ќе зборува?

 

 

Скопскиот поетски фестивал ја претставува идејата за градската, светската врева, импулсот на човекот, на луѓето, идејата за слободата да се пишува, за мислата која патува и јазикот кој спојува светови. Поезијата на СПФ е свежа, млада и модерна; ќе ја потврди домашната, но и интернационалната сцена, притоа оддавајќи почит и на корените – она што сме, нашиот јазик, фолклор, поезија пишувана пред нас и творештво кое ни го оставиле нашите претци, а ние ја доплетуваме прикаската кон светот.

 

Започнувањето на оваа нова приказна, неминовно ме наврати една стара, Асталните проекции. Дали можеме на СПФ да очекуваме мал омаж на магичните вечери во Менада кога Скопје навистина беше град на поезијата?

 

 

Можеби ќе звучам носталгично и романтично, но мислам дека енергијата од тие вечери засекогаш ќе остане во тоа време, како еден белег, убаво сеќавање кое нема никогаш да се повтори. И ако, тоа е нужно, затоа што ништо не стои во место. Ова се нови времиња, а и ние сме променети луѓе, со променета поетика, еволуирани карактери и така и треба да биде. Иднината запишува нови приказни, а СПФ ќе ја носи несомнено нашата лична магија која ќе ја вложиме во сите аспекти за Скопје да биде град на поезијата. Затоа што му личи, верувам во тоа!

 

Пред некој ден, еден твој статус за личениот однос кон пишувањето многу ми се допадна. Велиш – пишувам 26 години, и сѐ што добив е место за себе. Нескромно многу. Простор кој ме држи будна, ме прави можеби неподобна во капитализмот, ама нужна за преживување на духот. Му се радувам на фестивалов, па и на сите фестивали од ваков тип, бидејќи креираат простор во урбаното ткиво, не за конзумирање и трошење, туку за растење и поврзување. Што значи овој фестивал за тебе лично?

 

За мене значи остварен сон, поврзување одново и одново со мојот град, со моите луѓе, но и со поезијата и уметноста од светот воопшто. Баш како што си забележала и во мојот статус – сево ова за мене е бесконечен простор за израз. Нема подобро!
Кога бев на еден поетски фестивал во Истанбул, во еден миг се најдов во задимена соба со многу вино и поети од цел свет, се смеевме на некоја анегдота, јас пеев, се мешаа јазици и пијачки… И и си помислив – ова сакам да се случува и во Скопје!
Се случија Астални, таа мисла тлееше, гореше… Поминаа години и еве, во време на пандемија и тотална неизвесност, мислата станува реалност, конечно имаме Скопски поетски фестивал. За мене, тоа се крилјата за летање над Скопје.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • August 31, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марија Бошковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дамјана Видическа
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram