Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Steam Room: Вечерва ќе оствариме многу желби
Како дел од Скопскиот викенд на гордоста, вечерва ќе го проследиме настапот dragON forever, третиот дел од трилогијата dragON.

Фотографија: Соња Ставрова

 

 

STEAM ROOM (Македонија, Бугарија, Шпанија, Шведска) е уметнички тим што твори во областа на кореографијата и танцот. Основачи се Александар Георгиев-Аце, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас, тројца кореографи/танчари активни на локалната и на меѓународната сцена. STEAM ROOM е оформен во 2018 година. Имаат создадено две уметнички дела (dragON aka PONY и dragON aka PHOENIX во рамките на кореографираната трилогија dragON) и се иницијатори на културни програми посветени на дискурзивни и критички практики, дијалог меѓу уметник-уметност-публика, истражување, уметнички резиденции и нови уметници во рамките на проектната институција Imaginative Choreographic Center (ICC).

Како дел од Скопскиот викенд на гордоста, ќе ја имаме радоста да го проследиме настапот dragON forever, третиот и последен дел од нивната авторска кореографската трилогија dragON. Трилогијата ги истражува практиките на дрегот од танцова и кореографска перспектива со цел да се постави следното прашање: На кој начин можат танцот и кореографијата да бидат дрег?

Вечерва, во 21 часот, во дворот на Музејот на современета уметност Скопје, ќе проследиме како тоа прашање се преведува во танц. Како соодветна подготовка за настанот, поразговарав со тимот за предизвиците и предностите на номадскиот начин на работење, важноста на колективното авторство и замислувањето алтернативни модели на институционализација. Ќе прочитате што претставува за нив поп-културата и кои техники ги позајмуваат во кореографирањето.

 

Фотографија: Соња Ставрова
ДЛ: Да тргнеме од самиот почеток. Работите и творите во рамки на уметничкиот колектив Steam Room веќе пет години. Како започна вашата приказна? Која е заедничката визија или сон што ве одржува во ова партнерство? 

АЃ: Пред пет години, во 2018 година, дојдовме во ситуација во која почнавме да зборуваме за алтернативни структури за поддршка. Во исто време, со Жана и уште неколку луѓе кои потоа ја напуштија групата, ја разработувавме идејата за колективно авторство. Во моментот кога останатите си заминаа, Дарио ни се приклучи во уметничкиот тим. Заедно почнавме да истражуваме најразлични формати на колективно авторство што се разликуваат од редовните колективни структури. Значи, уште пред Steam Room, работевме на уметнички дела кои гледаат на колективната сопственост низ концептуалната линија на набљудување на протестното тело (protest body) како празнувано тело (celebratory body) и обратно. Најпрво работевме со бурлескното тело и бурлеската како формат, потоа работевме со луѓе со различни способности, за најпосле да стигнеме до dragON трилогијата. Во тој момент официјално го формиравме Steam Room и започнавме да го набљудуваме дрег телото како празнувано и протестно тело.

 

ДЛ: Често осцилирате помеѓу неколку локалитети – од Скопје, Софија и Бургас, па сè до Стокхолм и Тенерифе. Се чини дека ваквата флексибилност и еластичност претставуваат клучен дел од вашиот колективен, но и засебен идентитет. Како овој номадски пристап влијае на вашата работа и релација? На кој начин ве предизвикува и ослободува?

ДБ: Сметам дека номадскиот начин на функционирање дефинитивно ни влијае. Тоа што истовремено работиме на неколку фронтови воведува мноштво од контексти и дискурси за тоа како размислуваме и како му приоѓаме на одреден начин на размислување карактеристичен за одредена територија. Исто така, оваа разноликост е своевидна паралела на колективното авторство, како да слушаш различни гласови во исто време. Но, од друга страна претставува предизвик бидејќи имам чувство дека сме тешки за следење во очите на јавноста или во очите на институциите. Значи, навистина треба да имаме стратегија за тоа како да се поставиме во секој контекст за да продолжиме да бидеме видливи и да не се претвориме во некаква сенишна ништожност.

ЖП: Предизвикот лежи во тоа како да се одржи оваа структура во живот бидејќи не сме постојано на едно исто место. Нашата работа е придвижена од нашите патувања, релоцирања, од тоа дали ќе бидеме прифатени на некоја уметничка резиденција или не, од тоа каде следно ќе настапиме. Значи, тоа е нешто што постојано ја менува динамиката помеѓу нас и ја обликува нашата релација.

АЃ: Уште еден предизвик е тоа што сме принудени да ја институционализираме нашата колективна работа или процес на работа затоа што за секој можен чекор понатаму (средба или спонтано доаѓање до нешто) потребна ни е финансиска структура која ќе нѐ поддржи и донесе на едно место. Така што степенот на спонтаност треба всушност финансиски да се оркестрира и навреме да се размисли. Во спротивно, сè треба да се хиперструктуира, па оттаму и институционализира со поддршка, бирократија, следни чекори, аранжмани и така натаму. Потоа, кога работите суптилно се поврзувате во вашата глава со одредени сцени, локални сцени, имагинативни сцени. Тројцата имаме многу различни очекувања во таа смисла, што понекогаш исто така може да биде предизвик.

ДЛ: Она што лично ме воодушевува кај вас како уметници е тоа колку сте активни настрана од сцената/танцовиот подиум во однос на предизвикување на традиционалните институционални модели на културна продукција, особено во сферата на кореографијата и танцот. Вo 2020, го отпочнавте Имагинативниот кореографски центар (Imaginative Choreographic Center – ICC). Може ли накратко да ја објасните идејата зад оваа проектна институција?

АЃ: ICC како уметнички проект започна во 2020 година откако добивме средства. Развиваме и разговараме за модели кои потранспарентно ќе лобираат за денационализација на уметничките практики и ненационални репрезентативни модели на културна продукција во уметноста, кореографијата и танцот; понатаму, дискурзивни модели или модели на колективно учење, доживување, создавање и функционирање што ги замислуваме и сонуваме, а кои се разликуваат од класично предавање, семинар, работилница, размена, продукција, копродукција; поинакви модели и структури кои не можат толку јасно да се дефинираат, но со кои денешните уметници можат да се поистоветат и кои ги адресираат актуелните услови во кои се наоѓаат уметниците поради недостатокот на институционална поддршка. Затоа бараме други модели кои можат да ја поддржат оваа идеја за стабилност, долговечност и структура. Да не мора постојано да трчате спринт, туку да џогирате, да земате здив од време на време, а притоа да продолжите да имате поддршка и континуитет.

 

Фотографија: Соња Ставрова

 

ДЛ: Ајде да позборуваме за вашиот тековен проект – уметничката трилогија dragON. Минатите две години во рамки на Викендот на гордоста имавме прилика да ги проследиме првите два дела, dragON aka pony и dragON aka Phoenix. Годинава, се враќате со dragON forever. DragON трилогијата си поигрува со и околу поп-културата. Имајќи го предвид комплицираниот однос на уметничкиот свет со поп-културата – целата дискусија околу тоа која уметност има висока/ниска вредност и разликата помеѓу уметност и забава (entertainment), ме интересира што за вас претставува поп-културата и каков е вашиот пристап во dragON?

ДБ: Тројцата ја делиме желбата да работиме со танц и кореографија што се на некој начин подостапни од кореографијата и танцот поврзани со концептуалната уметност по дефиниција. Така, би рекол дека барем мојата лична врска со поп-културата е поврзана со пристапноста (accessibility), односно како поп материјалите речиси и да го бришат растојанието меѓу нас и публиката. Се создава една непосредна врска, непосредна емпатија, непосреден дијалог; брза трансакција на информации, чувства и искуства. Вака јас го доживувам популарното. Се разбира, тука се и дилемите дали тоа што го правиме има некаква смисла, дали е вистинско или паметно? Дали има доволно теоретска основа или воопшто нема? Не знам. Отсекогаш било присутно прашањето дали сте брилијантни или патетични.

АЃ: Мојата перцепција е дека бевме многу свесни околу поп-културата од самиот почеток затоа што зборувавме за врската помеѓу дрегот и кореографијата и што би се случило ако во иднина направат бебе заедно или се развиваат еден по крај друг, па дрег културата беше голем дел од таа основа. Но, исто така, она што го вели Дарио, сакавме да танцуваме во формати кои некако, како што спомна, се „забранети“ во уметничката сфера. Не се бира лесен материјал, воопшто не се цели кон леснотија, кон лесно читање и пристапност во смисла на концептите со кои работите. За некои овој пристап се граничи со елитизам, други го нарекуваат еманципираност, зависи. Ние сакавме да го снема тој јаз, поаѓајќи од место на „навистина сакам да танцувам на начин што е поедноставено достапен и да уживам во едноставноста и леснотијата“. Ми се допаѓа зависноста која се создава со публиката, односно кинетичката емпатија. Така дојдовме до техниките на фолклорните танци кои ја следат токму таа линија на размислување за тоа како да создадеш ритми што ќе бидат достапни за поширока публика. Веднаш можеш да го фатиш ритамот, толку е поедноставен. Три чекори напред, два чекори назад, три чекори напред, два… Овој тип на леснотија што се шири од едно на друго тело се користи и во поп-културата како кинетичка емпатија преку движења кои се едноставни и лесни за паметење, создаваат чувство на задоволство кога се вклучени во танц на специфична ритмолошка и музиколошка температура и функционираат комотивирачки. Тоа е она што го мислам кога велам реципрочна мотивација. Нас нè мотивира тоа што сме набљудувани; ние го правиме тоа за да ја мотивираме публиката и така во круг. На овој начин функционира и поп-културата.

Нè интересираат модели што пројавуваат чувство за лесен материјал или лесни предлози за кои на човек не му е потребно претходно знаење или позадина, туку може да избере колку и дали ќе „копа“ подлабоко или не. Модели што креираат искуство за речиси секаков слој на очекувања за секој да може да ги проследи без некакво предзнаење. На пример, моето семејство не знае ништо за дрег културата, но можат целосно да се навлечат на кореографскиот предлог бидејќи е лесно достапен за нив и нивните очекувања се пресретнати. Од друга страна, нашите пријатели кои се теоретичари или филозофи се крајно навлечени баш на тој вознемирувачки спој на привидна едноставност и стабилна концептуална основа. Сакам да размислувам за поп како еден вид отварање или излегување (popping out). Популарност во смисла на ширење и заземање простор меѓу луѓето речиси на ист начин како што народните песни се пренесуваат и репродуцираат низ генерациите.

ЖП: Да, ми се допаѓа тоа што публиката може лесно да се поврзе со материјалот и со нас. Флертуваме и остваруваме директна комуникација, ја дозволуваме и создаваме атмосфера со која ги покануваме да ни се придружат. Им даваме до знаење дека ова е безбеден простор и дека можеме да оствариме близина иако не се познаваме.

ДЛ: Токму тоа е она што го доживувам секојпат кога присуствувам на ваш настап. Можам истовремено да ја почувствувам леснотијата и електрицитетот што ги создавате. Се чувствувам како некој да флертува со мене и станувам дел од тој перформанс.

АЃ: Да, флертување во буквална, но и метафоричка смисла. Користиме перформативен модел кој го нарекуваме модел на флертувачка или кокетна перформативност (flirting model performativity). Дел од него вклучува вистинско физичко флертување, но и перформативно флертување со кое како изведувач можете да поттикнете вклученост од двете страни и да симулирате реципрочна мотивација. Кокетирате, наместо да удоволувате, што претставува многу поинаков перформативен пристап. Оваа техника на флертување е силен модел на поп-сатисфакција. Поп-културата ве навлекува и ве тера да барате уште.

ДБ: Баш така, и ова флертување се движи во повеќе правци. Флертувањето постои меѓу нас тројцата, се шири во публиката, а го има и кај самите нас. Во исто време, флертувам со себеси.

ДЛ: Навистина! Истовремено тоа кокетирање наместо угодување дозволува да ја изненадите публиката. 
Пред малку ја спомнавме дрег културата која е клучна за dragON. За крај, што можеме да очекуваме во тој поглед вечерва со dragON forever?

ДБ: Ако во dragON aka pony ги позајмивме принципите на балската култура, а во Phoenix практиката на навредување (reading), во dragON forever го истражуваме, а пред сѐ си играме со липсинкањето (lip-synching) и како тоа би можело да се примени во танцот. Како можеме да липсинкаме танц? Како би изгледала една липсинк кореографија или како кореографијата може да биде своевидно липсинкање? Овие размисли ги преведуваме во танц и добиваме dance-synching. Знам дека ова може да звучи патетично, но така е. Вечерва спремете се за величественост и грандиозност од епски размери. Епски танц, епска музика, епски песни. Стануваме пејачи. Стануваме фигури на вечноста. Стануваме икони, извонредни кореографи, познати преку 100 години. Стануваме многу работи.

АЃ: Не само ние, туку и самиот момент станува епски. Заедно со публиката и целата сцена. Ќе чекориме по модна писта за да ја достигнеме вечноста.

ЖП: Вечерното мото гласи: „Жал ни е што немаме време да ги задоволиме сите ваши желби“. Така што ќе има многу желби.

ДБ: Ќе биде ноќ на остварени желби.

АЃ: Ќе оствариме многу желби, но имајте на ум дека не сите желби ќе бидат задоволени.

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • June 9, 2023
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Карол Раѓишевски: Квир архивите ги менуваат колективните наративи
Со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“, на полскиот уметник Карол Раѓишевски, вечерва ќе се отвори единаесетото издание на Скопскиот викенд на гордоста – Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Абјектноста на културата на забава
Чинот на веселење и славење на нашата видливост засекогаш ќе биде абјектен во очите на оние што нè презираат, не нè разбираат и се плашат од нас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 18 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram