Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?

Пред две недели имав мигрена што траеше три дена. Се чувствував ужасно и едвај можев да сработам нешто и не отидов на факултет еден од деновите. Сепак, чувството не ми беше непознато. Последниве година дена за време на мојот месечен циклус, ми се случува понекогаш да имам мигрени. Но, решив да отидам на часот германски бидејќи веќе не се чувствував толку лошо. Случајно стигнав 10 минути пред да почне часот и почнав да разговарам со мојот професор кој веќе беше во училницата.

„Подобра си? Никита рече дека не ти било добро во средата.“ – ме праша професорот.

„Да, скоро ми се поминати болките. Имав мигрена.“

„Уфф тоа знае да биде лошо.“

„Да, мислам дека има врска со мојот месечен циклус…“

„Елена, тоа е многу приватен детаљ…“ ме прекина професорот.

„Хмм… исто така мислам дека може да има врска со тоа што ми излегуваат умници бидејќи секогаш ме боли левата страна. Заболекарката ми кажа дека може да се случи тоа некогаш.“ – кажав збунето и излегов од училницата за да земам вода.

Не ја очекував таа реакција од него. Се работи за професор кој секогаш го посочува сексизамот кој повремено се појавува во нашите вежби по германски. На пример имаше една вежба за различни улоги на мажите и жените и кој род е подобар во која вештина. Нашиот професор се смееше за тоа колку беше несоодветна вежбата – се разбира дека беше во право. Затоа бев толку изненадена кога професор кој се претставува како феминист и очигледно не поддржува експлицитен сексизам, што така изреагира на спомнување на менструација.

„Нели е многу чудно што така изреагира мојот професор на ова?“ – го прашав другар ми кој лани заврши на нашиот факултет.

„Па не баш. Храбро е од тебе што си го прекршила тоа табу, но повеќето мажи веројатно така би реагирале на таа информација, бидејќи како општество не сметаме дека е „соодветно“ да се зборува за такви работи во јавност.“ – ми рече другар мѝ.

Студирам на Liberal Arts факултетот Bard College Berlin. Често овде многу луѓе ја користат фразата „liberal bubble“ односно „либерален балон“ кога зборуваат за нашиот факултет. Со оваа фраза сакаат да кажат дека овде сите сме многу „либерални“ и дека на нашиот кампус нема сексизам, расизам, хомофобија итн. Прво, со оваа фраза забораваат дека повеќето студенти (и професори) имаат животи надвор од нашиот факултет каде што можеби искусуваат различни форми на опресија како на пример хомофобија или сексизам од страна на нивните фамилии или општеството. Но после оваа случка таа фраза ме изнервира уште повеќе, бидејќи луѓето кои ја користат оваа фраза мислат дека кампус како нашиот постои во некаков вакум кадешто сексистичкото, расистичкото и хомофобичното општество во кое што сите живееме немало никаков ефект врз нас. Нормално дека имало ефект и нормално дека треба постојано да ги преиспитуваме нашите мислења и однесувања. Кога се преправаме дека живееме во „bubble“ може да почнеме да мислиме дека ние сме едноставно совршени и дека не мора веќе да се бориме против различни опресии во нашите „либерални“ заедници.

 

Artwork: Sam Logan

 

Во никој случај не сакам да кажам дека мојот професор е лош човек, па дури и не знам дали би го нарекла сексист. Но мислам дека неговата реакција беше сексистичка. Зошто информацијата дека сум имала менструација е поприватна отколку да кажам дека ме болела глава или дека сум имала проблеми со стомакот? Мислам дека одговорот е очигледен. Сите знаеме дека има општествена стигма околу репродуктивните органи, особено женските, и различните телесни функции поврзани со нив, бидејќи живееме во сексистичко општество кое има аверзија не само кон зборување за секс во јавност, туку и за разговори околу органите кои се поврзани со секс. За разлика од други органи како белите дробови или бубрезите, им се дава посебна важност на вагината и пенисот дури и кога се во прашање медицински проблеми поврзани со овие ограни бидејќи секогаш се сексуализираат. Таа асоцијација едноставно веќе постои кога се спомнати женски репродуктивни органи дури и на индиректен начин, правејќи го ова споделување на информација „несоодветно“.

Зошто мислам дека оваа случка не е безопасна? Се разбира дека ова не е некоја екстремна ситуација, но не значи дека ваквите интеракции немаат ефекти. Прво, голем број жени (и транс лица) имаат болни циклуси. Некои луѓе се во толку големи болки што им е тешко да одат на работа или на школо. Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале да се биде сфатен овој проблем на сериозен начин и како би биле превземени соодветни мерки за истиот? И како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?

Но сметам дека има и други ефекти на ваквото однесување на мажи во професионални и едукативни средини. На пример, после раскажаната интеракција изгубив мотивација за овој предмет на наредните неколку часа, бидејќи кога ќе го видов професорот се чувствував како да сум згрешила или сум направила нешто непристојно. Помалку учествував на часот и не бев спремна за наставата како порано. Ефектите на оваа интеракција не траеја долго за мене, но почнав да размислувам за тоа какви ефекти имаат овие мали сексистички интеракции на различни работни места. Дали можеби микро сексизмот кочи многу жени на професионално ниво? Дали ефектите на микро сексизмот се мерливи? Како би можеле да почнеме да зборуваме за сексизам на работните места со цел да креираме поинклузивни професионални средини?

Немам конкретен одговор на сѐ ова, но мислам дека е време да почнеме заедно да ги поставуваме овие прашања во нашите школи и работни места, за да можеме да почнеме заедно да наоѓаме вистински одговори.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • January 21, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марко и Елена
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елена Петрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram