Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
Hands

Читањето на збирката раскази „Невидлива жена и други раскази“ од Славенка Дракулиќ на моменти беше тегобно и не можев веднаш да преминам од еден на друг расказ. Расказите се фокусираат на стареењето и на состојбите кои доаѓаат со него: начинот на кој го перципираме своето остарено тело, свесноста за кршливоста на коските, стравот кога помнењето почнува да се губи. Едноставно кажано, чувствував блага одбивност кон расказите на Дракулиќ. Причината за ова чувство беше сознанието дека – да, освен во случај на апокалиптично сценарио –  сите нè чека такво тешко стареење.

Веројатно долго немаше да помислам на расказите од Дракулиќ да не беше Иво Андриќ.  Додека го читав неговиот расказ „Жената на каменот“, се потсетив на расказот „Невидлива жена“ од Дракулиќ. Она што ги поврзува овие два раскази е темата, односно како една жена го доживува сопственото стареење.

Главниот лик во расказот на Дракулиќ е неименуван. Станува збор за жена во шеесетите години. Целиот расказ „Невидлива жена“ претставува монолог на главниот лик, за на крајот да сфатиме дека жената всушност разговара со својот психолог. Таа зборува за она што ја измачува: сознанието дека старее. Во „Жена на каменот“, пак, главен лик е оперската пејачка Марта, која има педесетина години. Во расказот се опишува еден августовски ден во кој Марта е дојдена на плажа. Додека се сонча, таа се бори со своите мисли и со новопојавените чувства кон своето тело. Промените на телото, лицето и кожата таа ги доживува како некаков пораз. Кај неа се јавува и завист кон младите девојки на плажата на кои им припишува еден вид безгрижност бидејќи смета дека не се преокупирани со сопствените тела.

Теоретичарката Грос инсистира дека телото е поспецифично отколку што мислиме: „Телото е ‘нешто’ мошне особено, зашто никогаш не може докрај да се сведе само на предмет; ниту пак некогаш може да успее да се крене над статусот на предмет. Така, тоа е и предмет и непредмет, (…) објект што е во состојба да се сфати себеси и другите како субјекти, единствен вид објект што не може да се сведе на други објекти“ (Грос 2003: 11-12). Грос зборува за поединечната претстава за телото која ја има секоја индивидуа. За таквата претстава за телото читаме во двата раскази.

 

Тело кое изневерува

Она што е клучно за двата раскази е односот на главниот лик кон сопственото тело. Жената на каменот и невидливата жена се слични бидејќи и двете чувствуваат зазор кон своето тело кое не изгледа како што изгледало. Дали е ова универзално женско искуство? Секако дека стареењето како природен процес го доживуваат и мажите, но кај жените бремето на надворешни општествени притисоци е значително поголемо. Жените се оние од кои се очекува да го одложат своето стареењето и чие стареење „треба“ да биде грациозно (што и да подразбира тоа). Овие насоки упатуваат дека има правилен и неправилен или непожелен начин да се старее, што кај жените обично води кон негативна перцепција за сопственото тело.

Сепак, двете жени во расказите стареењето го доживуваат на различен начин. За жената од „Жената на каменот“ стареењето добива една фаталистичка димензија и претставува извесна дегенерација. Во расказот на Андриќ телото станува „проклето“ бидејќи „се одметнало и ѝ станало непријател“ (Андрић 1981: 216). Главниот лик за телото кое старее смета дека „само од себе однатре се валка“ и продолжува: „А ако, со краен напор, на човекот кој старее му појде од рака да се одржи уреден и чист, тоа е стерилизираната чистота на аптеките, а не чистотата на цветот“ (Андрић 1981: 217). Наспроти тоа, жената во расказот „Невидлива жена“ очајува поради својата положба, но од еден поинаков аспект: „Веќе никој не ме допира, освен рацете на лекарот, на фризерката, на забарот, но тоа не се нежни допири, сите тие само поправаат нешто“ (Дракулиќ 2019: 17).

 

Да се биде (видена) или не

Покрај заедничката тема, друга сличност е што и двата раскази ја третираат состојбата на „бидувањето видена“. Во двата раскази, погледот е клучен за различните механизми со кои двата женски ликови се справуваат со фактот дека нивното лице и тело се менува. Може да се каже дека за овие жени сопствениот поглед кој го забележува и оценува одразот во огледалото, е подеднакво важен колку и она што ни го кажуваат погледите на другите.

Марта од расказот на Андриќ не сака да биде видена. Таа оди чекор понатаму посакувајќи да исчезне: „да се тргне настрана од светот и од ова дневно светло. Но за повлекување е доцна, тоа само би го зголемило срамот и ужасот. Останува само исчезнувањето“ (Андрић 1981: 221) Во контемплирањето, таа е решителна и непоколеблива; таа бара некаков излез и смета дека го наоѓа во (авто)деструкцијата: „Да, не останува ништо друго освен да се исчене, да се согори, да се спали ова тело кое така подло ја изневери (…) Да се согори потполно, апсолутно, до дно, со свемоќен, чист, чесен, неотповиклив оган. Да се согори без остаток, да се изгуби во општиот пожар на световите како оган во оган“ (Андрић 1981: 222) Нејзината логика е следнава: ако повеќе не можам да живеам со/во моето претходно тело, тогаш подобро воопшто да не живеам.

Од друга страна, расказот „Невидлива жена“ почнува со вознемиреноста на жената откако таа нема да се препознае себеси во огледалото: „Всушност, се преплашив од тоа лице. (…) Како во огледалото да ја здогледав својата постара сестра, која е мртва веќе добри десет години. Бевме доста слични. Па, сигурно не можев да ја гледам својата мртва сестра! (…) И тогаш ми светна дека тоа сум јас, онаква каква што ме гледаат другите.“ (Дракулиќ 2019: 9-10) Таа, лично, не е толку засегната од промените кај себе колку што е засегната од тоа како другите (не) ја перципираат. Оттаму доаѓа нејзиното доминантно чувство на невидливост. За неа стареењето добива значење на недостиг и недоволност. Кога таа вели дека чувствува како бледнее всушност кажува дека се чувствува неважна за околината. Оддеднаш, таа е жена што може да се занемари. „Ми се чини дека откривам нова димензија на постоењето. Истовремено постојам и не постојам затоа што сè повеќе…избледнувам.“ (Дракулиќ 2019: 12) Таа копнее да биде видена и забележана, и во извесна смисла протестира против она што околината ѝ го кажува – дека повеќе не е достојна за (ничие) внимание. Оттаму, невидливата жена на Дракулиќ има многу поздрава реакција кон стареењето и кон своето тело отколку жената во расказот на Андриќ. Неименуваната невидлива жена не чувствува потреба да се крие. За разлика од Марта, која сака да исчезне, оваа жена се опира на исчезнувањето.

Сепак, самопотврдата на невидливата жена на Дракулиќ пред сè зависи од потврдата на другите. За мене единствениот проблематичен сегмент од расказот е следниов: „Таа средба со самата себеси, како што ме гледаат другите, ме вознемири и поради една друга причина. Ме потсети на нешто друго што не го гледам веќе долго време. На погледот на мажот. Но не, не на некој определен маж!“ (Дракулиќ 2019: 11) Ликот на жената е, сепак, сместен во еден патријархален контекст во кој погледот на мажот не е само пожелен, туку од него се бара и одобрување. Ова нè води до концептот на машкиот поглед (the male gaze) кој, во есејот „Визуелно задоволство и наративно кино“ (1989), го критикува филмската критичарка и феминистка Лора Молви. Иако есејот на Молви се однесува на филмската уметност, нејзината критика може лесно да се примени во многу контексти. Молви вели дека оној кој е активен и кој чувствува задоволство од чинот на гледањето е мажот (машките ликови во филмот и мажите во публиката кои го гледаат филмот), а жената добива пасивна, „традиционално егзибиционистичка улога“ (Mulvey 1989: 19) односно таа е онаа што може да биде гледана и прикажувана. Опсесијата со постепеното исчезнување на ликот на невидливата жена е делумно предизвикана од тоа што таа ја има интернализирано патријархалната матрица. За неа машкиот поглед има позитивно значење (на одобрување, валоризација и сл.), а во одреден степен истото се забележува и кај ликот на Марта.

Од двата раскази, оној на Андриќ е позаокружен бидејќи во него читаме едно разрешување на комплексната претстава за сопственото тело. По подолга интроспекција, жената во „Жената на каменот“ доживува едно разбистрување и почнува да се движи слободно, необремената од изгледот на телото и лицето. Ова го истакнувам бидејќи слободното движење е предуслов за храброста да заземеме повеќе простор – при што мислам и на буквален физички простор и на простор во фигуративна смисла. Расказот „Невидлива жена“, пак, е значаен бидејќи во него интроспекцијата е всушност мотив да се посети психолог/психотерапевт. Интроспекцијата на овој лик води кон дејствување и добива своја артикулација односно се отвора темата за комплексната релација на женскиот субјект и телото.

Интересно е што и расказот на Андриќ и расказот на Дракулиќ се движат во иста насока и покрај временската дистанца помеѓу нивното настанување или пишување. Ова додатно ни говори за актуелноста на темата. Стареењето и видливите промени на телото и лицето треба да претставуваат потсетник за флуидноста и променливоста на субјектот, дури и кога станува збор за промени кои се чинат надвор од наша контрола и кои го подриваат чувството на стабилност. Желбата да се побегне од погледот, како и копнежот по погледот, за кои читаме во расказите, се едно квазирешение на еден квазипроблем. Општеството толку будно бдее врз телата на жените, што секое одбивање да се учествува во критикувањето на телата што општеството го диригира, е чин на отпор. Едноставно е: жените не се восочни фигури.

 

 

Користена литература:

Андрић И. (1981) „Жена на камену“ во Јелена, жена које нема. Београд: Просвета, 203-225.

Грос Е. (2003) Недофатни тела (за телесниот феминизам). Скопје: Македонска книга.

Дракулиќ С. (2019) „Невидлива жена“ во Невидлива жена и други раскази. Скопје: Антолог, 9-18.

Mulvey L. (1989) “Visual Pleasure and Narrative Cinema” во Visual and Other Pleasures. Houndmills, Basingstoke, Hampshire: Palgrave, 14-26.

НАПИШАНО ОД:
  • Радица Стојановска
  • January 24, 2023
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Лила Милиќ
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram