Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Студентките не се виновни
Сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.

Деновиве имав фин повод да ги поканам колешките од факултет да наздравиме и да си спомнеме за доживеалиците од, не баш дамнешните, студентски години. Со истата непријатност, под привидната леснотијата на говорот, но за прв пат под малку поинаква светлина некои студентски искуства излегоа од категориите „јавни тајни“, урбани митови, приказни ширени од уста на уста низ ходниците на факултетите – сега беа признати, докажани и повлекоа системски последици. И додека пријателката која ми ја пренесе информацијата за пресудата на тројцата професори од Економскиот факултет во Скопје ја исчекуваше мојата реакција, знаејќи дека се работи за мои поранешни професори, мојот прв одговор, за чудо, беше далеку од интензивен. Всушност, го почувствував она фино задоволство како кога нештата се движат според очекуваните шаблони – зарем е правдата ова чувство на нормалност?!

Овогодинешниот oсмомартовски марш започна со марш на студент(к)ите под слоганот „Студентките не се виновни“. Ова е исклучително значаен настан, бидејќи, за првпат, студентките, кои се посебна подгрупа на жени жртви на родовобазирано насилство и дискриминација – беа во фокусот на студентските движења и, воопшто, за нив се проговори отворено во јавноста. Потенцирајќи дека се работи за системски проблем тие побараа проблематизирање на начинот на кој се користат авторитетот и моќта во рамките на академската заедница. Сериозноста и итноста за уважувањето на овој проблем е засилена со објавувањето на пресудата изречена на професорите Бобан Шуклев, Драге Јанев и Славе Ристески и демонстраторот Драган Денковски. Тие се товарат за сторените кривични дела поткуп и примање награда за противзаконско влијание – но, сепак, НЕ и за сексуално вознемирување.

Секако дека се работи за колоритни ликови, а тројцата професори заедно се урнебесен тим. Ова се професори за чии бизнис-модели не се шпекулира од неодамна туку меѓугенерациски се споделува со години. Притоа, тука се истакнува една од клучните карактеристики на сите професори-предатори секаде: повторливоста и истрајноста на нивните техники, увежбани до најситни подробности. Непроменети се со времето бидејќи надворешните фактори никогаш не се промениле за да мораат да се прилагодат – секогаш сѐ совршено функционирало во нивна корист.

 

 

Паѓањето во нечија немилост или преголема наклонетост, во нечии канџи или очи, за студент(к)ите е навистина прашање на среќа. Многумина ја немаат таа среќа, со различен степен на интензитет. Но, без разлика на директноста на ударот, сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.
Но, не се сите проблематични инциденти толку јасни за идентификување. Шовинистичките коментари на предавања, отвореното барање мито, директните сексуални дофрлувања и предлози се релативно лесно препознатливи. Некои инциденти се прикриени, тактизирачки, манипулативни, навидум софистицирани, иако – кога ќе се распараат – се покажува сета нивна баналност и тажна гротескност. Нив студентот/ката често веднаш ги препознава. Некогаш не. Некогаш лесно ќе премине преку нив и ќе им се наврати неколку години подоцна, од својата нова позиција на поголемо знаење, искуство, еманципираност, и дури тогаш ќе може без напор да ја види заднината на ситуацијата. Последново носи специфична горчина. Сите носат одредена доза на срам, вина, себеобвинување, неуспех.

Ова не се маргинални искуства. Сепак, најчесто се просто дел од вообичаениот тек на нештата во кој студент(к)ите се вовлечени, нешто што отсекогаш постоело. Присуството и справувањето со замките е прифатено како непожелен но неизбежен дел од студентскиот живот.

Важно е дека нештата не се секогаш еднакво јасни: она што некому му изгледа болно очигледно, млади луѓе со разбирливо недоволно социјално, општествено и емотивно знаење и искуство неретко го промислуваат со несигурност, особено ако доаѓа од личност која ја сметаат за авторитет. Па дури и намерниот избор да се биде пасивен често не е резултат на отсуство на внатрешен отпор и вознемиреност, туку можеби се јавува проблем во толкувањето и разбирањето на ситуациите и состојбите и во изнаоѓањето начин за нивна артикулација.

Студент(к)ите се често дезориентирани во системот, чувстуваат дека не ги разбираат правилата бидејќи тие се во постојана промена, субјективни се, претставуваат нешто што треба да биде насетено или одиграно. Некогаш е лесно да се помеша што е почит а што понизност; што е пријателско и љубезно а што инвазивно; што е желба за помош и подучување а што психолошка манипулација и демнење – особено во олку комплексни релации на моќ.

 

 

Клучната тешкотија во одлуката на студентот/ката да реагира во рамки на одредена сомнителна или заканувачка комуникација е што зборовите, гестикулациите и постапките на професорот (обрнувам внимание дека намерно не користам други зборови како насилник, соговорник и сл.) се обвиени со толку густ плашт на амбивалентност – што ја парализира секоја одлука. Најчесто обидите за сексуално подведување на студент(к)и се од тој тип – совршено амбивалентни при што секоја реакција на студентот/ката делува погрешна, а на професорот од секоја незгодна ситуација му овозможува излез. Колку и да е атмосферата исполнета со ужас, колку и да е огромна контрадикторноста на изустените зборови со тонот, погледот, гестикулациите, колку и да е голема физичката и психолошката закана и траумата што ја следи – свиоците во кои професорите се извиваат за да избегнат давање цврсти докази можат да бидат проследени со генијална иновативност.

Во недостиг на „доволно убедливи“ докази и во рамки на култура која го девалвира значењето на секој нивен збор, и уште бесрамно ги осудува и им наметнува вина, студент(к)ите не се охрабруваат да побараат заштита. Воопшто не е јасно што е „доволно убедливо“ за околината за студенти(к)ите да добијат експлицитна заштита. Да повторам: четворицата образовни работници НЕ се товарат за сексуално вознемирување. Зошто на овие „генијални бизнис-луѓе“ не им се оддаде соодветно признание за широката диверзифицираност на услугите кои ги нудат? Во меѓувреме, во насловите во медиумските известувања за процесот црвено трепка зборот СЕКС истакнувајќи го само вознемирувачкиот сензационализам во нашето општество кој обвива провалија во која пропаѓаат сите напори за суштинска промена.

Девијантните релации кои го оптоваруваат студентскиот живот не се секогаш игри на ловец и плен. Некогаш студент(к)ите се заплеткани во конфузни натпревари и конкурентност; некогаш несвесно стапнуваат врз нечија академска суета. Релацијата учител-ученик е исклучително снажна и значајна. Енергијата која се создава и разменува во неа е неспоредлива со кое било друго искуство. Кај професорите на кои им се воодушевуваат и ги почитуваат, студентите доаѓаат со жар, возбудено барајќи предизвици. Се воспоставува важна емотивна врска и чувство на сојузништво. Затоа е разочарувањето огромно кога таа илузија ќе се раскрши.

Делува апсурдно кога професорот/ката кој/а со часови разговарал/а со студент(к)ите за функционирањето на односите на моќ, со зачудувачка лежерност ќе почне да врши притисок врз сопствените студент(к)и; кога професорот/ката кој/а поттикнувал/а на еманципација ќе почне насилно да настојува да преземе контрола врз автентични студентски иницијативи; кога на професорот/ката кој/а подучувал/а на критичко размислување наеднаш му/ѝ е повредена суетата од несогласувањето на студент(к)ите.

Студент(к)ите постојано комуницираат, не само преку маршот по повод 8 Март, туку и преку бројни други иницијативи од различна природа, забрзано оснажувајќи се и пронаоѓајќи својот глас. Таа снага ја наоѓаат во своето заедништво.

Пресудата на случајот „Еразмус“ ќе ја толкувам како едно пристојно навестување дека и системот ќе се обиде да ги следи. Да се надеваме дека од следната тура обвинети ќе ја побара одговорноста пред тие да се пензионираат оставајќи зад себе генерации оштетени млади луѓе.
И да бараме и да се избориме за целосно понесување одговорност во академската заедница, адекватен третман на сексуалното насилство и негово искоренување, без евентуални олеснителни околности.

 

 

 

Извор: Окно 

НАПИШАНО ОД:
  • Фросина Крушкаровска
  • March 10, 2020
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.
  • Од Румена Бужаровска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram