Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...

За својот креативен процес вели:

„Уметноста, слободата и борбата за еднаквост во секоја смисла за мене одсекогаш се на иста линија. Поезијата како медиум за пренесување чувства и слики има милион различни димензии, но изразувањето бунт и нејзината ангажираност ги посочувам како најважни за тоа што јас го создавам и тоа што всушност сум. Пишувам социјална, ангажирана поезија и поезија која се занимава со просторот – внатрешен и надворешен.

Телото и градот во кој живеам се моите омилени ,,простори” – она што се случува внатре и боли, на колективно ниво ја повредува надворешноста во која живееме. Дополнително, тоа што се случува надвор влијае многу на внатрешноста, на начинот на кој се доживуваме и се третираме себеси, на можностите кои нашето тело ги има. Сакам да верувам во можностите на моето тело, сакам сите да веруваат во капацитетите и убавините на обликот кој го заземаат. Сакам да верувам во храбро истражување на себеси, во прифаќање на различното, во прифаќање на болката, во нејзино признавање. Во стоење позади самите себеси, во меѓусебна поддршка. Тука ги гледам почетоците – во спокојното поврзување на телото и просторот, на надворешното и внатрешното.“

 

Фотографија: Kimber Beck

 

Ви пренесуваме три песни од Ивана, инспирирани од темата на овогодинешното издание на фестивалот Прво па женско „Ова тело кое не е едно“.

 

 

РАНЛИВО ЈАДРО

 

Ни требаше долго да разбереме
Дека крајот на патот е во нашите глави,
Рацете засекогаш ќе ни бараат туѓ допир
и
нашата бесмртност лежи токму во таа желба.
Си ги искинавме облеките со кои личевме на луѓе,
Паднавме пред новиот свет.
Никогаш не сме биле поосамени,
а имаме уште многу пред крајот на патот стрмен и мрачен,
телата засекогаш ќе ни бараат издишка од близината
и
нашата човечност лежи токму во тоа ранливо јадро.
Ова тело не е едно!

 

 

Ова тело кое не е едно

 

 

Ова тело кое не е едно
спие на планини од страв, лузни и идеали.
Ова тело кое не е едно
за верба во своето јадро е жедно.
Ова тело кое не е едно
секогаш ќе бара начин за спас.
Ова тело кое не е едно
сепак уште се крши по десетина пати дневно.
Ова тело кое не е едно
патува низ потсмев и срам и бед.
Ова тело кое не е едно
боледува често,
бара
од него да се роди еден нов светоглед.
Ова тело кое не е едно
расте, чувствува и знае.
Ова тело кое не е едно
се бори
со сите свои можности да трае.
Не е само едно,
ова
е
важно
и
мое
тело
за љубов кон себеси жедно.

 

 

ДОПИР

 

Ова тело кое не е едно
го плукаа по боишта,
додека учевме како се сервира љубовта кон себе
сите негови димензии му ги земаа,
ги отуѓија,
ги пикнаа во домовите на луѓе кои никогаш не ги запознав
и ми рекоа дека можеби некогаш ќе се сретнеме пак.
Jaс знаев дека моето тело не е едно,
секогаш кога ќе ме допреше нечија рака што не ја сакав.

 

Фотографија: Kimber Beck
НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • August 13, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сајбер насилство: Безбедност и самоцензура
На кој начин да бидеме побезбедни во сајбер просторот? Дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура? Дали и колку треба да сме внимателни што објавуваме и испраќаме? И финално, како да бараме соодтвена системска заштита, кога упорно гледаме како институциите потфрлаат во ова поле?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дамјана Видическа
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram