Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?

Не е незабележителна промената која се случува во филмската индустрија во однос на застапеноста на жените во доминантниот наратив. Тоа се гледа и во честото беснеење на интернет, особено во гиковската субкултура, за примери како: зошто направиле женски „Ghost busters“ и им ги уништиле спомените од детството, како може Бри Ларсон (Капетанката Марвел) да не ја интрересира мислењето на белите мажи, зошто Тилда Свинтон му ја зела улогата на ликот кој требало да е азиски маж во Др Стрејнџ, што е целта на сликата на која се сите женски ликови од Endgame или што им текна сега женско да е главен лик во Стар Ворс. Но интересно е дека и покрај овие „аутрејџи“ сепак ќе има филм за Црната Вдовица, иако најчестото прашање кои и го поставуваат на Скарлет Јохансон е дали носи долен веш под суперхеројското одело.

Според мое мислење овие поместувања кон нормализирање на женското присуство во филмовите, треба да се одигруваат со поинаков пристап. Не може одеднаш омилените стрип јунаци да се сменат со женска верзија од истите, како што се планира со женскиот Ајронмен, женската верзија на Тор, како и веќе започнатата серија за Бетженската. Овој начин е совршен за побудување бес и незадоволство зашто делува насилно и наметнато, а многу погоден да ги стави жените на второ место. Кога се работи за физичка спремност, агресија и борба, Супер девојката (Supergirl) никогаш нема да се перцепира на исто рамниште со Супермажот (Superman).

За да имаме реален напредок во подобрување на перцепцијата за важноста на жените во општеството и потребата за еднаквост, повеќе од јасно е дека ова не е рингот во кој треба да влегуваме. Но треба повеќе да работиме на женски јунаци, кои ќе станат икони сами по себе и ќе се воздигнуваат поради особини и вредности кои не се типично машки.

Исто така вметнување на реплики надвор од контекст, кои треба да ги омоќат жените како на пример во „Капетанката Марвел“ или „Темниот Феникс“, знаат да бидат по малку досадни и неадекватно самосвесни и според мене, не прават некое релевантно поместување освен непотребен бес поради нивната плиткост. Делуваат како ефтина експозиција која обично се случува во некои филмови за да те запознаат со дејството или позадината на некој лик преку разговор помеѓу двајца ликови, наменет токму за тебе. И тоа искрено ме нервира зашто е прилично потценувачко кон гледачот. Доволно е што постои тој филм со женски лик, кој е најјак од сите друи херои во тој универзум, нема потреба да се нагласува колку е тоа јако за жените.

Покрај овие вбризгувања на женска моќ во типично машките наративи, до некаде се чувствува и мало поместување во статистиките на филмови кои го поминуваат бекдел тестот, иако сеуште недоволно значајно. Првиот филм на кој јас се сеќавам дека суштински го поминал тестот е „The Hours“, кој излезе далечната 2002 година среде еуфоријата околу „Господарот на прстените“ и втората трилогија на „Војна на ѕвездите“, кои секако дека не го поминуваат. Овие две трилогии кои ја обработуваат вечната тематика на борбата помеѓу доброто и лошото немаат место за женски ликови, освен како нечии љубовници, мајки или светици. Типични машки херојски патешествија вкоренети во патријархалната матрица на војна и хиерархија.

За жал, гледано од оваа перспектива, после поминати скоро две декади сеуште голем е отпорот да се прифати постоењето на филмови со главни женски ликови, или сосем споредни, но именувани женски ликови, кои разговараат меѓу себе за нешто друго освен тоа што им се случува на машките ликови, колку и смешно ова да звучи. Иако правилата се едноставни и филмот може да го помине тестот со само една размена на реплики помеѓу две жени, како на примеров, сепак, сеуште има доста популарни филмови кои не го поминуваат.

Имав надеж кога се појави „Играта на Тронови“. Самиот Мартин се претставува себеси како феминист, и да, во книгите женските ликови се прилично јаки и разновидни. Но како почна серијата да добива на популарност и како што почна да го надминува изворниот материјал, стануваше сè по стереотипна и полна со клишеизирани настани, така што на самиот крај скоро сите жени станаа негативки, а најголемата негативка беше убиена од најголемиот тажен херој, зашто должноста е поважна од љубовта. Краткиот период за владеење кој им се даде на жените беше исполнет со деструкција и некомпетентност, оставен како експеримент кој покажа дека така не ќе може.

Трендот на ентертејмент индустријата е по малку застрашувачки кога ќе почне да се сфаќа себеси премногу сериозно. Ова го предизвикува таа таканаречена изнудена политичка коректност, која понекогаш умее дури да иритира, но сепак тоа е знак дека самата станува свесна за сопственото влијание.

Публиката денес не е само пасивен гледач, но соговорник, кој знае да процени, да размисли и да врати. А самата индустрија е свесна за знаењето на таа публика за нејзината моќ на персуазија и е постојано надгледувана како ја користи.

Оваа динамика бара нови начини на пристапување, особено кога се работи за политички сензитивни теми. Како што би рекол и Спајдермен: „Со голема моќ доаѓа и голема одговорност“. А кој е денес помоќен од гигантите како Марвел и Дизни кои насилно ги вметнуваат темите на политичка коректност дури и таму кај што не им е местото.
Самиот кеч е во тоа што се работи за прилично едноставни приказни, лесно сварливи и најчесто го таргетираат детето во нас. Но токму тоа е и нивната силна и нивната слаба страна. Кога во едноставна приказна ќе внесеш комплексни теми, како што е родовата еднаквост, резултатот е една доста несмасна карикатура.

Сепак во филмската индустрија работите не можат брзо да се поместуваат. Тие се хранат од сите веќе научени шаблони и наративи. Луѓето се многу повеќе мотивирани да гледаат нешто што им е веќе познато, отколку нешто за што ништо не знаат. Токму поради тоа и Дизни ги репризира истите стари приказни со мали “поправки“ за да изгледаат политички покоректни, што всушност многу повеќе паѓа во очи:

Нивната логика оди нешто вака: Ќе го повториме Аладин, ама овој пат ќе ја направиме Јасмин моќна жeнска која ќе стане султанка. Ќе го репризираме Дамбо, но овој пат слоновите ќе ги пуштиме во дивина. Ќе направиме нова Пепелашка која ќе го сретне принцот еднаш пред балот.
Ова делува толку лицемерно особено со знаењето дека арапските жени сеуште немаат никакви права, а слоновите секојдневно се убиваат во дивина поради слоновата коска. И на врв на сето тоа, целиот свет е на раб на пропаст токму поради ненаситниот консумеризам на големите индустрии.

Кога се работи за нормализирање на женското прашање во популарната култура, треба да се оди во сосем поинаква насока, што веќе и се прави во содржините наменети за најмладите. Новите цртани филмови се толку разновидни и оставаат толку многу простор за отвореност кон нови хоризонти. Се разбира, дел од нив се полни со стереотипни карактери, но за разлика од моето детство изборот за идентификација на малите девојчиња е значително поголем.

Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот? Сигурно може да живееме без женски Тор, како што немаме потреба од машка Пепелашка. Можеме да смислуваме нови приказни и ситуации и нови односи и комуникации. Можеме да правиме машки, женски, заеднички, секакви филмови.

Такво нешто е можно, сè што треба е да ја оставиме фантазијата на слобода и да прифатиме дека сите сме на крајот само луѓе.

НАПИШАНО ОД:
  • Билјана Кочоска Танеска
  • October 31, 2019
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Ивор Мицковски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram