Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.

Верувам дека за повеќето луѓе кои ги познавам, 2019 испадна година која ќе се памети. Се случија неколку историско вредни моменти за нашата земја и заедница, како на пример првата Парада на гордоста, Законот за абортус и за антидискриминација, како и помали, но еднакво важни и убави работи како Битола на Princess Donatsu. За мене лично, она што ми ја одбележа ова година е развојот на оваа платформа, преку која имавме можност да проследиме (речиси) сè што се случи во 2019 година, а што е важно за нас како феминистки и феминисти. Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.

 

Елена Гаговска

За жал, не можеме да кажеме дека 2019-тата година беше феминистичка на глобално ниво, како и впрочем секоја година до сега бидејќи хегемонијата не може да биде феминистичка. Во моментот таа е капиталистичка, патријархална и сѐ повеќе десничарска. Трамп е претседател во САД, Болсенаро во Бразил, Моди во Индија и од скоро Борис Џонсон е премиер во Велика Британија. Светот станува сѐ понеолиберален, позагаден и понеднаков. Се разбира дека оваа година имаше и многу позитивни работи, како на пример зајакнувањето на движењето против климатската криза во светот, а и во Северна Македонија. Но, некогаш и тоа не е доволно и често потребно ни е да најдеме засолниште од сите лоши и депресивни случувања кои нè опкружуваат. Јас тоа засолниште го најдов во квир заедниците на Скопје и Берлин. Го најдов на настаните кои беа дел од Скопје Прајд викендот, на алтернативни берлински дрег шоуа како Venus Boys и настапите на прекрасната и пресмешната Olympia Bukkakis, на Скопската Парада на Гордоста и на излегувања со пријатели во Берлин. Светот сѐ уште не е феминистички, но мислам дека барем во нашата заедница пробуваме да создадеме феминистички и квир простори. Нашата работа е далеку од завршена, но за сега имаме места каде барем за кратко време се чувствуваме поослободено. Целта е некогаш тоа место да биде светот.

 

Јована Јовановска

2019 година за мене ја обележа женската солидарност, новиот закон за абортус кој конечно ја подигна рапродуктивната слобода на жената на повисоко ниво, првиот Прајд на кој ги преплавивме улиците со слобода и љубов, акциите за подигање на свеста за сексуалното вознемирување и насилство, активното зборување на мегафон на улица…Беше супер година! Кон нови предизвици во новата.

 

Мери Цветковска

После долгогодишна работа во областа на неформалната врсничка едукација и сите останати активности на ХЕРА преку кои апелираше за потребата од Сеопфатно Сексуално Образование во училиштата, конечно Владата ги препозна овие барања и донесе одлука ССО да биде пилотирано во училиштата. Имено, четири училишта од рурална и урбана средина ќе бидат избрани за пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО), која треба да стартува од септември 2021. ССО ќе биде изборен предмет за учениците во осмо и деветто одделние, а ќе го предаваат наставници и/или претставници на стручните служби на училиштата, кои ќе бидат сертифицирани и ќе поминат соодветна обука.
Дека ССО е важно и неопходно потврди и спроведеното истражување од страна на ХЕРА чии резултати покажуваат дека повеќе од 90 отсто од родителите се согласуваат да се воведе сеопфатно сексуално образование во основните училишта.Во телефонското истражување беа анкетирани 800 родители/старатели за препораките на УНЕСКО-моделот на сеопфатното сексуално образование да ги вклучи темите кои треба да бидат изучувани во образовниот систем.
Додека се случуваат овие промени во формалното образование, ХЕРА заедно со врсничките едукатор/ки не губеше време и активно работеше на неформалната едукација која опфати 500 млади ширум Македонија од рурални и урбани средини.Младинската група ХераМлади освен едукацијата има и многу други „канали“ преку кои ги информираат и забавуваат своите врсници.Радио емисијата Секси Маало која се емитува секоја втора среда на Радио Моф е еден од тие медиуми на Хера Млади преку кој на емпатичен и креативен начин ги поддржуваат и мотивираат младите, укажувајќи им на тоа дека не се сами и во борбата за информирана и здрава младина.
ХЕРА исто така беше директно вклучена во изработката на новиот закон за прекинување на бременоста (2019) со кој се промени целиот пристап на државата кон ова прашање и се воведоа новини кои имаат основа во човековите права – почитување на телесниот интегритет и слободата на одлучување за своето тело. Со новиот закон:
-Се укинува задолжителното пристрасно советување
-Се укинува тридневното чекање по советувањето.
-За повеќе од десетпати се намалуваат казните за здравствените институции и лекарите.
-Жените не треба да докажуваат дека биле силувани за да можат да абортираат
-Жените не треба да го докажуваат својот социјален статус за да можат да абортираат – доволна -ќе биде нивната лична изјава за социјалната состојба.
-Се воведува медикаментозниот абортус (абортус со лекови).
-Абортусот до 9. недела од бременоста ќе може да се изведува со медикаментозен абортус и во гинеколошките ординации.
-Се укинува Првостепената комисија во болниците за одлучување за абортус меѓу 12. и 22. недела од бременоста.

 

Бојана Јовановска

2019 ќе ја оставам зад себе со многу покренати прашања за стравот, за пречесто присутното чувството на небезбедност и некомфорност во јавниот простор, за нормализацијата на вознемирувањето и насилството.

 

Елена Петровска

Годинава за мене беше исклучителна и исполнета со повеќе историски моменти, како и поттикнати и исполнети иницијативи за правата на ЛГБТИ заедницата – заедно, солидарно, моќно, со многу колеги, активисти, соборци/ки и поддржувачи, како никогаш досега. Оваа година започна со извонредна вест дека Коалиција Маргини ја доби државата пред Судот во Стразбур во случајот „Икс против Македонија“ за правата на трансродов маж. Со ова државата има за приоритет законски да ја подобри рамката со која ќе се унапредат правата на една од најмаргинализираните и ранливите заедници кај нас – трансородовите луѓе.
Годината ја обележа и нашата поддршка во формирањето на првата неформална Интерпартиска парламентарна група за унапредување на ЛГБТИ правата во Парламентот кај нас. Small fun fact> Оваа група е втора по големина во Собранието, веднаш по Клубот на жени пратенички 🙂
За прв пат во историјата на државата, пратеници се заложија за застапување за правата на ЛГБТИ луѓето во Парламентот, а со тоа заеднички ги поставивме прашањата за проблемите и потребите на ЛГБТИ луѓето високо на парламентарната агенда, како и во соработката со многу институции. За мене исклучително важен е еден Ле Четврток кога го прославивме денот на лезбејската видливост како јавен настан во Short Bus кафе, а дел од ЛезФем присуствувавме и на првиот Лезбејски марш кој што се случи во Тирана <3 кој што беше неверојатно позитивен и убав, претставувајќи ја солидарноста, стамината и желбата за промена на општеството на ЛГБТИ движењето. Среќна бев што сите групи од оваа заедница на едно место го покажаа тоа како порака за менување на работите на подобро во сите држави во регионот. Со решителност и храброст помина оваа година, една од најубавите за мене, воопшто  ♥

 

Се читаме во 2020 ♥ ♥ ♥

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • December 31, 2019
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram