Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.

Овој текст нема да го започнам со статистики колку од нас се убиени и силувани во Србија и околината во последните година дена. Се чини дека цело време ги повторуваме тие страшни крвави бројки, негодувавме и се тресеме над нив, ама ништо не се случува за да ги спречиме или намалиме. Бројчаникот врти и бројката се зголемува, ние ослабнуваме, а недовербата во институциите, во себе, во животот и луѓето околу себе – расте.

Пред неколку дена нè запрепасти веста за седум млади момчиња кои групно силувале девојче во Задар цела година. Лицата се обвинети дека во периодот од август минатата година до јули годинава, во повеќе наврати, заеднички, ја силувале тогаш 15 годишната, моментално 16 годишна девојка од Задар. Нападите ги снимале со мобилен телефон, а со снимките цела година ја уценувале девојката со цел да изнудат нови сексуални односи. Еден од силувачите бил нејзин поранешен партнер кој ја претепал во неколку наврати. Повеќето беа шокирани од фактот дека ова се случувало, а се случува многу почесто од што можете да замислите, ама она што е најпоразително во оваа приказна е системот кој не застана на наша страна, туку и нè изигра по којзнае кој пат.

Имено, откако минатиот петок биле сослушани обвинетите за овој настан, им било дозволено да се бранат од слобода, иако живеат на исто место со девојката која ја силувале континуирано. Ова нè потсети на сите убијци во Србија, чијшто број за жал во последните неколку месеци се зголеми, кои иако се претходно пријавувани исто така им е дозволено слободно да се шетаат по улица.

 

 

Оваа одлука е донесена од страна на судот во Задар со образложение дека „судијата проценил дека нема опасност за повторување на кривичното дело“ и поради овој случај во медиумите се кренала тензија. Изјавата на претставникот на судот во Задар која ја релативизира тежината на овој криминален чин, во најмала рака е неадекватна и скандалозна и го третира тешкото кривично дело како да се прашање деца кои се скарале во градинка. Меѓутоа он не е единствениот. Уште неколку лица пред медиумите настапија со коментари кои го доведуваат во прашање сведочењето на жртвата, што во ваков систем и во назаден патријархален регион може да биде кобно.  Така еден хрватски психолог своевремено изјави дека постои „балкански тип на силување“, според кого маж кога би го почитувал кажаното „не“ на жената не би бил маж. Поради сето ова, Платформата за репродуктивни права, Иницијативата #спасиме, Женска соба, Фондација СОЛИДАРНА и Фонд #СПАСИМЕ упатија отворено писмо до хрватските институции.

  • Ваквата одлука испраќа порака дека не ѝ веруваме на жената која преживеала насилство и дека насилството кое што го трпела не е толку страшно. Тоа е порака која дополнително виктимизира и трауматизира, а истовремено ги храни митовите за сексуалното насилство и жените кои го преживеале, нешто што е особено присутно во патријархалното општество во кое што живееме, митови кои нагласуваат соодговорност на жртвите и ја намалуваат одговорноста на сторителот. Оваа одлука е проблематична и поради тоа што отвара можност за создавање притисок на девојката, нејзиното семејство и дополнително влијае на целиот процес и неговиот исход. Оттаму девојката не доби скоро никаква поддршка, додека судијата кој ја донесе одлуката има полициска заштита поради заканите кои ги добил.“ – кажува за NOIZZ Паула Зоре од Платформата за репродуктивни права.

За жал, ваквата одлука не е изненадување за сите оние кои работат со насилство над жените: минималната казна затвор за силување според Кривичниот закон во Хрватска изнесува една година, а за посебното проблематично кривично дело „полов однос без согласност“ е предвидена казна затвор  од шест месеци. Она што е дополнително загрижувачки е фактот што Задар имаше сличен случај пред 5 години и осомничените исто така се пуштени да се бранат од слобода. Се чини дека силната реакција на јавноста е резултат на акумулирани фрустрации поради различните случаи на насилство врз жени кои се видливи во последните месеци и години, како и лошите одлуки на институциите во тие случаи, па можеби сега е моментот да се преиспита целосниот третман на системот кон жените кои преживуваат насилство.

 

 

Истанбулската конвенција дава сосема јасна дефиниција на силување во член 36: „вагинална, анална или орална пенетрација од сексуална природа со кој било телесен дел или предмет во телото на друго лице без нивна согласност и други акти од сексуална природа со лице без нејзина/негова согласност“

  • Со ова се менува парадигмата на силувањето бидејќи се воведува поимот согласност. Многу земји во обид да ја заобиколат ваквата дефиниција воведуваа посебно дело, како што е во Хрватска „полов однос без согласност“. Тоа му овозможи на обвинителството многу случаи на силување да ги квалификува како ова дело чијашто казна е особено мала. Ова не е прв случај на групно силување во Хрватска кое што се најде пред суд квалификувано како полов однос без согласност – коментира Бобана Мацановиќ од Автономен женски центар во Белград.

Бобана додава дека во Србија има повеќе клучни проблеми. „Еден е многу мал број на пријавени и уште помал број на осудени лица за силување. Друг проблем е тоа што овој член од Кривичниот законик не е во согласност со Истанбулската конвенција. Нашиот закон не препознава согласност, па во докажувањето дали е силување е потребно да има активен отпор на жртвата и примена на сила на сторителот. Ние веќе со години се обидуваме да ја смениме дефиницијата на силување, а во исто време се бориме да не добиеме систем како во Хрватска (иако сега и они го менуваат).”

Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат дека во 2017 година за силување се пријавени 77 полнолетни лица, а осудени се 39; во 2018 тој број е 71 кон 25.

  • Ова ја покажува недовербата на жртвите во системот, што не нè чуди кога имаме предвид колку системот не верува во жените – заклучува Бобана.

Одлуката на судот за да се бранат од слобода седумте обвинетите дефинитивно не води сметка за позицијата на девојката

  • За заштитата на жртвите започна да се збори неодамна. Во таа смисла, жртвата е спореден учесник во кривичната постапка и има многу ограничен корпус на права. Со оглед на тоа што е малку неблагодарно да се коментираат судските постапки во кои не учествувате и не сте го виделе образложението на одлуката, генерално може да се каже дека нашето општество нема доволно емпатија кон жртвите. Тоа се години и години во кои кривичниот систем се фокусираше исклучиво на сторителите на кривичните дела и нивните права, така што е неопходно системски да го реконструираме нашиот кривично правен систем со цел да го смениме односот на целото општество кон жртвите. Ова особено се однесува кон оние кои ги применуваат законите. – коментира за NOIZZ Милена Васиќ, адвокатка од ЈУКОМ

Поради незадоволството  со одлуката на судот, на социјалните мрежи е покренат хаштагот #pravdazadjevojčice кој поради слични ситуации брзо се прошири низ целиот свет.

  • Го избравме овој хаштаг бидејќи знаеме дека сексуалното насилство врз жените почнува од рани години. Често започнува со сексуално вознемирување кое е толку нормализирано што речиси не го забележуваме, го игнорираме и на тој начин на девојчињата им праќаме порака дека тоа не е важно, дека нивната нелагодност не е важна и они не се тие кои што имаат право да постават граници. Сексуалното насилство постои во континуитет од сексуално вознемирување до силување, а толерирањето на т.н „најлесни“ облици на сексуално насилство значи дека ги учиме девојчињата и момчињата дека не треба да ги почитуваат своите и туѓите граници, дека согласноста не е важна и всушност од таму почнува проблемот кој може да заврши со приказната како оваа од Задар. Затоа #pravdazadjevojčice поради тоа што се почнува со девојчињата. – говори Паула, една од авторките на хаштагот и кампањата.

И точно е. Во Хрватска каде што силувањето се релативизира, во Србија со фемицидот се релативизира, во Црна Гора со селективниот абортус се релативизира – се започнува со девојчињата и затоа мораме да ги учиме да бидат слободни, јаки, храбри и да препознаат низ што поминуваат. Во исто време мораме да го научиме системот да нè препознае нас и да нè удостои со фундаментални права и сигурност, да ни го овозможи основно право – право над својот живот и своето тело. Правото никој да не нè уценува, омаловажува, силува и убива кога си одиме дома мртви уморни од трета смена.

Во сабота во Хрватска ќе се организираат акции во Задар, Сплит, Риека и Осијек и најверојатно во уште неколку градови. Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале, а со тоа да се придонесе кон освестување на јавноста, барање на промени кои ќе овозможат поддршка за жртвите и ефикасност на законот.

И за крај #pravdazadjevojčice.

 

 

Извор: Noizz.rs

НАПИШАНО ОД:
  • Сибел Амет
  • October 18, 2019
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Санна Марин
Oчигледно, границата на моралот се повлекува кај млада жена со моќ, која се осмелува да танцува на камера. И тоа, провокативно.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Амбер Херд е несовршена жртва
Дали јавното говорење за партнерско насилство само им дава можност на насилниците да го продолжат злоставувањето на нивните жртви преку судските системи?
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram