Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.

Ако постои една иницијатива која успева да ја научи публиката во Македонија да си купува карти навремено – тоа мора да е ПичПрич. Со повеќе од десетина настани зад нив, креаторките на ПичПрич – Румена Бужаровска и Ана Василева, успееја да изградат традиција на мега-посетени гала вечери на раскажување на женски приказни за чиј интерес расте од година во година. Последниот ПичПрич се случи на 8 март во Кино Милениум, каде 6те гостинки ни раскажуваа приказни на темата Влакна, а додека ја очекуваме официјалната снимка, можете да ѕирнете како изгледаше овој настан преку призмата на Ванчо Џамбаски. Инспирирани од успешниот ПичПрич, со Румена и Ана разговаравме за развојот на оваа иницијатива, идните чекори и очекувања, како и промената до која придонессува ПичПрич кон јавниот диксурс во Македонија.

 

Што претставува ПичПрич за вас како иницијаторки? Колку ви се променети очекувањата од овој настан од почетоците до сега, со оглед на огромниот интерес за ПичПрич од страна на јавноста?

 

Ана: ПичПрич е платформа за промоција на жени од различни области кои се квалитетни, но кои не така често имаат пристап до јавните простори, како и теми типични за женското искуство кои често се доживуваат како тривијални, неважни, срамни т.е. табуа. Започнавме волонтерски, но многу набрзо по започнувањето увидовме дека интересот за овие теми прикажани во ваков формат е доста голем, па настанот стана поексклузивен во техничката реализација и присуството на раскажувачки од странство, но темите по изведбите остануваат еднакво субверзивни и скокотливи.

Румена: Токму така – се покажа дека има потреба од вакви настани во нашата земја, па ПичПрич го проширивме и во други градови. По повеќе од десетина настани колку што сме имале севкупно, очекувањата и кај нас растат, но не само кон раскажувачките, туку и кон публиката. Сега очекувам зрела дебата во однос на искажаните приказни и ставови, бидејќи неретко некои од нив знаат случајно или намерно да допрат до некои болни оштествени прашања. Очекувам и публиката да разбере дека не секогаш приказните ќе бидат успешни или исклучителни. Она што мислам дека е многу битно за ПичПрич е што оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување. И нивен неуспешен настап за мене е позитивен, оти со тоа го нормализираат чинот на јавно слизнување, на кое жените ретко се осмелуваат.

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Кон што најмногу придонесува ПичПрич во нашето општество?

 

Ана и Румена: Кон нормализација на женските искуства преку промоција на жени од сите професионални области и oпштествени милјеа. Се стремиме да промовираме етничка и национална разноликост, да вклучиме раскажувачи со различни сексуални ориентации и да опфатиме приказни на раскажувачи со идентитети кои не припаѓаат на главнотековното. И секако, битна ни е детабуизацијата на женското тело и сексуалност. Преку раскажување на женски приказни во живо, на ваков начин, се стремиме и да го освоиме јавниот простор со кој во најголема мера доминираат мажите.

 

Дали би можеле да издвоите омилен ПичПрич настан и/или приказна од досегашните изданија на ПичПрич?

 

Ана: Веројатно првиот ПичПрич, од 2016, поради тоа што еуфоријата што ја чувствував, како и поради исклучителната Лилјана Дирјан што за жал не е веќе со нас.

Румена: Имам повеќе – но освен последниот, кој го сметам за исклучително успешен поради разноликоста на раскажувачките и нивните приказни, еден од најомилените ми е минатогодишниот ПичПрич на Оревче во Охрид, каде што меѓу другото, Кочо Андоновски настапи гол. Првиот ми е исто меѓу омилените поради настапот на Лилјана Дирјан, а и скатолошката приказна на Јана Јакимовска, а морам да го издвојам и ПичПричот во Битола, каде што првпат ja запознав Софија Ристевска, чиј хумор го уживаше скопската публика за време на овогодинешниот осмомартовски ПичПрич.

 

Оваа година темата на ПичПрич беше влакна. Како ги избирате темите и како се решивте за оваа тема?

 

Ана: Кума на темата Влакна е Јана Јакимовска, која исто така е запомнета нејзините две учества на ПичПрич и чија креативност и исклучителна смисла за хумор често не’ инспирираат.

Темите ги избираме во зависност од локалниот контекст и од оние случувања што се актуелни во дадениот момент. Во Куманово темата беше “Дома нема никој” во контекст на иселувањето и печалбарството со кои се соочува тој град последниве две децении. Секако темите често имаат и алузија на типично женски феномени, како минатогодишната тема на гала вечерта – “Добив”.

Румена: Се обидуваме темите да бидат сугестивни и отворени на повеќе толкувања. Така, темата „Влакна“ неминовно потсетува на телесните влакна и проблемите што си ги имаме со нив како жени, но и нуди и јазични варијанти како „влакно во јајце“, „без влакна на јазик“, и слично. Се стремиме темите да можат да одат во неколку насоки за да им дадеме поголема креативна слобода на раскажувачките, но и самите да бидеме изненадени од правецот во кој ќе отиде одредена тема.

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски
ПичПрич започна со настани во Скопје, со локални гости, па се прошири и во други градови низ Македонија, а сега вклучува и регионални гости. Што да очекуваме во иднина од ПичПрич? Дали мислите дека поставивте корени на „традиција“ која ќе продолжи да се развива?

 

Ана: Се трудиме растот да биде спонтан, но истовремено ние да бидеме оние што ги даваат насоките. Планираме да продолжиме со концептот на гала-вечер за 8 Март во Скопје и уште 2 децентрализирани настани во другите градови во Македонија преку годината, а за следната година имаме најава за можно гостување во Германија, па ќе видиме како ќе се развиваат работите.

Румена: Уверена сум дека концептот на вклучување регионални гости е многу силен, па ќе се трудиме да ја задржиме таа традиција. Сите три раскажувачки што досега ги имавме – Асја Бакиќ, Мима Симиќ и Марија Ратковиќ – беа извонредни, но уште поголема придобивка е што со нивното вклучување си обезбедуваме регионална видливост и можност за понатамошно вмрежување.

 

Оваа година на 8 март на социјалните можевме да прочитаме многу спротиставени ставови во однос на тоа што претставува феминизмот, што значи 8 март за жените денес и како треба (или не треба)  да се „прославува“ овој ден. Каде ја гледате иницијативата ПичПрич во овие различни наративи? Која е целта на ПичПрич во контекст на 8 март?

 

Румена и Ана: Осмомартовскиот ПичПрич од тој аспект има повеќе цели, меѓу кои се да придонесе кон дебатата во односот на женските права, но и кон тоа да даде понуда во однос на феминистички настани во градот. ПичПрич треба да биде само еден од повеќето настани и повеќето различни начини на одбележување на овој ден. Оваа година се чини дека на социјалните мрежи имаше повеќе дебати од обично, што е очекувано кога ќе се земе предвид какви поместувања се случуваат во однос на феминистичките прашања во пост-#МeToo времето. Така што во принцип, дебатите се за поздравување бидејќи се гледа развивање на свест во однос ваквите прашања, што е една од целите на ПичПрич.

 

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски
НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • March 12, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сајбер насилство: Безбедност и самоцензура
На кој начин да бидеме побезбедни во сајбер просторот? Дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура? Дали и колку треба да сме внимателни што објавуваме и испраќаме? И финално, како да бараме соодтвена системска заштита, кога упорно гледаме како институциите потфрлаат во ова поле?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • Од Мартина Стојковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram