Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.

Лимитираната серија „Слугинка“ (Maid), достапна за гледање на Нетфликс, започнува така што Алекс (Маргарет Квали) бега од дома среде ноќ со нејзината мала ќерка Меди (Рајли Нева Витет). Зошто го прави тоа? Нејзиното момче Шон (Ник Робинсон) никогаш не ја удрило неа ниту пак Меди—факт што Алекс го повторува гласно пред себеси и пред другите—тој само удрил во ѕидот во нејзина близина и врескал во нејзиното лице. Кога таа ќе побара поддршка од социјалните служби, социјалната работничка Џоди (Ејми Рид) ѝ предлага засолниште за семејно насилство во кое има слободно место.

„Не сум малтретирана“, одговара Алекс, која исто така одбива да поднесе кривична пријава. „И, што да им кажам? Дека не ме удрил?“

Низ десетте епизоди, колку што има серијата, ја следиме Алекс во нејзината потрага по сигурност и стабилност за себе и својата ќерка. Како сиромашна самохрана мајка која работи ниско платена работа чистејќи куќи на богати семејства, таа се соочува со непреодна низа на препреки. Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија додека општеството продолжува да ги штити насилниците и да им отежнува на преживеаните да закрепнат и да просперираат. Серијата е инспирирана од мемоарот насловен Слугинка: напорната работа, ниската плата и волјата за преживување на една мајка, од Стефани Ленд, која на сличен начин се спасила од емоционална и физичка злоупотреба за да ги заштити своите деца.

Тоа што Алекс одбива да побара помош од засолништето за семејно насилство ги одразува нелагодноста и неспокојството со кои се соочува поради тоа што го препознала Шон како насилник, а себеси како жртва. По сообраќајната несреќа која ги остава неа и Меди во уште потешка состојба, истата социјална работничка ја потсетува Алекс за засолништето. Таа повторно се обидува да го игнорира малтретирањето на Шон („Навистина не би сакала да го земам креветот на некој што навистина бил злоставуван“, инсистира таа), пред да сфати дека засолништето е нејзината најбезбедна опција. Искуството во засолништето ќе биде пресвртница за начинот на кој таа гледа на семејното насилство и ќе ѝ помогне да сфати дека тоа не подразбира само физичка повреда. „Удирањето во ѕид со тупаница во твоја близина е емоционална насилство“, објаснува Даниеле (Ејми Кареро), една од станарките во засолништето. „Пред да те удрат, удираат блиску до тебе. И самата знаеш дека следниот пат ќе беше твоето лице“. Алекс полека сфаќа дека заплашувањето, заканите и финансиската контрола се дел од насилството кое таа го претрпела и дека тоа се алатки што Шон ќе продолжи да ги користи против неа.

На почетокот на серијата, судот привремено му дава на Шон целосно старателство врз Меди и покрај алкохолизмот и насилството, бидејќи неговиот адвокат ја прикажува Алекс како неспособен родител. Некаде кон точката на кулминација во серијата, кога се чини дека Алекс конечно ќе го сврти животот во нејзина полза—Меди оди во одлична градинка која ѝ се допаѓа, Алекс живее во убав стан кој го плаќа чистејќи и уредувајќи—Шон, пијан и збунет, упаѓа во станот на нејзините газди, мислејќи дека е нејзиниот, поради што тие ќе ја избркаат. Подоцна во серијата, кога ќе ѝ снема други опции, Алекс се враќа да живее со Шон за Меди да има каде да спие, а тој продолжува да ги контролира нејзините финансии, можноста таа да работи и нејзиниот пристап до мобилен телефон, служејќи се со манипулации и закани.

Шон и Алекс не се единствените кои се дел од циклус на злоупотреба. Алекс ја среќава Даниеле откако таа го напуштила засолништето за семејно насилство за да сфати дека се вратила со човекот кој ја задавил и се преправа дека не ја познава Алекс. Мајката на Алекс, Пола (Енди Мекдавел), која има нелекувано биполарно растројство, се бори да излезе од насилни врски со различни мажи, вклучувајќи го и нејзиниот сегашен сопруг, Бејзил, кој краде од неа, ја лаже и го контролира нејзиниот пристап до надворешниот свет.

Еден клаустрофобичен момент кога Алекс ќе се заглави во инсталацискиот простор додека чисти една куќа ќе ѝ исфрли на површина потиснато сеќавање од детството: моменти кога таа се криела во шкафот додека нејзиниот отуѓен татко Хенк (Били Бурк) ја малтретирал нејзината мајка. Обидувајќи се да се одглави од инсталацискиот простор, се присетува како Пола ја тешела и ја уверувала дека и двете ќе бидат добро. Кога ќе се соочи со Хенк, неговото негирање на насилството од минатото го отсликува она на Шон; всушност, тој го поддржува неговото насилствто со тоа што одбива да сведочи во име на Алекс и инсистира Алекс да го поддржи Шон во неговиот напор да остане трезен. Двајцата мажи ќе се поврзат преку средбите на Анонимните алкохоличари, формирајќи сојуз кој Хенк го цени повеќе од благосостојбата на неговата ќерка и внука.

Недостатокот на поддршка за сиромашни самохрани мајки ја држи Алекс заробена во еден циклус. Таа е принудена да се потпре на Шон, Хенк, Пола, па дури и на самохраниот татко Нејт (Рејмонд Аблек), кој се поставува како фино момче кое само сака да ѝ помогне на Алекс. Тој ѝ нуди поддршка во текот на серијата, превоз, на крајот дури ѝ нуди и резервен автомобил што не му треба на неговото семејство. Нејт им дозволува на неа и Меди да останат со него и неговиот син Брејди кога тие немаат каде да одат. Но кога Алекс ги отфрла неговите романтични обиди, објаснувајќи дека тие не се исто рамниште, Нејт не може да ја види реалната слика за нејзината ситуација: дека таа не е гостинка, туку зависи од него за домување, храна и основна безбедност и заштита. Претпазливоста на Алекс во односите со мажи со кои има динамика на нееднаква моќ се потврдува кога таа повторно спие со Шон по трауматична, емотивна ноќ, па Нејт ги исфрла неа и Меди, со што тие се принудени да се вратат да живеат со Шон.

Постојат мал и ограничен број на системи за социјална поддршка кои ѝ се на располагање на Алекс, и на другите жртви во оваа серија, и кои можат да ги одржат во живот. Алекс се соочува со бирократски пречки секој пат кога се обидува да побара помош—потребна ѝ е работа за да добие дозвола за дневен престој за да може да работи; ѝ треба газда(рица) кој(а) е подготвен(а) да соработува со Системот за помош на станари; мора да најде дневен престој за Меди што ќе ја прифати нејзината субвенција и документацијата која ја има. Секој мал успех е проследен со десетина дополнителни пречки, како што покажува монтажата со која серијата ги реди часовите што Алекс ги троши на средување на документација која едвај ѝ помага да преживее. Со намера да ја истакне критичната состојба во која се наоѓа Алекс, на екранот се појавува симболот на доларот со износот кој Алекс го има во моментот кој продолжува да го следи нејзиниот слаб приход и се спушта на нула додека ја чека следната плата.

Владината бирократија е уште една причина што нејзината мајка, Пола, останува заробена во циклуси на насилство со различни мажи. Откако ќе се ослободи од Бејзил, таа влага во друга врска, овојпат со сопственик на продавница кој контролира кога таа може да работи и колку често контактира со Алекс. Таа постојано ги отфрла предлозите да добие помош затоа што—разбирливо—има целосна недоверба кон владината социјална поддршка, со оглед на дебелото досието на системот со штетите кои ѝ ги нанел неа и на ќерка ѝ.

На крајот, пресметката на Алекс со ефектот на таквите маѓепсани кругови ѝ овозможува да направи драстична промена: таа се сели во Мисула за да студира креативно пишување на Универзитетот во Монтана на програма која нуди стипендија и семејно домување за неа и Меди. Но, овој нов живот ѝ е овозможен благодарение на добрата волја на другите жртви и мајки околу неа, советничката за домашно насилство Денис (Б.Џ. Харисон) и Реџина (Аника Нони Роуз), една од богатите клиентки на Алекс чиј дом го чисти, која ја поврзува Алекс со адвокат кој работи pro bono.

„Слугинка“ отвара простор за надеж и завршува така што и Алекс и Шон продолжуваат да работат на тоа да ги прекинат истите циклуси на насилство и зависност од кои нивните родители никогаш не можеле да избегаат. По посетата на Меди, која го тера Шон да посегне по алкохол, тој ѝ го предава на Алекс целосното старателство врз Меди и решава да остане трезен и да се подобри за својата ќерка. Серијата завршува со тоа што Алекс ѝ чита на нејзината група за поддршка за креативно пишување за иднината што ја замислува со Меди во Мисула: „Целиот овој нов свет е за неа“. Тоа е охрабрувачка порака, особено за жртвите на насилство: никогаш не е доцна да се стави крај на циклусот на насилство и да се продолжи напред кон заздравување.

Извор: Bitch Media 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • November 11, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.
  • Од Румена Бужаровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Инспиративно порно (кога инспирацијата станува порнографија)
„Не постои количество на насмевки кои претвориле скали во рампа”
  • Од Лин
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што си ти? Девојка или жена?
Барајќи си го идентитетот во македонскиот дигитален речник.
  • Од Филипа Попова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Најдобро за нашите деца е да се збогуваме со патријархатот
Патријархалното семејство е расадник на родово засновано насилство во домот и надвор од него.
  • Од Драгана Дрндаревска
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Време е да се збогуваме со стигмата на разводот
Практикување феминистичката слобода во ригидни средини.
  • Од Ивана Настева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram