Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.

Настанот беше организиран од Женската платформа за развој на Србија, со поддршка на фондацијата Фридрих Еберт (регионални канцеларии во Сараево и Белград). Во рамки на одбележувањето на 80 години од АФЖ се собраа повеќе од 100 делегатки од сите поранешни републики и покраини: активистки, потомци, современички, АФЖ-овки, партизанки, научнички, политичарки на социјдемократските партии и левичарските движења, новинарки и други жени со општествен ангажман. Одбележувањето беше организирано низ два настани, Свечена академија во Босански Петровац и Конференција во Бихач, тематски посветена на сеќавањето и современите пракси на женска борба против фашизмот, а поврзани со историјата на АФЖ.

Македонската делегација беше составена од 10 учеснички: Савка Тодоровска, Ена Бендевска, Јана Коцевска, Салиа Бекир Халим – граѓански активистки за женски права, Цветанка Иванова, Соња Мираковска, Санаела Шкриељ, Ана Андова – парламентарки, Елена Јованова-Грујовска – потпретседателка на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ и Ивана Хаџиевска – историчарка. На Свечената академија излагање имаше Ивана Хаџиевска. Сите делегатки зедоа активно учество на конференцијата, на сесии поврзани со женското движење на просторот на Југославија во минатото и денес, како и потребата од градење на широка регионална женска антифашистичка платформа во сегашноста.

Видео снимка од Свечената академија може да се погледне на овој линк.

Фотографии од настанот може да се најдат на следниот линк.

***

 

Реферат изложен на свечената академија по повод 80 години од основањето на АФЖ, 6 декември 2022, Босански Петровац

Ивана Хаџиевска

Простата и строга историска нарација на жените во 20 век е „исткаена“ од две нитки: на трудот и војните. Масовното вработување во индустриското производство, двете светски војни и комунистичката револуција неповратно ги промениле социјалните улоги во приватниот и јавниот простор. Во политичкиот простор, женските движења за рамноправност и економска еманципација изградиле идеолошки платформи што се испреплетувале со националната и државната изградба во 20 век. Учеството на женско население во револуционерните, националните и герилските движења за време на Втората светска војна ги претставуваат основните полигони на женското учество во создавањето на политичката историја на светот, а истовремено претставуваат и фасцинантна приказна за човечката борба и потреба за цивилизациски скок напред.

И жените од Македонија низ организираното антифашистичко движење „станале дел од историјата“. Тој процес се финализирал за време на Втората светска војна. Во обемната документациска збирка од 1976 година за учеството на жените во НОБ се наоѓаат 5.752 биографски белешки на партизанки; 141 жена од Македонија го носи признанието „Партизанска споменица 1941“; и 7 жени се прогласени за народни херои: Мара Нацева, Оливера Јоциќ-Вера, Ибе Паликуќа, Естреја Овадија-Мара, Елпида Караманди, Вера Ацева, Фана Кочовска.

Ја спомнав документацијата и историските извори кои ја документираат оваа важна човечка повест. А за важноста на документите и изворите од историјата на жените на постјугословенскиот простор, како и за опасноста и последиците од губењето на архивите на женското живеено искуство, би сакала да споделам со вас еден пример од нашето современо искуство како активистки, историчарки на нашата заедница и хроничарки на минатите и современите борби. Во тој контекст, Ништо не ја сумира состојбата на терен, состојбата во нашите институции и училишта подобро од положбата документите создавани од и за општествената работа на АФЖ, т.е. состојбата на нивна заборавеност на нивно бледнеење во челуста на заборавот.

Во текот на изминатата година, заедно со македонска активистка Јана Коцевска започнавме еден обемен истражувачки и активистички процес посветен на сеќавањето и историјата на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“. Искуствата од таа наша работа, особено нивната последица во просторот на политиките на сеќавање, сметам дека е важно да ги споделам тука.

Како историски извор, овој печат бил дел од изворите на научната литература од младата македонска историографија, во форма на објавени архивски колекции, што по првпат ја демистифицирале сликата за македонската жена како безличен и безимен дел од историјата. Пошироката цел била жените конечно да се изнесат на челото на националната историографија, како еднакви учесници во создавањето на државноста – цврста гаранција за иднината на нивните политички, социјални и економски права стекнати во блиското минато. Јазикот на АФЖ во списанието, на кој зборувале и пишувале за политичката вклученост на жените бил составен од неколку формули: „политичко издигнување“, „рамноправие“, „еманципација“, „ослободување на жената“, „тргање на мракот од очите“ и „хуманизација на односите меѓу половите“.

Кога се соочуваме со извор од историјата на АФЖ, од една страна преплавени сме од епистемолошките и културолошките потенцијали, Но, веднаш штом му пристапиме на изворот од истражувачки аспект, како главна потреба се јавува пополнувањето на празнините поврзани со конкретните услови, контекст и мрежа на личности кои биле вклучени во реализацијата на оваа важна документација. Состојбата на „фактографски дефицит“, т.е. недостатокот на поширок историографски полигон на кој би се изведувала теоретска артикулација на секоја понатамошна критичка анализа, јасно упатува дека списанијата, архивите и друго наследство до истроијата на АФЖ,  денес првенствено претставува извор обвиен во заборав. Затоа, првото прашање што си го поставивме при преиспитувањето на положбата на списанието „Македонка“, како и во политиките на сеќавање, беше: зошто не постои интерес, во рамките на националните институции, за ретките остатоци од историјата на жените, каде што критичкиот пристап и родовата перспектива би се сметале за продуктивни? Краткиот преглед на главните одлики на застапеноста на списанието „Македонка“ во официјалниот наратив, како и во културата на сеќавање, може да ни биде од помош при давањето одговор.

Имено, уште во 1952 година АФЖ на Југославија и организацијата-наследник – СДЖ на Југославија, на централно и локално ниво почнале со создавање сопствен архив. Станувало збор за одлука да се почне со собирање документација, извори, сведоштва и мемоарски документи за учеството на жените во НОБ. Овој материјал подоцна требало архивски да се систематизира, но и од него да произлезат стручни монографии. На републичко ниво, во Македонија тој процес почнал дури во 1963 година од вработените во Институтот за национална историја и завршил во 1976 година, со издавањето на Зборникот документи на авторките Вера Весковиќ-Вангели и Марија Јовановиќ. До крајот на 20 век, оваа документација се користела како извор во научна и во комеморативна функција во формализираната социјалистичка култура на сеќавање.

По промената на системот во 1991 година, почнува заборавот на списанието во двојна смисла: и како дел од културата на периодика и како историски извор. Би можело да се каже дека споменот за списанието егзистирал во мнемониски ќошиња, како организациите кои произлегле од Сојузот на борци од НОБ како одржувачи на антифашистичката традиција; или во работата на поединци истражувачи од академското милје. Оваа криза на женскиот архив во постјугословенските општества посочува кон заклучокот дека исклучувањето на жените од сферата на моќ и (политички релевантните) знаења е најдобар доказ за автократска, контроверзна, недовршена модернизација. Всушност, една поразителна последица од заборавот во овој случај е губењето на врската помеѓу вредностите на АФЖ од политичка, културолошка и економска природа, со современите концепти за родовата еднаковост. Денес се почесто патот на еманципација на жените „се зема здраво за готово“, т.е. се заборава на потчовечката положба на жените пред само еден век. Тука мора целосно да се согласиме со идејата дека историското паметење е предуслов за креирање стратегии за општествени промени во сегашниот момент.

На крајот од нашата работа со важните извори за АФЖ на републичко и локално Македонско ниво, произлезе вреден зборник академски текстови, прв по 1970-те години, како и остварување на нашите напори за  дигитална и слободна достапност на овој важен извор. Ние како активистки и како професионалци од областа на релевантните науки, мора да пристапиме кон една широка активност за поттикнување на институциите задолжени за чување на ова архивско наследство кон решавање на проблемите со заборавот. Притоа мора да бараме пристап кој го истакнува најважниот аспект на ова наследтсво: неговата центрираност на женското живеено искуство кое нуди поинакви наративи во нашите општества, често отруени со национализам и реакција на паланечките пракси. Со конзервирање на женското живеено искуство, создаваме „женски архив“, каде што се одвива константно потсетување на заедницата за неговиот значај.

И на крајот другарки, барањата за рамноправност често значат и предизвикување на воспоставените хиерархии. Така, додека формите на феминизмот и неговите делувања постојано се менуваат и напредуваат, реакцијата останува иста и може да се спореди со онаа од 19 век, со онаа од средината на 20 век и со таа од пред 10 години. Станува збор за мрзелив, популистички и квазиегалитарен сентимент дека „феминизмот не е за сиромашни држави“, дека ние сѐ уште „не сме на тоа ниво да се занимаваме со родови аспекти“ и сл. Она што јас го согледувам од историска перспектива е дека феминизмот кај нас има развиено една многу значајна функција за напредок на општеството, а тоа е воспоставување практика дека борбите се водат истовремено и на повеќе фронтови, за различни групи поединци и заедници. А токму таа точка од развојот на феминизмот во нашите општества води директно до работата и праксите на АФЖ.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 12, 2022
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пофалба на глупоста II
(Мет Волш, „Што е тоа жена?“, и вистината) 
  • Од Каи Гладкова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Steam Room: Вечерва ќе оствариме многу желби
Како дел од Скопскиот викенд на гордоста, вечерва ќе го проследиме настапот dragON forever, третиот дел од трилогијата dragON.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Инспиративно порно (кога инспирацијата станува порнографија)
„Не постои количество на насмевки кои претвориле скали во рампа”
  • Од Лин
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството и општествената моќ
Што се случува кога институциите од кои жртвите треба да побараат помош, во својот состав ги имаат насилниците?
  • Од Натали Китаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Стара приказна, нови актери
Говорот на омраза никогаш не завршува како говор.
  • Од Лин

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram