Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау

Ми беше многу тешко кога пред месец и пол гледав директен пренос од судските сослушувања кои му ја дадоа титулата на врховен судија на Брет Каванау, а не сум ни Американка. Не можев да престанам да гледам како различни сенатори ги испрашуваа д-р Кристин Бласеи Форд и судијата Брет Каванау. И за целото тоа време, а и повремено пред да почнат сенатските сослушувања, не можев да престанам да мислам на моменти во мојот живот кога и јас можев да завршам како д-р Форд.

За тие што не знаат, д-р Форд трвди дека Брет Каванау пробал да ја силува на забава во средно кога таа имала 15, а тој 17 години. За време на нападот, д-р Форд кажува дека во еден момент помислила дека Каванау би можел по грешка да ја убие. Таа вели дека вечерта кога Каванау ја нападнал и оставила доживотни последици.

Дури и после нејзиното прераскажување и повторно преживување на својата траума пред целиот свет, Брет Каванау сепак беше назначен да стане Судија на Американскиот Уставен Суд. Дури и после тврдења на уште две жени – Дебора Рамирез и Џули Светник – за сексуално злоупотребување, Брет Каванау сепак доби доживотна позиција во најмоќниот суд во САД. Дури и после многу протести, написи и осудувања од страна на жени (и мажи), Брет Каванау ќе добие огромна правна моќ која тој сака да ја користи за повторната криминализација на абортус во Америка.

Зошто се случи ова? Има повеќе причини, но една од нив е фактот дека на жени кои тврдат дека биле сексуално злоупотребувани ретко кога им се верува.

Зошто да зборуваме за одлука која била донесена пред месец и пол, врз која ние како луѓе без американски државјанства не можеме да влијаеме? Бидејќи, често тоа што се случува во САД има ефекти и надвор, на дирекни и индирекни начини. Мислам дека треба да зборуваме за ова, бидејќи, за жал, и ние имаме проблем со верување на жртви на сексуално насилство.

getty images

Приказната на д-р Форд многу ме растревожи и ме натера да се потсетам на настани во мојот живот на кои не би сакала да мислам. Исто така сметам дека оваа трагична вест може да се искористи како начин на кој би можеле повторно да размислуваме за сексуални напади, вознемирувања и повторното ја започнеме кампањата #СегаКажувам.

Ми се насолзија очите кога на дечко ми му пишав за нападот врз Форд: „Брет Каванау и другар му Мајк Џаџ кој исто така бил во собата ú се смееле на Форд додека ú го правеле тоа. Не е ли тоа ужасно?“

Никако не можев да сфатам зашто баш смеењето толку ме растревожи додека не ми пријде еден тип на Александарплац (Берлин) баш на денот на сенатските сослушувања. Типот ми соопшти дека сега сум неговата нова девојка. Збунето му реков не и почнав да одам во спротивната насока. Почнав буквално да се тресам, бидејќи неговата арогантност ме извади од такт. Обично немам толку бурни реакции кога сум сексуално вознемирена од мажи во јавност, но овој пат не можев да престанам да се нервирам. По некое време сфатив зошто толку се изнервирав − баш на тоа место бев сексуално нападната година дена порано.

После ова вознемирување решив на напишам нешто на Твитер со хаштагот #WhyIDidntReport (#ЗаштоНеПријавив) за претходниот инцидент: „Еднаш му кажав на другар дека непознато момче насилно ми ја фати градата во метро станица. Неговото прво прашање беше #ЗаштоНеПријавив. Бидејќи буквално не знаев кој беше. Не ми ни текнува на неговото лице. Повеќе енергија ќе потрошев да пробав да го најдам, отколку само да пробам да заборавам на инцидентот.“

Откога се сетив на тој непријатен настан, сфатив дека и мојот напаѓач се смееше додека ме нападна. Тој, како и напаѓачите на д-р Форд се смееше на моја сметка, додека мојата телесна автономија беше прекршена. Со месеци после инцидентот ми беше стресно да поминувам на Александарплац, особено кога бев сама. Неколку пати дури имав и напади на анкциозност.

Земајќи во предвид колку е тешко да се пријават ваквите инциденти и веќе постоечката култура на мисогинија во нашите општества, како може некој воопшто да праша зошто Кристин Форд не пријавила? Не е тешко да замислиме од што се плашела: не би ѝ верувале, би била неречена „курва“ и би била обвинета за уништување на иднината на младо момче/маж. Тие стравови веројатно не се толку различни од тоа што ѝ се случи во Октомври кога д-р Форд го доби целото внимание во медиумите.

Како што реагирав сé поемоционално на мали инциденти на сексуално вознемирување таа недела, си помислував „барем јас немав мој Брет Каванау во средно“. Тогаш се сетив на еден инцидент токму од средно.

Во трета и четврта година средно, еден другар релативно често организираше забави кај него дома, и да, таму пиевме иако не ни беше дозволено. За време на една од тие забави, еден тип беше „creepy“ со една моја познаничка – да ги наречеме Јован и Марија. Јован пробал да ја задржи Марија во една соба каде што таа дефинитивно не сакала да биде. Случајно еден мој другар влегол во собата додека Јован инсистирал тој и Марија да бидат оставени сами. Другар ми сфатил дека Марија се чувствувала загрозено и затоа не ја напуштил собата. Бидејќи другар ми решил да остане во собата, после некоја минута Јован ја оставил Марија на мира и ништо лошо не ѝ се случило. Другарот кој ги организираше забавиве никогаш повеќе не го покани Јован.

Ја раскажувам оваа случка бидејќи сакам да покажам дека мажите не мораат да бидат соучесници во овие ситуации. Всушност, често тие можат да спречат ескалации. За време на сослушувањата, д-р Форд раскажа дека за време на нејзиниот обид за силување два пати се погледнала со Мајк Џаџ. Наместо да ѝ помогне, тој се смеел додека Каванау продолжил да ја допира д-р Форд без нејзина дозвола.

За среќа, Марија не беше сексуално нападната таа вечер, но јас продолжив да размислувам: што ако нешто ѝ се случеше? Што ако наместо Марија, јас бев во собата? Ако бев нападната таа вечер, ќе им кажев ли на моите? Или дали можеби ќе бев премногу засрамена и немаше да кажам со години што ми се случило таа вечер? Не можам да кажам со сигурност, но бидејќи пиев таа вечер претпоставувам дека најверојатно не би кажала веднаш за хипотетичкиот инцидент.

getty images

Живееме во свет каде што не им е лесно на жени и девојки да ги споделат и пријават своите искуства на сексуално насилство, особено ако не биле „совршени жртви“. Особено е тешко ако жртвата на сексуално насилство не била трезна, била „несоодветно облечена“ или не се сеќавала на сите детали на инцидентот. Депресивно е што овие митови кои ги обвинуваат жртвите – а не сторителите – се многу чести и дел од дискурсот за сексуално насилство. Особено е депресивно што минатиот месец видовме како овие митови беа повторени кога еден куп луѓе, вклучително и претседателот на САД, не ѝ веруваа на д-р Форд. И како шлаг на оваа депресивна торта е тоа што потенцијален сексуален насилник кој планира да работи на повторната криминализација на абортусот во Америка, успеа да биде назначен како доживотен Врховен Судија.

„Последиците [од овие сослушувања] ќе траат долго после мојата номинација. Последиците ќе бидат со нас со децении,“ кажа сега Уставниот Судија Брет Каванау.

За жал тој е во право. Последиците од јавното срамење и недоверба во средоштвото на д-р Форд ќе има голем ефект врз жртви на сексуално насилство кои би сакале да кажат на своите фамилии или да ги пријават овие инциденти. Ако светот не ѝ веруваше на Кристин Форд – која им раскажала за своето искуство на својата психотерапевтка и својот маж за време на брачна терапија, која е бела, привилегирана и од повисок социјален статус и која немала да има никаков личен придонес од сенатските сослушувања – тогаш кој би верувал на жени кои не се „совршени жртви“ или не се сеќаваат на повеќето детали на нивните искуства? Брет Каванау не само што ќе ги загрози репродуктивните права на Американките, туку само самиот процес на неговото назначување направи голема штета во областа на опшетествениот дискурс и социјалната перцепција на жртвите на сексуално насилство.

Ќе ни треба време да ја поправиме таа штета и реално тешко е да се видат било какви позитивни аспекти од назначувањето на Каванау. Но сепак мислам дека постои мала светлина на крајот на тунелот. Храбри активстки кои и самите биле жртви на сексуално насислство се бореа да ја спречат оваа номинација, додека повторно ги преживуваа своите трауми. Иако тие на крај не успеаја да го спречат ова назначување, се подигна одредена свест кај американците за необјективноста на судскиот систем во нивната држава: очигледно во Врховниот Суд на САД поважна е политиката отколку правдата.

Не кажувам дека тоа е директен ефект на скандалот со Каванау, но после изборите кои се одржаа на 6ти Ноември за прв пат во историјата на САД ќе има повеќе од 100 жени претставнички во американскиот конгрес, од кои повеќе се изјаснуваат како феминстки и социјалистки. Не кажувам дека борбата е завршена. Далеку од тоа. Но се надевам дека со ваков политички состав борбата за правда ќе биде барем малку понадежна.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • November 26, 2018
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram