Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.

Во рецензијата на Филип МекКен за Гардијан од 1999 година, се вели дека расказите на Клер Киган во нејзината збирка Антарктик се „вкоренети во денешниот глобален провинцијализам“ и го истражуваат, главно, „руралниот семеен живот“. Навистина, расказите од Антарктик се и раскази за провинцијализмот и за руралниот семеен живот, но уште повеќе, тоа се раскази за болката и збунетоста кои настануваат од неможноста да се помират општествените норми во рамки на кои живеат ликовите со нивните желби и емоции чие исполнување и изразување би значело да се излезе од тие општествени норми. Расказите од Антарктик се и раскази за надежта, што им овозможува на ликовите да ги пребродуваат кризите со кои се соочуваат, со што оваа збирка раскази се вклопува во проектот „Европски приказни на надеж“ на издавачката куќа „Артконект“. Клер Киган одлично ги портретира и болката и неприлагоденоста – воздржано, суптилно, имплицитно. Никогаш не ги искажува директно тешкотиите и очајот на ликовите, туку сфаќањето за нив се открива во текот на расказите. Во оваа смисла, како и во однос на темите, расказите се воедначени, што ја прави збирката кохерентна. Од друга страна, Киган експериментира со наративни техники, гледни точки, фокус, така што секој расказ има некое свое обележје. Тука не станува збор за формално експериментирање кое е само интересно како техника, туку сегашното време во едни раскази, минатото во други, третото лице во некои од расказите, првото лице на нараторката во други, се употребени за да се пренесе атмосферата што поефикасно.

Во првиот расказ, истоимениот со насловот на збирката, „Антарктик“, една мажена жена сака да испроба како е да има интимен однос со друг маж. Нејзината преголема самоувереност, од една страна, и нејзиното неискуство, од друга, ја доведуваат до една бизарна ситуација откако ќе ужива кратко време во познанството со привлечен маж за чија позадина и карактер не знае ништо. Еден поинаков вид на тензија – во овој случај тензија меѓу длабоката љубов и меѓусебната среќа што таа љубов им ја носи на Коридилија и докторот (кој во расказот останува неименуван), од една страна, и фрустрацијата поради неможноста да се искаже љубовта затоа што познанството дошло во момент кога докторот е веќе женет, од друга страна – се истражува во расказот „Љубов во високата трева“.

Расказите ја истражуваат безизлезната ситуација во која ќе се најдат ликовите. Притоа, тие ненаметливо покажуваат како ликовите не само што се ограничени од постојните општествени норми и очекувања, туку и самите си наметнуваат такво ограничување, пробувајќи да ги исполнат своите соништа без да ги прекршат прифатените норми на однесување, што – како што покажуваат расказите – е невозможно. „Љубов во високата трева“ почнува со сегашно време и ја следи утринската подготовка на Кордилија, „жена на која косата целосно ѝ побелела на четириесет години“ (26), за некој важен настан. За да откриеме кој е тој важен настан, раскажувањето потоа се префрла во минато време, десетина години претходно, на периодот на запознавање на Кордилија со докторот и развојот на нивната љубов, меѓу кои е и живописниот настан во високата трева од насловот. Додека разговараат за своите професии, си ги слушаат внимателно тонот и акцентот, Кордилија забележува дека тој „не ја спомена сопругата“ и ова е доволно, кога тој ќе ја поведе под костенот, таа да си замисли „дека седи во зеленото здолниште на некој џин“ (29). И самата Кордилија никогаш не ја спомнува сопругата, иако често посакува докторот „да ѝ затропа средноќ на вратата со тупаница, да влезе со куферот в рака, да ѝ се обрати по име и да ѝ рече: ’Дојдов да живеам со тебе, на сопствен ризик’“ (30). Заглавени меѓу нивната меѓусебна љубов и докторовата преданост на сопругата или непрекршување на општествените норми (во расказот не е сосема јасно на што точно се должи неговата одлука, можеби и на двете заедно), тие ништо не преземаат за да ја сменат ситуацијата сè додека некој друг не го направи тоа за нив. Во расказот „Во најдлабокото“, пак, дадилката е растргната меѓу својот дом во минатото за кој, кога зборува, „како да може да посегне […] и да го допре“ (40), сегашноста во која ѝ претставува задоволство да се грижи за детето, и сегашноста во која е свесна дека иако нејзината врска со момчето е посилна отколку онаа меѓу момчето и неговите родители, таа може, не по своја волја, секој момент да биде избркана од неговиот живот.

Киган успева да ја долови болката писателски вешто, не наметнувајќи им се на читателите со тоа што ќе им каже дека ликовите се несреќни, туку овозможува самите читатели да ја согледаат и почувствуваат тагата. Кога докторот во „Љубов во високата трева“ ќе ја викне Кордилија за да ја прекине нивната врска, не се искажани ниту неговата ниту нејзината болка. Само некои попатни забелешки (како тоа дека тој ја положува главата во рацете или дека таа престанува да ги слуша зборовите) се сведоци/сведоштва за недоловливоста на моменталната тага. Стравот на дадилката од расказот „Во најдлабокото“ не е видлив во настаните, но е пренесен индиректно, преку сонот во кој, таман да го фати детето, „рацете ѝ се топат, а момчето паѓа назад во мракот“ (39). Еден од најдолгите и најкомплексните раскази во збирката, „Проповедта за Џинџер Роџерс“ е раскажан од перспектива на тринаесетгодишно девојче, што овозможува тензиите и болката да се раскажат без да се толкуваат; да бидат видени, но не и сфатени од раскажувачката. Овде болката е дотолку посилна затоа што главниот лик, дрварот Плескало, кого сите во земјоделското семејство на девојчето-раскажувач, но и пошироко во селото, го сакаат, е постојано весел, насмеан, дружељубив, непосреден млад човек, чија болка не ни стигнуваме да ја видиме, а на крајот го обзема целиот расказ. Ова е уверлива приказна за едно имагинативно девојче, кое не може да ги предвиди и разбере последиците од своите дејства. Во „Луњи“ расказ за еден комплициран однос меѓу мајка и ќерка, болката е прикажана не преку самата болка, туку преку обидот за нејзино надминување: „впивам мал дел за сопствена заштита. Како вакцина. Мора да се соочиш со најлошото можно сценарио, потоа ќе бидеш способен за сè“ (70).

Антарктик на Клер Киган е збирка преполна со живописни ликови кои на различни начини се соочуваат со болка во својот живот. Лудило, убиства, психичко измачување, физичко насилство, самоубиства, бизарни навики, сложени љубовни односи се само дел од темите што се истражуваат во расказите. Можеби првиот расказ, „Антарктик“ има најмногу драматика која е најмалку мотивирана. Најуспешен, пак, за мене, е „Во најдлабокото“, каде што освен болката, се истражува и начинот на кој е невозможно таа да се одвои од искуството кое носи и убави моменти. Повремено, низ приказот на настаните и ликовите, се проткајуваат и интересни и необични метафори – „Светлината се лизна од позлатените славини, се нурна во керамичкиот мијалник, правејќи сенка“ (40); или „Водата е постудена од неостварена мечта“ (25). Некогаш ликовите се наоѓаат во беспомошна ситуација; некогаш, и покрај тоа што навидум се заглавени, се обидуваат да ги надминат болката и стравот; а некогаш некој непредвиден настан, како ненадејната појава на бубашваби во куќата, ќе ја избрише недовербата меѓу новите членови на семејството и неочекувано ќе ги зближи. Во таа смисла, оваа книга е оправдано сместена во проектот насловен „Европски приказни на надеж“ на „Артконект“, во рамки на кој се издадени уште 9 други книги од значајни европски автори.

НАПИШАНО ОД:
  • Калина Малевска
  • December 14, 2021
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА
Песна на годината: Anna Wintour од Azealia Banks
Нашата омилена вештерка е веројатно првата која најумешно го подготвува и развива рецептот за вистинската форма и пропорција на најделикатесниот микс на хаус и хип-хоп.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната фотографија
Преку својата поезија, Плат ги проширува родовите перспективи во патријахалното општество.
  • Од Љупчо Петрески
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Steam Room: Вечерва ќе оствариме многу желби
Како дел од Скопскиот викенд на гордоста, вечерва ќе го проследиме настапот dragON forever, третиот дел од трилогијата dragON.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јазикот ја пренесува родовата пристрасност во алгоритмите
Јазикот ги рефлектира и репродуцира родовите нееднаквости што постојат во општеството. Тоа важи и за компјутерските јазици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Југофеминизам: Наследство и имагинација
Дали можеме да зборуваме за постјугословенски феминистички врски или да замислиме некаква регионална иднина вкоренета во југословенското минато?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женското лице на војната и историјата
Кон романот „Војната нема женско лице“ од Светлана Алексиевич
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram