Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.

Цигани, не сакам моето дете да учи со нив. Странци, можат да си одат од оваа држава. Ова се само два примери од коментари кои може да се прочитаат на социјалните медиуми, а кои се однесуваат на една заедница која е автохтона на овие простори. Меѓутоа тие не болат толку колку што болат: Хитлер требаше од сите вас да направи сапун, а ако има трета светска војна повторно ќе ги отвориме вратите од логорите за вас цигани!

Се прашувам дали оние кои ги пишуваат и кажуваат овие коментари се запрашале како тие влијаат на една реална личност; како влијаат на една постара жена која во себе постојано го носи стравот од напад; како влијаат на тинејџер кој од сегрегирано училиште ќе го продолжи своето средно образование во мeјнстрим училиште?

Некои би рекле дека тоа се само коментари кои може да се сретнат на социјалните медиуми или порано, да се ишкртаат на ѕид. Меѓутоа, истовременo тоа се коментари напишани од луѓе со различни професии кои можеби одлучуваат за нечии права или даваат здравствени услуги. Тие зборови често знаат и да се пренесат, од онлајн платформите на улиците и обратно.

Таков пример е полициска бруталност во Битола, која предизвика бура на коментари на социјалните мрежи. Од навредливи коментари, до говор на омраза кон целата заедница, но и директно напаѓање на активистите кои застанаа во одбрана на жртвите. Во извештајот на Хелшинскиот Комитет се нотира не само поврзаноста на насилството со говорот на омраза, туку и одржувањето на контра-протест како реакција на протестот организиран од страна на движењето Аваја за осуда на полициската бруталност.

Примерот со контра-протест потсетува на случаевите од 2011 година во Унгарија кога парамилитарна формација маршираше во ромска населба. Во тие случаи, Европскиот Суд за Човекови права ја примени доктрината на captive audience, или заштитена публика, според која одредено население се заштитува од навредлив говор на определено место или под определени околности. Тоа значи дека судот го ограничи правото на протест и правото на говор во населбите каде живеат Роми. Доколку протестите во Битола беа одржани во ромска населба, во тој случај ќе можевме целосно да дадеме зелено светло на доктирната, бидејќи навредите кои кружеа во тој период беа со силен интензитет и доаѓаа од синдикат на полицијци.

Од следењето на говорот на омраза, може да се забележи дека најчестите случаи на говор на омраза произлегуваат од настани поврзани со ромската заедница без разлика дали истите промовираат позитивна или негативна содржина. Говор на омраза се забележува и кога на настаните се вклучени и граѓански организации, а особено таквиот говор е присутен кога се говори на темата образование на Ромите и напуштање на училиштето. Особено е предизвикувачки да се читаат навредливи коментари и говор на омраза на објави на социјалните мрежи кои се однесуваат на украдени точаци, повредени и напуштени животни или загадување на животната средина. Таргетирањето на целата заедница кога станува збор за ромската заедница се прифаќа како „нормално“, но говорот на омраза не носи бенефит ниту за животната средина, ниту на ромската заедница, ниту на лицето кое ги пишува или кажува тие коментари. Сепак, таквото “нормално“ доаѓа од еден систем на образование кое дозволува една од лектирите да носи наслов „Белото Циганче“ и еден од сè уште употребуваните методи на „воспитување“ да биде „ќе дојде циганката да те земе ако не седиш мирен/а“.

Штетата која се нанесува со говорот на омраза е повреда на достоинството на една група, и може негативно да влијае на емотивната и психолошката состојба на тие луѓе. Едни од најчесто нотираните негативни влијанија се намалена самодоверба, зголемена акциозност, како и чувство на страв и несигурност. Од неформалните разговори на тема говор на омраза доаѓаме до заклучок дека интензитетот на намалена самодоверба, анкциозност и страв кај Ромите е различен во зависност од профилот на лицето кое се соочува со омразата, но сепак тие чувства се присутни. Разочараноста и стравот е присутен и кај Ромите активисти кои не би биле толку активни доколку не ја имаат поддршката еден од друг и поддршката од сите оние кои се борат против ваквите појави.

Со зачестувањето на говорот на омраза всушност доаѓа и до нормализирање на дискриминаторското однесувања, кое пак претставува  подлога за појава на насилство и кривични дела од омраза. Меѓутоа, зачестениот говор на омраза ни укажува и дека нашето општество има потреба од интеракција и запознавање. И таквата едукација не треба да биде на база на “политички коректен говор”, туку на развивање на разбирање кое ќе им помогне на младите во креирање на секојдневна комуникација.

Говорот на омраза може да биде поттикнат и од вести на портали, како и од јавни личности. Препознаваме случаи на наслови на портали кои ја наведуваат етничката припадност на сторител на казниво дело или настан со негативна содржина и тоа единствено се случува кога случајот инволвира лице од ромска етничка припадност. Етничкото етикетирање се наведува како сензационална вест која предизвикува бура на коментари со говор на омраза. Навредливите коментари или несоодветното именување на Ромите со зборот “Ц“ или “Ѓ“ особено од јавни личности или политичари само ја потврдува „слободата“ да се коментира без одговорност и свесност за последиците од таквиот говор.

За жал, без разлика дали станува за фашистички говор или за навреда, овие случаи остануваат без  правна процедура. Антициганизмот, како теорија која ги изучува корените на проблемот со практики и политики на маргинализирање, исклучување и расизам останува да биде едно од решенијата за искоренување на овие појави, вклучувајќи го и проблемот со говорот на омраза. Нашата држава се темели на мултикултурализам кој не треба да биде само убав збор во државните политики и документи, меѓутоа и културна вредност која ќе нè зближи и ќе развие разбирање помеѓу сите нас.

НАПИШАНО ОД:
  • Марија Сулејманова
  • October 11, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram