Израелската окупација користи меѓународно забранети проектили, проектили кои согоруваат тела и целосно ги уништуваат. Во Газа дури и телата се топат, избришани од постоење. Стоп за масовното етничко чистење на Палестинците. Стоп за геноцидот.
Според Министерството за здравство во Газа, децата сочинуваат 40% од загинатите откако Израел почна да ја бомбардира енклавата. Во Газа живеат преку 50.000 бремени лица – 5.000 од нив треба се очекува да се породат во текот на месецов. Ниту едно дете не смее да се роди сред геноцид.
Ослободувањето на Палестина е феминистичко прашање, прашање на репродуктивни права, прашање на домородни права, прашање на климатска правда, квир прашање, прашање на борбата против ропството.
Последниве 18 дена, следиме како геноцидот се одвива пред нашите очи:
12.000 тони експлозив фрлен врз Газа
Од 2,2 милиони Палестинци во Газа, 1,4 милиони сега се раселени
Над 6.500 убиени од кои 2.360 се деца
16.297 повредени, над половина од нив се деца
68 убиени лица на медицински персонал
23 убиени новинари
61 убиен учител
35 убиени членови на ОН
42% од домовите се бомбардирани
56% болници
206 училишта
644 семејства ги изгубиле членовите на своите семејства
50 цели фамилии и нивното поколение се убиени
23 октомври 704 убиени Палестинци
5.500 Палестинци во затвор во окупирана Палестина, вкупно 10.500 без вода и струја во затворите
Забранет проток на вода, храна, гориво, хуманитарна помош.
Луѓето сега умираат од жед.
Стоп за војната.
Крај на апартхејдот.
Дефинансирање на воената окупација.
Слободна Палестина.
Извор: The Slow Factory