Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.

Отсуството на жените од историските извори за нивното учество во јавниот културно-општествен живот, не ја покажува силата на патријахалното уредување, повеќе, би рекла, ја покажува неможноста еден систем да функционира во целост базиран на машки авторитет. Па мажите, освен што ги заземаат централните општествени позиции – тие и активно ги исклучуваат жените и нивниото влијание во културно-општествениот живот.  Моќта на патријахалниот сисем не се состои во потиснувањето и забраната на учество на жените во јавниот живот – таа никогаш не била до крај успешна, оти секогаш некоја жена успевала да си создаде пат и да се протне –  туку во истиснувањето и бришењето на имињата на жените кои успеале, а со тоа и бришење на нивното постоење. За таа постапка на затајување, потоа бришење на женските достигнувања од историјата би искористила цитат од Фолкер Вајс: „Сознанието дека би можеле да бидат нешто повеќе, но сепак не се, ги наведува (луѓето) на колективен нарцизам.“

Во првата половина на 19 век, во Македонија веќе се појавуваат првите отпечатени книги на македонски народен јазик. Тие книги немаат некоја уметничка вредност, но нивното појавување е важно бидејќи претставуваат темели нa создавањето (прво) на идејата за македонски народен јазик, малку подоцна и македонски литературен јазик. Во сите учебници, антологии и книги, се спомнуваат тие први втемелувачи на народноста: Пејчиновиќ, Крчовски, Синаетски, потоа – Џинот, Димитар и Константин Миладинови, Шапкарев, Рајко Жинзифов, Прличев и уште неколку имиња кои го обележуваат тој 19 век во македонската книжевност.

За жал, иако бројот на културни дејци во тој период е скромен, сепак не се нашло простор да се споменат имињата на: Султана Чикмакова, Евтимица Јанчева, Димитра Миладинова, Марија Христова Зрнева, Анастасија Милошевска, Царевна Миладинова – жени, чиј глас и писмо може да се сретнат низ литературните весници и списанија од тоа време.

Обезбедување средства за печатење на книгите, по примерот на останатите земји и нашите автори собирале преку претплата на односната книга. Односно, идејата за нејзино печатење се објавувала преку повик во некој весник или списание, каде се објаснувала содржината и намената на книгата, како и потребната сума на средства што треба да бидат собрани, а на претплатниците, како благодарност на истата таа книга им биле објавувани имињата. Иако се скромни списоците со македонски претплатници и помагачи во печатењето на првите македонски книги – меѓу нив се наоѓаат и имиња на жени (иако со сиромашни податоци) како сведоштво за желбата на македонските читателки да помогнат и да учествуваат во создавањето на македонската книжевност.

За помошта при создавањето и издавањето на тие први дела на македонски народен јазик, постојат многу малку податоци за учество на жени. Х. Поленаковиќ во еден негов краток текст „Први жени книгољупци и претплатници на книги од Македонија во 19 век“ спомнува имиња на неколку жени: Бесцена поп Симонова која во издавањето на првата книга на Јоаким Крчовски (1817) помогнала со 10 гроша, потоа две жени –  Бадија  и Цвета го помогнале издавањето на неговата втора книга со по 50 гроша. За жал, за жените помагачи има многу малку податоци, се знаат само нивните имиња. За последната книга на Крчовски, неколку жени учествувале со парична помош за печатењето – Стојанка и Евдокија од Кратово со по 10 гроша, Софронија од штипско и Катерина од Самоков со по 20 гроша. Верувам дека бројот на жени претплатнички и помагачи во печатењето на првите македонски книги е поголем, посебно ако се земе предвид фактот дека Крчовски бил иницијатор за образование на женските деца и нивно воведување (заедно со машките деца) во македонските школи (што и самиот го сторил при нековото учителствување во Кратово) – но за жал, истријата не ги зачувала нивните имиња.

Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот (со елементи на репортажа) како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.

Ако за прв расказ на македонски (народен) јазик се смета расказот „Прошедба (На прошетка)“ од Рајко Жинзифов, кој според стилот и композицијата нема уметничка вредност, туку е значаен само како прв (обид за) македонски расказ во 19 век,тогаш, слободно за прв македонски расказ, напишан од жена, може да се смета текстот на Марија Х. Зрнева, објавен 1898 година на страниците на весникот „Новини“.

Текстот на познатата учителка од тоа време, Марија Х. Зрнева, бил објавен како известување за пожар во Воден, кој го разбранувал населението и оставил јунаци зад себе кои се покажале како херои во гаснењето на пожарот. Па така и текстот на Зрнева, односно расказот со елементи на репортажа, содржи наратор, ликови, дејство, време и, на крај, заокружување на приказната– скромни одлики на расказот како форма.

Леснотијта при раскажувањето на дејството, стилот на пишување, реалистично претставување на слики и одбраните зборови за објаснување водат кон тоа дека Зрнева има и други текстови или раскази, кои за жал не се објавени, ниту зачувани.

Како што поминува време, од дното почнуваат да наѕираат имиња на жени кои во 19 век биле доста значајни, водејќи постојана борба со средината за нивната видливост; но од друга страна помагајќи ја истата таа средина во процесот на созревањето и афирмирањето. Тие женски имиња, иако наѕираат, потребно е уште многу истражувања и труд за да се донесат на површина.

Остануваат неистражени имињата на Димитра Миладинова, која преку своите пишувачки способности, преку писма до многу видни македонски семејства се залагала за слободата на нејзиниот сопруг – Димитар Миладинов; Царевна Миладинова – ќерката на Димитра и Димитар Миладинови која ќе се образува во Одеса и ќе биде многу значаен лик во зачувувањето на делото и ликот на нејзиниот татко; Анастасија Милошевска која оставила (неистражено) богато драмско и поетско творештво; учителката Евтимица Јанчева која го има првиот женски полемички текст, расправајќи за правата на жените и правата на учителките.

Сите овие ликови наѕираат од дното на бунарот со недоволно истражената македонска книжевна историја, чекајќи да ја видат светлината на денот.

НАПИШАНО ОД:
  • Дијана Петрова
  • July 21, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Лила Милиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram